Паралелно со нашиот личен и корпоративен раст и развој, нудиме доживотно образование и нон-стоп обука. Нашите тренинзи, консултации и лепезата на менторски и советувачки услуги ќе Ви овозможат да се здобиете со навика за проширување на Вашите знаења која ќе биде Вашиот постојан извор на предност над конкурентите, како на лично така и на професионално поле.
Обука за менаџери, вработени, студенти и возрасни
- Лидерски вештини
- Ефективна комуникација, ефективно планирање, мотивација на вработени, проценка на вработени, советување, водење со пример, претставување на група, делење на водство; разбери ги потребите и карактеристиките на групата и групните ресурси, научи како да ја контролираш групата, како истовремено да бидеш водач и следбеник, и многу други. Кој вели дека харизмата не може да се научи?
- Претприемачки вештини
- Пронајди ги твоите силни и слаби страни и нурни се во светот на поставување цели, планирање и организирање, носење одлуки, менаџирање буџети и финансии, менаџирање на време итн. и максимизирај ги твоите можности. Твојот бизнис ќе биде спремен за следното ниво додека да трепнеш.
- Менаџерски вештини
- Редефинирај ја својата менаџерска персона: лидерски вештини за менаџери, концептуални вештини, интерперсонални вештини, мотивација, координација и надзор, ефективно менаџирање со време, ефективно носење одлуки, ефективна интеракција со вработени, менаџмент на приходи, менаџмент на финансии, менаџмент на портфолио, итн. “Менаџер“ не е само работна позиција, туку должност - старите пракси не се веќе доволни.
- Маркетинг вештини
- Планирање на маркетинг и продажба; составување на врвни маркетинг планови; рекламирање по веб страни, весници, магазини, електронски изданија, социјални мрежи исл; пишување и смислување на реклами и останати промотивни материјали; користење на околината и твоите бизнис процеси како маркетинг алатки, итн. Направи го маркетингот забавен, каков што и треба да биде.
- Продажни вештини
- Завладеј со уметноста на ефективната комуникација и решавањето на проблеми, научи сѐ за убедлива продажба, компетитивна продажба, самомотивација, самодоверба, самопрезентација, директно јавување без најава, продавање на менаџери и директори, успешно менаџирање на динамиката продавач/купувач, итн. Следен чекор: Продавање снег на Ескими.
- Комуникативни вештини
- Развиј ги своите вербални и невербални комуникации, научи да препознаваш вербални и невербални гестови и да ги користиш за успешно да ги “прочиташ“ твоите соговорници, научи да ги употребуваш новостекнатите вештини за да ги подобриш професионалните и приватните односи, итн. Доведи ги недоразбирањата до минимум.
- Развој на емоционална интелигенција
- Менаџментот на емоции станува сѐ повеќе неопходен во денешниот брз, динамичен свет. Научи да ги контролираш своите чувства, научи да го извлечеш максимумот од оние кои не можеш да ги контролираш и научи како ефективно да ги користиш и едните и другите. Стани господар на оној краток интервал на одлука меѓу стимулансот и твојата реакција на истиот.
- Менаџмент на стрес
- Научи ефективно да ги менаџираш своите нивоа на стрес преку дузина забавни техники/вежби и пронајди го балансот во твојот личен живот, во твојата кариера и помеѓу твојот личен живот и твојата кариера. Звучи како сон, но овој барем можеш да го контролираш.
- Разрешување на конфликти
- Како да направиш компромис и да одбереш помеѓу две работи кои подеднакво ги посакуваш? Како да третираш конфликти од различен карактер? Со кои конфликтни ситуации да се соочиш директно, а кои да ги избегнуваш/одложуваш? Дали има трета алтернатива? Дали има четврта? Време е да ги најдете одговорите на овие прашања и да го ставите конфликтот на листата на загрозени видови.
- Креативно размислување
- Биди првиот бастион на креативност во регионот и научи како да размислуваш латерално, како да донесеш подобри одлуки и решенија за твојата компанија користејќи го креативното размислување, како да го искористиш латералниот пристап за да се одвоиш од конкуренцијата, како да размислуваш поефективно во група, како да произведеш креативност по потреба, како да генерираш идеи, како да преминеш од позната идеја кон создавање нови идеи, како да им пристапиш на проблемите поврзани со перцепцијата, како да решаваш проблеми на индиректен и неконвенционален начин, како да ги испланираш своите мисловни процеси за да бидат детални и кохезивни, итн. Излези надвор од кутијата - направи го креативното размислување твоја секојдневна навика.
- ИТ вештини
- Вештини за апликации: оперативни системи (пример: Windows), софтверски пакети (пример: Microsoft Office), софтвер за сметководство, финансии, дизајн/проектирање со помош на компјутер, графички дизајн, итн; Вештини за развој на софтвер: програмирање, датабази, итн; Оперативни вештини: ИТ поддршка и одржување, умрежување, оперирање и одржување на опрема, итн. Компјутерите нема повеќе да бидат дел од непознатото.
- Менаџмент на човекови ресурси
- Организациски вештини, вештини за менаџмент со време, вештини за посредување и мултитаскинг вештини; зголеми ја твојата ефикасност и бизнис етиката; научи како да се ориентираш кон тимот и стратегијата, итн. Улогата на HR професионалците еволуира рапидно – време е да бидете во тек.
- Менаџмент на продукти
- Како од менаџмент на продукти до врвни продукти: прошири го твоето разбирање на теоретските и практичните концепти и прицнипи на менаџментот на продукти, со цел подобра проценка и имплементација на сите аспекти на менаџментот на продукти: планирање на продукти, развој на продукти, лансирање на продукти, маркетинг на продукти, менаџмент на животен тек на еден продукт, менаџмент на портфолио на продукт, итн.
- Менаџмент на проекти
- Научи ефективно да ги менаџираш четирите основни елементи на еден проект: ресурси (луѓе, опрема, материјали), време (времетраење на задачи, зависности, критични патеки), пари (буџет, приходи, расходи, резерви) и обем (големина на проект, цели, побарувања, итн).
- Истражувачки вештини
- Аналитичко препознавање на шаблони, собирање и анализа на податоци, критичко размислување, концептуално размислување, решавање на проблеми, пренос на знаење, итн. Ерата на иновација е тука, и не чека никого.
- Започнување на сопствен бизнис
- Научи да го процениш правилно бизнис потенцијалот на твоите идеи, научи како да напишеш темелен бизнис план и како да го организираш твојот бизнис, запознај се со сите административни аспекти на водење бизнис, научи како континуирано да ја промовираш и финансираш својата компанија, запознај се со можните проблеми на кои можеш да наидеш и како да се справиш со нив, научи како да ги менаџираш своите вработени, итн. Да имаш свој бизнис е сериозна работа. Третирај ја како таква.
Менаџмент на промени
Менаџментот на промени е структуиран пристап на транзиција на индивидуалци, тимови и организации од сегашната состојба кон некоја посакувана идна состојба. Тој претставува организациски процес чија цел е да им помогне на вработените да ги прифатат промените кои настануваат во нивното моментално бизнис опкружување. Искористете ги нашите процеси за менаџмент на промени за да ја оптимизирате функционалноста на Вашата компанија и доведете ја продуктивноста на Вашите вработени до ниво на перфекција.
- Менаџмент на стратешки промени
- Менаџмент на оперативни промени
- Менаџмент на структурни промени
- Менаџмент на технолошки/технички промени
- Промена на ставови и однесувања кај вработени
- Консалтинг за менаџмент на промени
- Обуки за менаџмент на промени
Советување на менаџери
Менаџментот може да биде осамена работа. Константно жонглирајќи ги потребите на Вашите подредени со побарувањата на Вашите надредени, менаџерите често немаат каде се обратат кога тие самите имаат потреба од поддршка. Дозволете ни да бидеме Ваше “рамо за плачење“, да Ви помогнеме да ги идентификувате клучните прашања и да пронајдете креативни решенија за сите Ваши менаџерски предизвици.
- Финансиски консалтинг
- Донесете интелигентни финансиски одлуки со прегледување и проценка на пазарните трендови, вредности на акции, даноци, финансиски извештаи, инвестициони можности итн. Во овие финансиски турбулентни времиња, ваквиот приод претставува Ваша единствена сигурна инвестиција.
- Правен консалтинг
- Планирање, процена, истражување, анализа, обука, решавање на проблеми и поднесување извештаи од областите на вработување, банкарство, склучување договори, интелектуална сопственост, даноци, недвижнини, информациска технологија и доверливост. Легалниот релјеф е едноставно премногу комплициран за да го навигирате сами.
- Менаџмент консалтинг
- Проценете ги Вашите операции, елиминирајте го вишокот и загубите и максимизирајте го профитот и продуктивноста на Вашата компанија преку развој на стратегии, проценки на пазар, проценки на профитабилност, детектирање на проблеми во начинот на работење и имплементации на решенија.
- Поддржете го топ менаџментот преку консалтинг, менаџмент на проекти и аналитичка поддршка за широк обем на задачи и проблеми.
- Обука и менторство на менаџери во областите на давање проценки за перформанси, отпуштање, пренесување лоши вести, решавање на конфликти, балансирање на приватен и професионален живот, справување со вработени кои имаат проблеми со зависност, справување со депресивни вработени, итн.
- Бизнис консалтинг
- Надгледувајте ги Вашите постоечки бизнис практики и примете препораки за тоа како да ги направите Вашите оддели попродуктивни и да ги максимизирате профитите и успехот. Ќе се изненадите на бројот на мали и големи нешта кои можат да се подобрат, дури и кај најоптимизираните компании.
- Консалтинг за човекови ресурси
- Осигурај се дека праксите во Вашата компанија се во склад со законите за работни односи и со начелата за човекови ресурси; стратешки интегрирајте број на ефективни HR процеси, програми и практики во Вашето секојдневно работење; спојте ги најдобрите кандидати за работа со најсоодветните работни позиции, итн. Продуктивноста (и среќата) на Вашите вработени е во прашање.
Психолошко советување
- Организациска психологија
- Направете да Вашата организација оперира оптимално и со зголемена продуктивност со помагање на Вашите луѓе да ги разберат подобро меѓусебните интеракции и да комуницираат меѓу себе најдобро што можат, како и преку имплементирање на обуки и teambuilding проекти.
- Социјална психологија
- Направете да Вашите вработени и нивните формални и неформални групи функционираат како едно преку анализа и развој на групната динамика, разни психолошки вежби, групни активности итн, без разлика дали целта е општ личен раст и развој или разрешување на специфични проблеми.
- Психотерапија
- Индивидуалци (еден-на-еден)
- Групна терапија
Нема коментари:
Објави коментар