петок, 19 август 2011 г.

Не ги заборавајте Вашите актуелни потрошувачи



Може да биде многу лесно сопственикот на бизнис да ги игнорира своите постојни потрошувачи. На крајот на краиштата тој веќе ги добил нив, нели? Но не мора да е таков случајот. Дури и моменталните потрошувачи можат да бидат идни клиенти, бидејќи штом склучите една продажба со нив, веднаш ќе посакате да поврзете и друга. Секако одржувањето на континуиран проток на маркетинг комуникации може да биде предизвик. Но ако иницијативата за подобрување на продажбата не е доволно, тогаш комфорот да знаете дека потрошувачите повторно ќе се вратат е секогаш полесен и поефтин предлог. 


Еве неколку од наједноставните и трошковно најефикасните начини на ангажман со Вашите постојни потрошувачи со кои ќе се осигурате не само на нивен повраток туку и ќе го промовираат вашиот бизнис.
  • Користете го Фејсбукот за да креирате ексклузивни реклами за Вашите сегашни фанови. Да претпоставиме дека сте направиле најдобро што можете да се осигурате да Вашите потрошувачи ја “лајкнале” вашата страна на Фејсбук, можете да креирате реклами што се појавуваат само на Вашите моментални фанови. Само ќе поставите напредни таргетирани опции за креирањето на визуелните реклами. 
  • Соберете контакт информации и дозвола од што повеќе потрошувачи за да праќате периодични меилови, известувања и текст пораки. Поставете промотивни понуди за најновите потрошувачи и следете ја интеракцијата со што би ги следеле сите оние што покажуваат интерес. 
  • Поставете реклами за ре-таргетирање на вашата веб страна. Ре-таргетирање е процес на поставување специјален код на Вашите клучни страни со цел Вашите посетители да ја гледаат вашата реклама кога ќе посетуваат други веб страни. Постојат агенции кои ќе ви помогнат да го поставите ре-таргетирањето на вашата веб страна. Бидејќи, кога луѓето прават повторени посети на одредени страни на вашиот веб сајт, можете да следите со зголемен број на рекламни понуди прикажани на овие индивидуи.  
  • На крајот не го избегнувајте фактот дека градењето поцврсти односи со потрошувачите исто така ви дава конкурентна предност. Многу е потешко луѓето да се сменат кон конкуренцијата кога се чувствуваат дека вашиот бизнис ги познава и ги разбира нивните потреби подобро.
Како важна маркетинг лекција би ја посочиле следнава анегдота. Која е лекцијата што ќе ја научи агентот за осигурување кога ќе ги изгуби своите клиенти. Секогаш кога осигурителната компанија ќе почувствува дека ги губи своите клиенти им испраќа картичка со цел да ве одврати од менување кон конкуренцијата. Но што би ги чинело да ги спроведат тие дополнителни и промотивни услуги во периодот додека сте им актуелен клиент и со тоа да ве задржат за подолг рок. Во овој период ваквиот нивен обид изгледа очаен и би сториле се за да ве добијат повторно назад. Картичката што ќе ви ја испратат во овој период може да биде најубаво смислена и да биде најискрена, но тајмингот е комплетно погрешен.

Како што рековме и претходно, многу е лесно да ги заборавите Вашите моментални потрошувачи. Но нема ништо да ве чини одвреме навреме да се сетите на нив, за да не го правите тој очаен обид кога ќе почувтствувате дека ги губите за сметка на конкуренцијата.


Што правите Вие со цел да ги задржите Вашите постојни потрошувачи?


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Следете не на нашата официјална Facebook страна



Нема коментари:

Објави коментар