
Јасна животна цел на човекот поттикнува на нејзино постигнување. Самостојно истражувајте се што е во врска со таа идеја. До било што ќе дојдете запишете. Систематиката на тие записи не е важна. Запишувајте се што ќе Ви падне во врска со идејата и нејзината реализација на памет. Изучето го искуството на реализација на слични бизнис идеи. Читајте студии, проспекти од доменот на кој се однесува бизнис идејата. Разговарајте со луѓе за кој цените дка можат да Ви помогнат во Вашето разбирање на идејата и нејзината реализација. Секако идејата во целост па дури ни во делови не ја соопштувајте. Доколку идејата ја соопштите порано од што е таа цврсто обликувана во Вашата глава и на хартија, најверојатно сте ја изгубиле засекогаш. Не е само во прашање опасност да Ви ја присвои некој идејата. Идејата мора да биде во интимитетот на Вашата мисла и чувство, во Вашиот блок и во Вашата подсвест. Топлината на мислите и дава на идејата облик и животна цврстина. Таа топлина можете да и ја дадете само Вие.
Кога е моментот идејата да се подели со некого, да се соопшти на друг? Тоа не може никој да Ви го каже. Тоа е Ваша одлука. Вие ја донесувате. Но како да се препознае тој момент. Можеби е тоа моментот кога Вашите мисли на слава се префрлаат на работа. Кога полека ја преминувате фазата кога Вашите мисли ја извршувале бизнис идејата со износ пари кој ќе ги заработите, славата која ќе Ве прати додека ја реализирате, моќта која ќе ја добиете со опредметувањето на идејата. Кога наместо луѓето кои Вам ви завидат на успехот во мислите се повеќе гладате реални проблеми да идејата ја реализирате.
Доколку Вашата идеја го издржала тој премин во Вашите мисли, веќе добил извесна цврстина. Таа цврстина тестирајте ја со обидот да дојдете до одговор на некои прашања на кој треба да е насочено вашето внимание.

За реализација Ви е потребна и технолошка основа. Дали постојат неопходните машини? Има ли доволно суровини? Дали е возможен да се обезбеди континуитет на набавката? Пазарот за набавка треба да ни даде информација за доволноста и редовноста со снабдување на технолошкиот процес на неопходните инпути.
Секако на крајот и парите. Како да се финансира идејата? За добри идеи пари има секогаш. Дали идејата е добра или не не пресудува оној чија е идејата пресудува оној кој за таа оцена дава сопствени пари или углед. Немојте аргументите за валидноста на идејата да ви бидат оцена на незаинтересираните поединци или органи, без обзир на нивото на нивната стручност или важност.
Идејата треба да ја соопштите на поединец или група која може да ви помогне во нејзината реализација. Можеби е најдобро да направите разговор во консалтинг центарот за претприемништво. Обидете се идејата да ја изложите што е можно подобро и без очекување дека консултантот одма се ќе разбере и ќе изрази безрезервност. Консултантот според својата методологија го тестира претприемачот и неговата идеја. По овие тестови можете да отпочнете со изработка на бизнис план.
Бизнис планот го работат заедно консултантот и претприемачот. Барајте консултант кој е по начинот на мислење како претприемачот. Вашиот бизнис план мора да има душа. Таа душа му ја давате Вие а потоа и консултантот доколку ја сфати Вашата идеја и начинот на реализација.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар