Бизнис идејата секогаш е насочена кон профитот. Таа настанува од одговорот на прашањето: како да заработам пари? Во барањето на одговор на ова прашање се раѓаат многу деловни идеи. Дали сите се реални? Дали се исплатливи? Како да ги реализираме? Што треба да направиме за да мисловната креација стане стварност?
При развојот на бизнис идејата имајте ги следните црни точки на ум:
- Не соопштувајте ја идејата пред да зацврсти доволно во Вашата глава.
- Идејата не ја соопштувајте на било кој и било каде. Не ја соопштувајте на лица кој не може да имаат никаков удел во нејзината реализација. Идејата не ја соопштувајте попатно, на забави, во кафана и слично.
- Повеќе мислите на начинот како ќе ги решите тешкотиите отколку на тоа дека нема да ги има.
- Нека не Ве обесхрабри равнодушноста на околината на Вашите напори идејата да ја реализирате.
- Не се сомневајте во идејата. Во нејзиниот исход. Додека е во Вашата глава и ја имате проверете ја непристрасно. Бизнис планот потполно Ве зацврстил во нејзината валидност. Не се откажувајте. И не ги менувајте одлуките секој час.
- Не ја реализирајте идејата попат. Посветете и внимание. Во спротивно ќе ви побегне.
- Не се однесувајте како да Ви е се јасно. Внесете повеќе критичност во тунмачењето на идејата. Барате неуралгични точки кој ги очекувате низ реализацијата. Однапред припремете се како да ги надминете.
- Доколку проблемот на реализацијата го сведете само на пари и сметате дека доколку ги имате парите за нејзината реализација све сте решиле, на пат сте до неуспех. Многу малку ќе ви веруваат доколку не вложувате свои пари во идејата, а уште помалку ако вашиот преприемач првенец и генијалец на бизнис идеја тешка меколку милиони евра.
- Во консалтинг центарот повеќе слушајте и одговарајте на прашања . Доколку сте без и какви дилеми при средбата со консултантот и доколку од него при првата средба барате конечни одговори на прашањата обидете се да ја вратите иедејата во интимноста на своите мисли. Ако не е касно.
- Доколку валидноста на бизнис идејата ја браните со општи цели сериозните партнери нема да Ви поверуваат и ќе се посомневаат во Вашата деловност.
- Идејата и нејзината реализација мора да бидат едноствни. Што поедноставни тоа е поприродно. Што е поприродно тоа е поблиску до успехот. Бидете и креативец и прагматичар, отворени за проблеми и нивното решавање.
- Препотентност, омаловажување на соговорникот, говор од позиција на моќ и богатство, симболи на богатство и слично не се пријатели на бизнис идејата.
- Личниот морал, почитувањето на своите зборови и својот партнер е истовремено и почитување на својата бизнис идеја. За да успее, бизнис идејата мора да се почитува, макар толку колку и успехот кој се сака да се постигне со нејзината реализација.
- Бизнис идејата во Вас буди оптимизам и развива оптимистичко мислење. Меѓутоа, имајте во вид дека оптимистичкото мислење е најтешко да се протумачи на луѓето. На оптимистичките изјави луѓето реагираат: „Тоа не е реално.“ меѓутоа никој не може да одговори на песимистичкото размислување пореално. Кај луѓето постои автоматска претпоставка дека песимизмот е реален а оптимизмот нереален.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation

Нема коментари:
Објави коментар