
Во последно време како најчеста употреба на овие кодови се сретнува кај бизнис и трговските патници за начин на авионски карти без потреба на печатен материјал. Веќе download – иран на нивните телефони , патниците само го покажуваат кодот на скенерита на аеродромите и автоматски се верификуваат информациите за личноста и неговиот билет.
Се очекува голема слава за овие брзи кодови во месеците и годините што следат бидејќи бенефитите што ги нудат за бизнисите и потрошувачите се огромни. Со скенирање на кодот, потрошувачите, имаат инстантен пристап до информациите што Вие сакате директно да им ја испратите. Се што е потребно е паметен „smart“ телефон со апликација за скенирање кодови до која многу лесно се доаѓа и лесно се употребува. Кога корисниците ќе можат да го скенираат QR кодот, информациите ведаш се трансформираат во текст, графика, адреса за веб страна(се она што вие сакате го прикажете и што сакате потрошувачите брзо да го видат).
Но вистински интересната работа за овие кодови е што секој бизнис почетник или претприемач може да ги креира самиот online, во многу случаи и бесплатно.
Денес, QR кодовите се успешно вметнати во веб сајтови, реклами во списанија, купони, директни меилови, билборди, формулари итн. Ако имате во план да ги вметнете овие кодови во Вашите алатки за маркетинг на социјални медиуми, треба да знаете дека голем дел од Вашите потрошувачи може да не бидат запознаени со концептот. Ќе биде Ваша задача да ги воведете во тек и да ги информирате за начинот на употреба на кодовите и извори каде можат да се набават апликации за нивните телефони.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар