Ние го правиме трансферот на технологија и знаење преку различни сектори ефективен со користење на креативна анализа и темелни истражувања. Преку употребата на проверено знаење и напредно искуство, тимот на ЕМБРА е секогаш ориентиран кон наоѓање на нови и креативни решенија за Вашите проблеми, константно развивајќи нови идеи, технологии, продукти и пракси. Инвестирајте во истражување и во развој - без нив нема иновација.
Истражувања
- Истражување на пазар
- Развој, организирање, спроведување, обработка и анализа на анкети, прашалници, интервјуа, набљудувања, фокус групи и теренски истражувања. Кажете ни што сакате да биде истражено, останатото е наше.
- Истражување на конкуренција
- Истражете ја Вашата конкуренција: секогаш вродува со плод. Идентификувајте ги Вашите конкуренти, проценете ги нивните силни и слаби страни, разберете ги подобро нивните продукти/услуги за да можете соодветно да ја прилагодите Вашата понуда, научете како ефективно да ги изнесете Вашите продукти/услуги на пазарот, научете како подобро да го позиционирате Вашиот бизнис, итн.
- Тренинг за истражување на конкуренција
- Советување за истражување на конкуренција
- Истражување на степен на задоволство кај клиенти/потрошувачи
- Бидете во тек со најновите побарувања на ISO стандардите и воведете механизам за континуирано испитување на степенот на задоволство кај Вашите клиенти/потрошувачи преку креирање на флексибилен модел на истражување кој ќе се адаптира на промените во Вашата компанија/понуда, составување на прашалници, редовно спроведување на истражувањата и обработка на добиените податоци. Ваше е да се опуштите и да ги искористите резултатите за да ја подобрите Вашата компанија. Win-win.
- Истражување според Ваша нарачка
Истражување на јавно мислење
- Креирање и спроведување на анкети
- Организирање на фокус групи
- Спроведување на теренски истражувања
- Обработка и анализа на податоци
Маркетинг услуги и решенија
- Маркетинг анализа
- Темелна анализа на Вашите моментални и планирани маркетинг планови, стратегии и кампањи.
- Сегментација на потрошувачи
- Сегментирајте ја Вашата “публика“: дознајте ги уникатните карактеристики на Вашите муштерии, разберете ги нивните навики и однесување, развијте маркетиншка порака која ќе комуницира со нив ефективно, научете мудро да ги трошите парите определени за маркетинг со користење само на алатки кои ги таргетираат посакуваните сегменти, итн.
- Креирање на маркетинг планови
- Најдете ја Вашата цел, формирајте го профилот на Вашиот потрошувач, дознајте ги бенефитите од Вашите продукти/услуги, најдете ја Вашата позиција на пазарот, дефинирајте ги Вашите маркетинг тактики и Вашиот маркетинг буџет, итн. Следно: мирна пловидба.
- Развој на маркетинг стратегии
- Традиционален маркетинг
- Онлајн маркетинг
- Организација на пребарувачи: дефинирање стратегија за клучни зборови; оптимизирање на тагови, мета-инфо и наслови на поединечни страници на веб страни; пријавување во директориумите на пребарувачите; социјален букмаркинг; размена на линкови; мониторинг на резултати од пребарувања.
- Pay-per-click рекламни кампањи: менаџмент на кампањи, истражување на клучни зборови, креирање на копии на pay-per-click реклами, изготвување на структура на рекламна група, имплементација на систем за мерење на успешност на кампањите, мониторинг на успешност на кампањите, анализа на клучни фактори, оптимизација на click-through коефициенти, итн.
- Директен маркетинг
- Стратешко планирање
- Исцртајте детална мапа за насоката во која ќе се движи Вашата организација во наредните неколку години (и како ќе стигне таму) со користење на стратешка анализа, стратешко поставување на насока и акционо планирање. Дестинација? Успех.
- Менаџмент на продукти
- Направете Вашите сегашни и идни продукти да се чувствуваат посебно со користење на анализа за потребата од некој продукт, дефинирање и редефинирање на продукт, креирање бизнис и функционални побарувања, иновација на продукти, итн.
- Развој на нови продукти
- Креирајте ориентациона рамка за проектите и процесите кои ги развивате преку стекнување на претстава за способностите на Вашата компанија, способностите на конкуренцијата, Вашите пазарни потреби и можности, Вашите цели и Вашите финансиски ресурси. “Новото“ може не е секогаш подобро, но дефинитивно има потенцијал да биде.
- Развој на стратегија за бренд
- Анализа на условите на пазарот, анализа на пазар, СВОТ анализа, позиционирање на продукт, промотивни и комуникативни стратегии, итн. Вашиот бренд не е бренд без ова.
- Предлагање и развој на настани
- Промовирајте ја Вашата компанија и/или Вашите продукти преку различни, специфично скроени настани. Ќе Ве збори цел град, но на позитивен начин.
- Национално брендирање: Планирање и имплементација
- Зголемете ја препознатливоста на Вашите продукти и направете ги заштитен знак на Вашата земја преку специјализирани национални промоции, кампањи и настани. Дозволете ни да огранизираме за Вас, да ги спроведуваме Вашите стратегии, да ги одржуваме Вашите кампањи, да ги креираме и развиваме Вашите промотивни материјали, да имплементираме и менаџираме систем за комуникации со клиенти, итн.
- Промотивни активности
- Каравани
- Тестирање
- Проба на производи
- Односи со јавност
- Креирање, дизајн и дистрибуција на прес пакети, соопштенија за јавност и дописи до медиуми; организирање на прес конференции; креирање и одржување на биографии/портфолија на компании, листи на медиуми и контакти, итн.
- Рекламирање
- Дигитално рекламирање
- Онлајн рекламирање, користење на нови медиуми за рекламирање, пласман на производи, итн.
- Физичко рекламирање
- Рекламирање во печатени медиуми, рекламирање на фиксни и подвижни билборди, рекламирање во затворен простор, користење на објекти/предмети за рекламирање, итн.
- Промотивна продажба
- Истражувања поврзани со рекламирањето
Корпоративни комуникации
- Развој на внатрешни и надворешни комуникации
- Развој на стратегија
- Изготвување предлози за внатрешни и надворешни комуникации
- Консалтинг за внатрешни и надворешни комуникации
- Обука за внатрешни и надворешни комуникации
- Третман на клучни клиенти
- Консалтинг за подобрување на третманот на клучните клиенти
- Обука за подобрување на третманот на клучните клиенти
Бизнис разузнавање
- Прибирање и анализа на бизнис податоци
- Консолидација и анализа на приходи од продажба; Приходи и расходи по продукт, одделение или тим; Креирање историски, моментален и предиктивен преглед на бизнис операциите со употреба на модули за пријавување, анализа, податочно/текстуално рударење, тестирање, менаџмент на бизнис перформанси и предиктивна анализа. Вашите податоци ќе Ви бидат благодарни.
- Консалтинг за бизнис разузнавање
- Обуки за бизнис разузнавање
Нема коментари:
Објави коментар