
Секако голем процент на проби и грешки се очекувани кога поставувате оптимална маркетинг стратегија. Но за сопственик на нов бизнис со пофокусирани погледи, правењето на повеќе скапи грешки може да биде катастрофално по неговиот бизнис.
Поради овие причини, референците, кои што се нудат со многу мали трошоци по посета и нудат најголем процент на задржани клиенти, може да биде најдобрата стратегија за бизнис почетници во потрагата по клиенти.
Еве пет начини да ги подобрите референтните линкови:
1. Изберете фокус. Покрај презентирањето на прозивод или услуга што потрошувачите го сакаат, откријте кој е вашиот идеален потрошувач. На тој начин можете да комуницирате во вашите мрежи за тоа каков потрошувач вие услужувате. Исто така тоа ќе ви помогне во фокусирање на понудениот производ според потребите,желбите и преференциите на вашиот потенцијален потрошувач.
2. Прашувајте. Не заборавајте, што и да правите, прашувајте за референтни линкови. Треба постојано да ги потсетувате вашите потрошувачи кои имале позитивно искуство, за истото да споделуваат и шират информации на своите соработници ,семејството и нивните социјални кругови. Покрај побараната услуга, исто така мора да запомните да изнајдете начин да им се заблагодарите на изворите на вакви линкови за континуираното застапување на вашиот бизнис.
3. Креирајте тимови. Исто така можете да ја разгледате опцијата на здружување во тимови со други локални бизниси кои го делат истиот профил на потенцијален потрошувач. Ваков вид на договор познат како домаќин-корисник аранжман ви дозволува да ја користите базата на податоци на друга компанија за да профитира вашиот бизнис. Како добар пример за ваков аранжман е помеѓу добро познат бутик и фризерница или продавница за чоколади и цвеќара.
4. Промовирајте “засладувач”. За да успеете да вметнете други компании во ваквиот договор, предложете да понудат поклон сертификат или ваучер со попуст доколку се направи бизнис зделка преку другата компанија. За да го склучите(засладите) договорот понудете се да ги платите трошоците на другата компанија или договорете да добиваат провизија од секоја склучена зделка пренасочена од нив.
5. Правете партнерства. Да го акумулирате протокот на референти, побарајте компании кои би биле идеален стратешки партнер. На пример, за добри стратешки партнери би ги посочиле: компанија за стопанисување со простор и архитект или пак компанија за работа со кровови и градежен контрактор. Бидејќи вие и компанијата партнер имате иста таргетирана публика но имате комплементарни бизниси, партнерството може да ви помогне и на двете компании.
Дали имате развиено систем за подобрување на референтните линкови?
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар