понеделник, 16 мај 2011 г.

Интересни факти за тимското работење



Сигурно е дека не постои една и единствена дефиниција за тоа што претставува тимот, но затоа постојат огромен број на изкази во кои е содржана суштината и карактерот на поимот тим. Во сите нив се издифиренцирани различни пристапи и гледишта, што не треба да се сфати како недостаток што создава конфузија, туку како богатство што му дава нов квалитет.


За да ја постигне својата цел и да ја реализира својата задача, на групата и е потребен секој член. Исто така, од интерес е на групата, да се развијат вештините на секој член. Членовите на тимот што се клеветници и интриганти се причина за враќање назад во извршувањето на задачата и таа не може да се постигне. Добрите поединци автоматски не чинат добар тим, се додека тие не научат да работат како еден. 

Клучно прашање е дека тимовите треба да се создаваат - а не да се случуваат. 

Тимот претставува група на луѓе што работат заедно врз основа на споделени перцепции, со заедничка цел, со договорени процедури, со изградено чувство за припадност, со кооперативност и кои ги надминуваат несогласувањата отворено и преку дискусии. 

Тимовите на некој начин личат на индивидуите. Имено, исто како и индивидуите, така и тимовите имаат персоналност, развиваат работни навики, и се фрустрираат. Но, за разлика од индивидуите, тимовите реагираат поспоро на поттикнување отколку што тоа го прават поединци. Секоја група или тим минува низ четири фази (степени) на развој, кои можат значајно да влијаат, како на резултатите така и на однесувањето. 

Овие степени можат стилизирано да се прикажат како: 

- Првиот степен, е степен на основање, и тогаш тимот е се уште (повеќе) колекција (збир) од поединци отколку цврста и хомогена единица. Фокусот се става на определување на целта, составот на групата, персоналноста, на краткотрајноста на постоење и на начинот на работа. При тоа секој индивидуален член сака да воспостави свој сопствен идентитет, улога и придонес, со цел да ги истакне своите интереси и потреби. Оваа фаза од развојот на тимот е позната во практиката како фаза на формирање. 

- Вториот степен, е степен на почетно работење или фаза на воспоставување, во која оригиналните уредувања можат да се покажат како непродуктивни или пак да нудат предизвик. Тешкотиите можат да произлезат тогаш кога персоналните агенди (личните интереси) ќе дојдат на површина или ако водството и другите улоги во тимот не работат по процедури. Ако целта на тимот, во оваа фаза, е доведена во прашање (ставена под сомнение), тогаш може да се генерира внатрешно нетрпение во тимот. Ако успешно се земат работите в раце оваа втора фаза завршува со нови и пореални воспоставени цели, задачи, процедури и норми, ако не тогаш тимот запаѓа во криза и пропаѓа.Оваа фаза е позната како бранување. 

- Третиот степен на развој, е фаза на зрелост и развој на тимот. Во оваа фаза, тимската или колективна персоналност еволуира со подобрување во комуникациите, процедурите и донесувањето на одлуки. 

Идеално гледано, чувството за припадност кон групата и целокупната ефикасност растат. Како и во секој процес на созревање, така и кај фазата на развој на тимот се уште постојат предизвици и повремени тешкотии. Оваа фаза е позната како нормирање. 

- Четвртиот степен на развој, е оној степен во кој тимот ја постигнува потполната зрелост и го остварува својот потенцијал. Меѓутоа,тимовите се безизгледни во поглед на тоа да останат постојано во четвртиот степен тогаш кога ќе го достигнат. 

Определено враќање во некоја од поранешните состојби или степени на развој се јавува како фактичка индивидуална промена. Оваа фаза е позната под името извршување. 


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална Facebook страна




Нема коментари:

Објави коментар