Искористете ја нашата екстензивна понуда на HR услуги и постигнете повеќе со помалку. Намалете ги Вашите трошоци, ефективно менаџирајте ги Вашите вработени, проширете или намалете ја Вашата компанија без да изгубите на квалитет, итн. Со нашите комплетни консултантски услуги можете да додадете вредност на Вашата компанија како никогаш досега.
Центар за кариера
- Советување
- Помош и советување во потрагата по идеалното работно место.
- Центар за проценка на вештини
- Дознајте на кое ниво се наоѓаат Вашите вештини, пронајдете ги Вашите силни и слаби страни, Вашите карактерни особини, областите во кои можете да се подобрите итн. преку серија на забавни вежби и тестови. Во овој случај, знаењето е многу подобро од незнаењето.
- Развој на кариера
- Развијте мноштво корисни алатки преку вежби, тренинзи и менторство и напредувајте во кариерата: бидете подобар во мултитаскинг, развијте подобар фокус, научете да се концентрирате на конкретната задача, подобрете ги Вашите интерперсонални вештини, научете подобро да се справувате со Вашите емоции, итн. Развивајте се, и Вашата кариера ќе се развива со Вас.
- Обуки
- Обуки за индивидуалци
- Бидете совршен кандидат: научете како да напишете впечатлива биографија (CV), како да напишете писмо за мотивација кое ќе задржи внимание, како да се однесувате за време на интервју, што да кажете/избегнувате, итн.
- Обуки за кариерни советници
Центар за проценка на вештини
- Психолошко тестирање
- Спознајте се себеси: тестирајте ја својата личност, своите вештини, своите ставови и однесувања, својата интелигенција (IQ), својата емоционална интелигенција (EQ), своите менаџерски способности, својот вкупен степен на задоволство од животот, и многу други тестови.
- Интервјуирање
- Индивидуалци: Загосподарете со процесот на интервјуирање со наша помош и ниту едно работно место нема да биде надвор од Вашата лига.
- Компании: Усовршете ги Вашите процеси на селекција и регрутација, од првичната проценка на кандидатите до самото интервјуирање. Вие го штедите Вашето време, а ние Ве штедиме од главоболки.
- Професионална селекција
- Комплетна услуга за примање нови вработени: ние селектираме, интервјуираме, евалуираме, ги одбираме идеалните кандидати, дури и ја спроведуваме нивната ориентација. Кога велиме без главоболки, тоа и го мислиме.
Мерење на учинок
Една организација ја спроведува својата мисија преку индивидуалните и колективните придонеси на нејзините вработени. Поставете ја основата за совршен систем на работење и наградување со имплементација на специјализирани модели за мерење на учинок и покажете им на Вашите вработени дека нивниот труд се забележува и се цени. Едноставно речено, не можете да побарате подобар и поефективен мотиватор.
- Креирање на системи за мерење на учинок
- Целно-ориентирано мерење на учинок
- Модел базиран на ефикасност кој се фокусира на поставување релевантни, реални и достижни цели и наградување на вработените кои успешно и на време ги исполнуваат истите.
- Модел на компетенции
- Модел за дијагностицирање и подобрување на сите аспекти на човековите ресурси, базиран на евалуации, кој се фокусира на врската помеѓу компетенциите и учинокот, со цел да се добие појасна слика за насоката и личниот развој на вработените и наградите кои тие ги заслужуваат.
- Модел 360°
- Модел базиран буквално на повратна информација од 360 степени, каде секој во одделот т.е. организацијата ги евалуира сите останати во одделот т.е. организацијата, поставувајќи така основа за систем на наградување базиран на позитивен feedback и личниот раст и развој на вработените.
- Мерење на ефективноста на вработените и менаџерите
- ИТ решенија за мерење на учинок
Регрутација и селекција
- Дизајнирање на процесот на регрутација и селекција во Вашата компанија
- Анализа на работно место
- Креирање нови работни места
- Креирање описи на работни места
- Дефинирање на вредности на организацијата според кои ќе се вреднуваат потенцијалните кандидати
- Обука за регрутација и селекција
- Како да ги поврзете вистинските луѓе со вистинските работни места
- Како да ги користите социјалните мрежи и новите медиуми во процесот на регрутација и селекција
- Како да ги привлечете луѓето кои ги посакувате кон Вашата компанија
- Регрутација и селекција на соодветни кандидати за Вашите потреби
- Унапредување на кариерата на Вашите вработени
- Центар за кариера
- Менаџмент на таленти
- Центар за проценка на вештини
- Мерење на учинок
- ИТ решенија за регрутација и селекција
Лов на таленти
Дозволете ни да идентификуваме, процениме и одбереме квалитетен менаџерски талент за Вас, од топ менаџмент, членови на борд, извршни директори до менаџери на средно и ниско ниво. Ние ловиме за Ваше задоволство.
- Регрутација и селекција на менаџерски кадар
- Обука за ловење на таленти
Анализа на потребите за обука и развој
Идентификувајте ги постоечките вештини, концепти и ставови на човечките елементи во Вашата компанија и пополнете ја празнината со имплементација на соодветните обуки. Од подобрени перформанси Ве делат само неколку тренинг часа.
- Креирање на алатки за проценка на потребите за обука и развој на Вашите вработени
- Проценка на потребите за обука и развој во Вашата организација
- Обука за проценка на потребите за обука и развој во Вашата организација
- Советување за проценка на потребите за обука и развој во Вашата компанија
- ИТ решенија за потребите за обука и развој во Вашата компанија
Правни, финансиски и административни аспекти на човековите ресурси
Делегирајте ни ги секојдневните аспекти на човековите ресурси кои одземаат значителен дел од Вашето време и концентрирајте се на големата слика, или дозволете ни да Ве советуваме и обучиме за да ги оптимизирате тие аспекти.
- Советување за правните аспекти во менаџирањето на човековите ресурси
- Обука за правни аспекти во менаџирањето на човековите ресурси
- Советување за финансиските аспекти во менаџирањето на човековите ресурси
- Обука за финансиски аспекти во менаџирањето на човековите ресурси
- Советување за административните процеси во човековите ресурси
- Обука за администрација во човековите ресурси
- ИТ решенија за правни, финансиски и административни аспекти
Мотивација и задоволство на вработените
Дали Вашиот “Најнезадоволен вработен на месецот“ Ве чини пари? Всушност, да – без разлика дали ќе останат во Вашата организација или ќе заминат. Намалете ги трошоците и зголемете ја продуктивноста на работната средина со концентрирање на причините за незадоволството на Вашите вработени, преку воведување на feedback програми; јасна, концизна и постојана меѓукомуникација; атрактивни пакети за плати и бенефиции, обука/развој на вработени, формирање на корпоративна култура, и многу други. Задоволниот работник е тука за да остане и за да напредува, а тоа може само да ѝ користи на Вашата компанија.
- Истражување на мотивација и задоволство на вработените
- Обука за мотивација и задоволство на вработените
- Советување за задоволство и мотивација на вработените
- Креирање на системи за зголемување на мотивацијата и задоволството кај вработените
- Плати и наградување на вработените
- Oбуки за развој на вработените
- Градење на организациска култура
Плати и наградување на вработените
- Креирање на систем за пресметка на плати
- Креирање на систем за пресметка на бонуси
- Креирање на пакети за бенефиции
- Како да ги мотивирате вработените со користење на атрактивни пакети
- Мотивација без пари
- Како да ги мотивирате вработените без да фрлате пари на нив
- Финансиско советување
- ИТ решенија за плати и наградување на вработените
Менаџмент на таленти
Засадете го, зголемете го и негувајте го талентот во Вашата компанија.
- Откривање на таленти
- Проценка на вештини
- Анализа на можностите за развој на кариера (унапредување)
- Анализа на потребите за обука и развој
- Обука за менаџирање на таленти
- Советување за менаџирање на таленти
- Менторство за развој на таленти
Задржување на вработените
Зголемете ја довербата кај вработените и/или разубедете ги оние кои размислуваат за напуштање на Вашата компанија со воведување на серија на ефективни промени во работните процеси.
- Советување за задржување на вработените
- Обука за задржување на вработените
Стратешко менаџирање на човековите ресурси
Постојат множество на неопходни HR задачи кои вообичаено не спаѓаат под рутински HR активности. Дозволете ни да бидеме Вашиот екстра пар на раце кој Ви помага да ги комплетирате овие важни задачи, или дозволете ни целосно да ги извршиме за Вас, од почеток до крај. Нам ни одговара и така и така.
- Планирање и оптимизација на човековите ресурси
- Анализа и предвидување на потребите за човекови ресурси
- ISO-задолжително истражување за задоволство на потрошувачи
- Анализа на пазар на труд
- Бизнис разузнавање
- Креирање и реорганизација на организациска структура
- ИТ решенија за стратешко менаџирање на човековите ресурси
Организациска култура
Направете ја Вашата компанија комплетна со креирање на Ваша организациска култура која ќе ја користите да ги фокусирате Вашите цели и стратегии кон поуспешен долгорочен бизнис. Бидете повеќе од сумата на Вашите поединечни делови.
- Визија, мисија, вредности
- Политики, процедури и регулативи за однесување и користење на ресурсите на компанијата
- Советување за креирање на организациска култура
- Обуки за креирање и воведување на организациска култура
Здравје и сигурност при работа
Здравје и безбедност – не спаѓаат под нешта за кои може да сте “флексибилни“.
- Обуки за здравје и сигурност при работа
- Советување за здравје и сигурност при работа
- Обуки за менаџирање на стрес
- Психолошко советување на вработените
Односи со вработени
Подобрете го односот вработен-компанија со дизајнирање на прописи кои ќе ги развиваат Вашите вработени и со имплементирање на силни, правични демократски принципи кои ќе ги штитат правата на вработените.
- Советување за права и обврски на вработените
- Обуки за односи со вработени
Социјална и општествена одговорност
Бидете социјално и општествено одговорна компанија, подобрете го општеството и околината од која сте неодвоив дел и добијте многу повеќе од само добар публицитет.
- Советување за социјална и општествена одговорност
- Обука за социјална и општествена одговорност
Нема коментари:
Објави коментар