четврток, 18 август 2011 г.

Петте најдобри ресурси за малите бизниси што не ги користите


Водењето мал бизнис може да резултира со осамен живот. Работењето до доцни часови за да останете подолго отворени може да води до чувството дека сте единствениот трудољубив претприемач.  Но грешите – а помош е секогаш достапна.

Иронијата е во тоа што голем дел од сопствениците на мали бизниси не бараат асистенција дури и кога има вредни и достапни ресурси од експерти што нудат совети и поддршка. Подолу се наведени пет често занемарени ресурси од страна на претприемачите:

1. Центарот за развој на мали бизниси. Советот е да пробате да ги искористите ресурсите од фондациите за развој на мали претпријатија бидејќи сепак од вашите даноци се финансираат тие самите. Но овие центри не постојат само за сопствениците да побаруваат заеми. Ако никогаш порано не сте стапнале во ваков центар, посетете еден, разгледајте ја нивната тренинг програма,запознајте се со експертите и видете ја палетата на нивните услуги. Пензионираните извршни директори што служат како професионалци волонтери се наистражени богатства, но сепак мал дел од бизнисите навлегуваат во нивното искуство и знаење.

2. Стопанската комора. Голем дел од стопанските комори организираат настани во кои можете да учествувате и да ја проширите вашата мрежа на контакти. Исто така дел од нив имаат и маркетинг програми за помош на компаниите во вашиот регион, па можно е да се исплати да учествувате.

3. Индустриски асоцијации. Изненадување е како голем дел од компаниите не членуваат во синдикатот на својата индустриска гранка. Овие асоцијации често ги репрезентираат фирмите пред  државната и глобалната легислатива. Трговските асоцијации се исто извор на ресурси во полето на истражување и предвидување на трендови во конкретната индустриска гранка, па затоа членството може да ви даде предност пред конкуренцијата. Исто така можете да научите многу и да одржувате добри односи со голем дел партнери од вашата област.

4. Други сопственици на локални бизниси. Паметните сопственици на мали бизниси ја истражуваат околината и бараат партнерства со други локални претприемачи, со цел да го прошират пазарот или пак чисто за споделување информации од истата област на дејствување. Нема да ве чини ништо да организирате месечни состаноци со сопственици на други бизниси, а од тоа може да произлезат и доста добри бизнис идеи за во иднина.

5. Вашите локални универзитети. Локалните универзитети можат да бидат извор на потенцијални апликанти за работни места и локација за вашите вработени за нивна доедукација и обука. Ако локалниот универзитет не го доставува образованието потребно за вашите вработени, известете го за тоа. Голем дел од локалните образовни институции се трудат да се прилагодат на фокусот на нивната локална бизнис заедница, па затоа би сакале да дознаат што мислите. Ова може да доведе до креирање на нови насоки и курсеви за прилагодување на вашите потреби или да бидете повикани на предавање на некој од катедрите која ќе ви помогне да си ја подобрите репутацијата и да привлечете подобри апликанти за вработување.

 
Кои се најдобрите ресури што Вашиот бизнис ги користи? 


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Следете не на нашата официјална Facebook страна



Нема коментари:

Објави коментар