Маркетингот во спортот претставува дел или специфичен маркетинг во рамките на класичниот маркетинг, кој се применува и користи во спортските активности и спортската индустрија, со цел да им се овозможи на спортските компании да остварат деловен успех. Како разлики помеѓу маркетингот во спортот и класичниот маркетинг се јавуваат...
- во спортскиот маркетинг, во поголем број случаи, спортските организации се истовремено и конкуренти и соработници. Во класичниот бизнис, предуслов за успех во било кој сегмент е пораз или елиминација на конкуренцијата. Во спортот, особено во професионалниот, од општ интерес (на сопствениците, директорите, менаџерите, вработените) е организацијата да опстане и да напредува.
- сите индивидуи кои следат спорт (корисници) се доволно компетентни и стручни да дадат мислење или суд за одреден спорт. Во класичниот бизнис, мал број од корисниците (потрошувачите) себеси се сметаат за стручњаци, поради тоа бараат помош и информации исклучиво од професионално обучени луѓе.
- во спортскиот маркетинг, потребите на корисниците постојано се менуваат. За разлика од Coca Cola корпорацијата која може да се потпре на конзистентноста во потребите на потрошувачите и постојан годишен пораст на продажбата, спортскиот резултат и учинок може на драматичен начин, дури и во период пократок од една година, да ги промени интересите и потребите на корисниците.
- производите во спортската индустрија се многу често неопипливи, субјективни и од емпириски карактер. Во класичниот бизнис, кога еден потрошувач ќе купи кошула, може истата да ја употреби повеќе пати (кошулата е од материјална природа, опиплива и видлива). Тоа што спортскиот гледач ќе го види или почувствува е многу субјективно, често и ирационално. Поради тоа на спортскиот маркетинг менаџер му е многу тешко да ги задоволи спортските потрошувачи. После завршувањето на спортскиот натпревар, во најдобар случај, настанот останува само во памтењето на спортскиот гледач.
- основниот производ во спортот се троши уште во фазата на производството (нема инвентар). Производите имаат свој животен век (циклус) и инвентар. Еден одигран спортски настан (натпревар) не може да се повтори (на ист начин), не може да се "продаде". Поради тоа посебен акцент се става на претпродажба на производот.
- во општ случај, спортот е јавно добро, па на задоволство на корисниците недвосмислено влијае на нивото на развој на општеството. Во класичниот маркетинг, некој може да ужива во самиот чин на купување на автомобил, но севкупното задоволство на купувачот на новиот автомобил не зависи од тоа. Бидејќи спортскиот настан (натпревар) обично се одигрува на јавно место и се следи во друштво, задоволството на гледачите исклучиво е последица на комуникацијата со другите или уживањето во следењето на актерите на спортскиот настан.
- спортскиот настан (производ), најчесто не може да се предвиди. Во класичниот маркетинг поимот непредвидлив е неприфатлив. Меѓутоа, во спортот, многу непредвидени работи (на кој објективно не може да се влијае), како што се времето, способностите, вештините и учинокот на поединците, повредите, поддршката од фановите и други фактори, влијаат на спортскиот настан, резултат и општиот учинок. Корисникот е свесен за објективните околности и ги прифаќа овие видови на неизвесност.
- спортскиот маркетинг менаџер најчесто има мала или никаква (оперативна) контрола над одвивањето на спортскиот настан. Маркетинг менаџерот во класичниот маркетинг спроведува истражување и користи најразлични методи, сѐ со цел да создаде производ кој ќе одговара на потребите и желбите на потрошувачите. Меѓутоа, во спортот, менаџерот не може да влијае на одвивањето на спортскиот настан, па поради тоа тој се фокусира на активностите кои може да ги контролира (храна, пијалок, музика, промоција).
- спортот е подеднакво и потрошувачки и индустриски производ. Спортот претставува краен производ за масовна употреба како за посетителите така и за учесниците (натпреварувачите). Истовремено, сите учесници во спортскиот настан (посетители, натпреварувачи) се јавуваат како актери во бизнисот и на пазарот за спонзорите на настанот, медиумите и организацијата. Исто така, спортот може да се третира и како индустриски производ, бидејќи ја помага продажбата на други производи (спортска опрема) и услуги.
- спортот е привлечен за широките маси и навлегува во сите пори на општествениот живот. Спортот има меѓународен карактер, застапен е во сите демографски сегменти и поврзан е со секојдневните социо-културни аспекти: мотивација, потреба, желба. Може да се каже дека само религијата и политиката (кои спаѓаат во убедување, а не во производи или услуги) се пораспространети од спортот.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Димитриевска Весна
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар