петок, 4 февруари 2011 г.

Теорија на започнување со бизнисот


Еден од проблемите со теоретскиот развој при започнувањето со  некој  бизнис е што  тој  честопати  содржи нереални предвидувања, на пример за мотивациите на новите претприемачи, за целите и за стратегиите на започнување. Сепак може да се расправа околу тоа дека постои мал релевантен  теоретски развој  којшто може да го поткрепи нашето ограничено разбирање на процесот на започнувањето. На пример, Reynolds and White во нивниот преглед коментираат дека "резултатот (на теоретскиот развој) е серија на претпоставки околу работењето на нови и мали фирми, коишто не се само сиромашна репрезентација на реалноста на модерните економии туку всушност можат и да водат во крива насока".

Сепак, постојат бројни полиња од коишто можат да се искористат релевантни теоретски развои, вклучувајки :  
           
-         пристапи во однос на човечкиот капитал
-         финансии,
-         мотивации,
-         партнерство, соработка.
                 
ПРИСТАПИ ВО ОДНОС НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ

Врз создавањето на идеи за бизнис и можноста за отпочнување со успешен бизнис ќе влијае почетното минато искуство на претприемачот, неговата обученост, образование и развој на вештини. Таа акумулација на знаење, вештини и искуство се нарекува "човечки капитал''- концепт, којшто специјално се применува во контекст на пазарите на работна сила, и тоа од економисти коишто се следбеници на пионерската  работа на Gary Becker. Создавањето на идеи за отпочнување на бизнис може да биде под влијание на работното искуство, индивидуалната обука и сознание, дека одреден производ или процес ''можат подобро да се направат''.

Препознавањето дека некој процес или производ можат да се направат на подобар и поразличен начин е движечка сила за многуте нови бизниси. Развојот на ова гледање на човечки капитал го направил Cressy во неговото истражување во базата на податоци на новозапочнати бизниси на клиентите на банката Nat West Bank. Toj исто така говори дека човечкиот капитал е со намера дополнително да се зајакне од страна на надворешни финансиски институции: претходните истражувања покажаа дека менаџерите во банките го вреднуваат искуството во работата како важен фактор во давање на позајмици на нови претприемачи. 

За помладите претприемачи коишто ќе имаат ограничен човечки капитал може да се смета дека образованието ќе има важна улога во обезбедување на средина којашто ќе го подржува формирањето на идејата. Mладите претприемачи (на возраст под 30 години) се многу малку застапени во претприемништвото поради ограничениот човечки капитал и ограничениот пристап до финансиски средсва. Исто така, ограничената палета на формулирање на идеи ќе претставува ограничувачки фактор. Ограниченото искуство, пак, ќе ги ограничува потенцијалните можности  за развојот на идеите. Тука формулирањето на идеја ќе зависи од образовното искуство и навремена обука. Образовните системи се многу важни во развојот на креативноста и формулирањето на идеи. Креативното размислување може да се прошири или ограничи од страна на образовниот систем: тоа ќе се одрази на начинот на којшто се согледуваат можностите, не само во годините кога се формираме, туку исто така и подоцна во животот.
  
ФИНАНСИИ
        
Економијата на информации предлага дека асиметричната информација игра важна улога кога претприемачот се обидува да обезбеди финансии за започнување на бизнисот. Како што истакнува Cressy мнозинството на новите претприемачи коишто започнуваат со бизнис, не бараат финансирање од надвор, за оние коишто се обидуваат (а чијашто бројка во значителна мера ја надминува бројката на оние коишто успеваат), врз нивната способност ќе влијае информацијата којашто ќе му ја даде на потенцијалниот финансиер.

Постојат неколку начини за обезбедување на дополнителни финансиски средства самите да го финансирате бизнисот што сте го замислиле. Постојат повеќе можности за тоа:

- Земање на кредит. Кредит обично одобруваат банките, штедилниците, некои специјализирани фондови, многу специјализирани финансиски институции во странство итн.
- Акционерски капитал. Тоа можат да бидат средства од пријатели, роднини, веќе успешни бизнисмени, од луѓе што маат средства, а би сакале да ги вложат во некојн проект, надевајќи се дека ќе остварат поголем приход одошто во банка.
- Понуда на акции на добавувачи. На лицата што треба да извршат определена услуга за претпријатието да им понудите акции или влог во него, а да не им платите за она што го должите.
- Заем од поединци, како форма на дозаокружување на финансиската конструкција исто така не е за потценување.            

 МОТИВАЦИИ

Мотивациите на новите претприемачи теоретски се поврзани било со "позитивните" или со "негативните " фактори.

Позитивните фактори се оние коишто се поврзани со желбата за "претприемачки аспирации'' кај новиот претприемач - на пример желбата да се биде независен, да се биде ''свој сопствен шеф'', и да се постигне проширување на бизнисот.

Негативните фактори се поврзуваат со дискриминација во алтернативните можности на вработување. Изборот да се биде претприемач, е можеби поради недостаток на алтернативни можности за работа, или недоволен приход од друг вид вработување. Теоретски се очекува дека такви негативни мотивациони фактори се многу поважни кај претприемачите на одредени групи во општеството коишто се соочени со дискриминација, како етнички малцински групи, помлади луѓе или жени.

Напорите за објаснување на важноста на претприемачи од етничките малцински групи се концетрираат врз релативниот примат на  "негативните" и "позититивните" фактори во мотивациите и развојот на сопствениците на мали бизниси од етничкото малцинство. Се поставува прашањето,  дали или не дискриминирачките фактори со коишто се сретнуваат етничките малцинства на пазарот на работна сила биле доминирачки мотивирачки фактори во однос на поседување на сопствен бизнис и претприемаштво или дали позитивните претприемачки фактори како што се минато искуство на поседување на бизнис во една група се поважни во одредувањето на мотивацијата. Иако беше посочено дека мотивационите фактори се значајни за влегување во претприемништвото, сепак постои малку сомневање дека целата низа на недостатоци и дискриминација доведе до концетрација на фирми на етнички малцинства и претприемачи во маргиналните подрачја на економската активност.

Од страна на Curan и Blackburn беше извршено испитување на 76 претприемачи од етнички малцинства од три групи на три различни локации. Се работеше за Африканци од Карибите, претставници од Бангладеш, и Грци од Кипар. Беа селектирани од Лондон, Шефилд и Лидс. Во врска со мотивацијата се дојде до сознанието дека позитивните фактори, заедно со желбата да се биде независен, беа поголеми од очекуваното и според нив тоа е слично со нивото на бизниси чиишто  сопственици се белци.Силните мотивирачки фактори беа потврдени, во одредена мера, со истражувањето кај претприемачи Африканци од Карибите и со азиските претприемачи во Шкотска. Од нив  над 80% се согласиле со позитивните мислења во врска со амбицијата и контролатана нивната средина. Над 40% од двете групи се согласиле дека биле соочени со дискриминација на поранешните работни места. Во такви околности, дискриминацијата и недостатокот на можности на пазарот на работна сила се значителни "движечки "фактори.

ПАРТНЕРСТВО, СОРАБОТКА
  
Ползите коишто можат да доведат до нови фирми кои работат врз база на партнерство - мрежи - групи, се потенцијалните предности на економските мерила. Услугите и инпутот (како што се рекламирањето, обуката, пристапот до заеми за финансирање по поволни услови, совети на консултанти, финансиски услуги) - работи коишто една единствена фирма не може лесно да си ги приушти или обезбеди кога работи независно. Тие работи можат да се обезбедат кога се работи како дел од поголема група. Додека организационата структура на фирми коишто работат на некој вид кохезивен начин може да се наречат "умрежени", фирмите коишто произведуваат во некоја економија ги превземаат некои од атрибутите на структурата на умрежување. На пример, со работење во произвотството и трговијата, фирмата работи со добавувачи  и клиенти, за што е потребен одреден степен на соработка и доверба, фактори коишто се сметаат за есенцијални атрибути за успешното функционирање на една мрежа.

Во секој деловен однос исто така постои и елемент на ризик и неизвесност. Довербата се раѓа како одговор на заканата од ризик и неизвесност. Кога постои доверба, таа го намалува потенцијалниот ризик и опортунизмот. Ризикот и опортунизмот можат исто така да се намалат по пат на склучување на договор, но Macaulay забележува, дека, додека клаузулите честопати се внесуваат во договорите, тие ретко се користат" договорот и договорното право честопати се  сметаат за непотребни, бидејќи постојат голем број на неправнички санкции. И двете норми широко се прифатени.

1. Обврските треба да се почитуваат во скоро сите ситуации
2.Човек треба да произведе добар производ и да стои позади него.

Со други зборови, одредена средина може да се развие каде што имплицитното договарање обезбедува одреден степен на доверба и соработка.Во други, повеќе утврдени мрежи, односите можат да се развиваат и да ги надминат оние од чисто договорен вид на односи.

Sako одредува два други вида на доверба :

- доверба  во  однос  на  компетентност ,  се  однесува   на верување дека трговскиот партнер ќе ја исполни одредената задача
- доверба во однос на добра волја се јавува во ситации кога иницијативите се превземаат и ги надминуваат границите на специфично одредениот договор.

Додека довербата и соработката се одредени како два атрибути во една мрежна организација, важно е да се одреди како тие атрибути можат да се зајакнат, со цел да се обезбеди ефикасното работење на мрежата. Со други зборови, како може договорната доверба да се развие во доверба на добра волја? Некои економисти користејќи игра на теоретски рамки, покажаа дека онаму, каде фирмите им придаваат доволно голема важност на идните интеракции, тогаш стратегиите на казнување можат да се применат за обезбедување на соработка. Во оние ситуации на придржување кон формалната организација како што е мрежата, тогаш некооперативните играчи можат да се исклучат. Проблемот со премногу големата доверба кон стратегиите на казнувањето е во тоа, што може да доведе до недоверба којашто би ја загрозила соработката. На пример, доколку ти ми веруваш мене, зошто тогаш го надгледуваш моето однесување? Работата на Axelrold  сугерира, дека соработката може да се развие  со време, како што фирмите постепено ги учат правилата и нормите на однесувањето коешто доведува до соработка. Значи, преку континуирана интеракција и верба во идните интеракции, се намалува предизвикот на мамење. Фирмите градат репутација за соработка, и тие репутации треба да се сочуваат.

EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation



Нема коментари:

Објави коментар