Нема потреба повеќе да се плашите од технологијата. ИТ решенијата, базирани како на домашни така и на странски платформи, никогаш не биле подостапни. Искористете ја нашата врвна ИТ технологија за да си го автоматизирате бизнисот и да достигнете оперативна совршеност преку мноштво исплатливи апликации и аутсорсинг услуги за сите типови на бизниси.
Развој на софтвер
- CMS (Content Management System)
- Користете CMS за Вашиот вебсајт и контролирајте го Вашиот динамичен веб материјал за да ја максимизирате функционалноста и дизајнот на Вашата веб страна. CMS го олеснува уредувањето, проверката и контролата на документи, хронолошкиот менаџмент, уредувањето и виртуелизацијата на содржините и модулите, надградувањето на веб стандардите, делегацијата, повеќејазичната поддршка, итн.
- CRM (Customer Relationship Management)
- CRM е алатка која ги комбинира бизнис логиката и продажниот процес, гарантирајќи раст на Вашиот бизнис и поголема профитабилност. Користете го за чување и организирање на релевантни информации за Вашите клиенти, истовремено поврзувајќи ги со продуктите/услугите кои Вашата компанија ги нуди. Водете евиденција за фактури, квоти и вкупна продажба по потрошувач/продавач, склучувајте нови зделки и набавките, анализирајте и исцртувајте статистички податоци зависно од Вашите потреби, и многу други.
- HRMS (Human Resources Management System)
- Спојте го менаџментот на човековите ресурси и основните HR активности со најновото од ИТ технологијата и автоматизирајте го процесирањето на исплата на плати, евиденцијата на работните часови, администрацијата на бенефити, регрутацијата, тренинзите/обуките, мерењето на учинок, итн.
- ERP (Enterprise Resource Planning)
- Интегрирајте ги сите Ваши интерни и екстерни информации од областа на менаџментот (финансии, сметководство, производство, продажба, услуги, итн) и автоматизирајте го целиот процес со ERP софтвер, олеснувајќи го така протокот на информации помеѓу сите бизнис функции внатре и надвор од организацијата. ERP му дава ново значење на поимот “во тек“.
- QMS (Quality Management System)
- Зачувајте ги Вашите ISO и/или HACCP стандарди за квалитет со QMS софтвер кој ќе Ви помогне да ги автоматизирате комуникациските канали на производствените процеси во Вашата компанија. Добијте поголема и поефикасна контрола врз процесите со користење на интегриран систем за централизирано менаџирање на производствените активности, функции, одговорности, нарачки, клиенти, контрола на квалитет итн, како и увид во сите акции внатре во самиот електронски систем. Одржувањето на квалитет никогаш не било полесно.
- E-Commerce (Web Shop)
- Зголемете ја својата “публика“, генерирајте повеќе приходи и дајте им повеќе опции на Вашите постоечки потрошувачи со претворање на Вашата веб страна во виртуелна онлајн продавница. Факт е дека компаниите кои го користат Интернетот во бизнис цели растат околу 68% побрзо од компаниите кои тоа не го прават. Со други зборови, не можете да си дозволите да не водите бизнис онлајн деновиве.
- Развој на софтвер по нарачка
- Ви треба нешто кое не е споменато тука? Нема проблем. Ние оперираме на премисата “Ако не постои, ќе го измислиме“. Контактирајте нѐ, и ќе го развиеме тоа што треба – само за Вас.
ИТ услуги
- Хостирање
- Регистрација на Е-Mејл
- Менаџмент на домени
- Менаџмент на ИТ сервиси
- Планирање и имплементација на ИТ
- Мрежни решенија и мрежна опрема
- ИТ поддршка и одржување
ИТ консалтинг
- Стратешко планирање
- Веб страни
- Датабази
- Апликации
- Социјални мрежи
- Развој на софтвер
- Проценка на потреби за ИТ
- Проценка на потреби за нови медиуми
- Проценка на потреби за софтвер/апликации
Менаџмент на бизнис процеси
Менаџмент на бизнис процеси е пристап во менаџментот кој е фокусиран на синхронизирање на сите аспекти на Вашата организација со потребите на Вашите клиенти. Едноставно кажано, менаџментот на бизнис процеси е алатка за оптимизација која континуирано ги подобрува Вашите процеси. Направете го Вашиот бизнис поефективен и поефикасен, истовремено стремејќи се кон иновација, флексибилност и интеграција со најнова технологија. Користете ги нашите решенија и техники и зголемете го задоволството кај клиентите, квалитетот на продуктите, брзината на достава, итн.
- Дизајн на процеси
- Моделирање на процеси
- Извршување на процеси
- Мониторинг на процеси
- Оптимизација на процеси
Технички и бизнис анализи
- Стратешко планирање
- Стратешка анализа на бизнис потребите на Вашата организација, советување, консалтинг, нудење и имплементирање решенија, итн.
- Анализа на бизнис модели
- Дефинирање и анализа на бизнис правилата и прописите на Вашата организација, како и на Вашиот пристап кон пазарот.
- Дефиниција, дизајн и подобрување на процеси
- Подобрување на Вашите бизнис процеси преку темелно дизајнирање и моделирање на процеси.
- ИТ и техничка бизнис анализа
- Интерпретирајте ги бизнис правилата и побарувањата за Вашите технички системи и имплементирајте го дознаеното за да ја доведете компанијата до врвни перформанси.
Е-Бизнис истражувања
Користете ги Интернет технологиите – е-мејл, е-banking, веб страни, e-commerce, веб-базирани решенија за менаџмент на врска фирма-потрошувач, итн – и развијте го Вашиот бизнис, овозможете им супериорна услуга на Вашите клиенти, консолидирајте ги Вашите бизнис процеси, подобрете ја продажбата, намалете ги трошоците, итн. Дозволи му на Вашиот бизнис да биде сѐ што може да биде.
- Развој на E-Бизнис
- E-Бизнис Консалтинг
- E-Бизнис Обуки
- ИТ решенија за E-Бизнис
Развој и менаџмент на нови медиуми
- Развој на нови медиуми
- Блогови
- Портали
- Социјални мрежи
- Стратегија за социјални медиуми
- Идентификација на цели и корист од користење на социјални мрежи
- Креирање на стратегии за социјални медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube, Flickr, итн)
- Развивање на односот организација-потрошувач преку социјални медиуми
- Имплементација на стратегии за социјални медиуми
- Консалтинг за стратегии за социјални медиуми
- Обуки за стратегии за социјални медиуми
- Мониторинг на социјални медиуми
- Консалтинг за нови медиуми
- Обуки за нови медиуми
Веб дизајн
Искористете ги нашите услуги и добијте го најдоброто што може да го понудат веб дизајнот и графиката, убаво спакувани во специјално за Вас припремен дизајн чија примарна цел е да ја направи Вашата веб страна ефективна. Нашиот пристап е креирање на Ваш онлајн претставник кој ќе го презентира Вашиот бизнис и Вашата понуда на концизен и визуелно јасен начин. Ние разбираме дека секој наш клиент има различни потреби, различен буџет и различна временска рамка – затоа секогаш ги кроиме нашите услуги да одговараат на поединечните побарувања на клиентите.
Графички дизајн
- Дизајн и печатење на промотивни материјали
- Брошури
- Визит карти
- Памфлети
- Флаери
- Постери
- Развој на корпоративен идентитет
- Дизајн на лого и слоган
- Дизајн на брендбук
- Предлагања и дизајн на информативни писма
Нема коментари:
Објави коментар