Бизнис план е писмена форма на изразување на вашата идеја. Со бизнис планот се прави обид да се опфатат сите можни аспекти од бизнисот, да се дефинираат стратегиите и да се укаже на нивните последици.
Со бизнис планот се дефинираат силните и слабите страни на бизнисот. За таа цел се спроведува таканаречена SWOT (Strengths, Weaknesses, Opportunites, Threats) или (силни страни, слаби страни, можности и опасности). Треба да се направи обид прецизно да се набележат сите предности на бизнисот. Истовремено се набележуваат сите негови слабости. Врз основа на таа анализа и врз основа на анализата на пазарот, на конкуренцијата, на потрошувачите и на економскиот амбиент во дејноста и пошироко во целата економија, се утврдуваат сите можни правци на развивање на бизнисот, но се согледуваат и опасностите на кои тој може да биде чувствителен. Согледувајќи ги сите овие елементи, се добива една целосна и комплексна слика и многу полесно можат да се определат можните стратегии на развојот.
Се разбира за претприемачите кои започнуваат сопствен бизнис, а немаат соодветни познавања за теоријата на бизнисот треба да ги прошират своите знаења со соодветна литература од областа на теоријата на бизнисот.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар