петок, 26 август 2011 г.

Зошто треба оптимизација на веб пребарувачи да биде дел од Вашата стратегија?

 
Многу често луѓето заглавуваат кога станува збор околу ова прашање во дејствувањето на нивните бизниси. Ако сакате Вашиот веб сајт да биде пронајден на веб пребарувачите, треба да го оптимизирате на начин лесно препознатлив и прилагодлив за пребарувачот. Од самата содржина, па се до начинот на кој е конструиран, се фактори кои влијаат на местото на кое се рангира Вашиот веб сајт на веб пребарувачите. Овој процес на фино подесување и прилагодување на веб сајтот со цел да биде полесен за наоѓање се нарекува оптимизација на веб пребарувачи или SEO (search engine optimization).
 
Во минатото, самото присуство на веб генерирало високо ниво на рангирање во пребарувањата, но тие денови се веќе поминати. Денес, да бидете пронајдени преку веб пребарувач е екстензивен процес. Ако сакате да бидете пронајдени, веб присуството е задолжително, но да имате оптимизиран веб сајт е повеќе од критично.

Ако градењето на online репутација и насочувањето сообраќај е Ваш приоритет, еве ги најважните причини зошто треба да го поставите оптимизирањето во центарот на Вашата дигитална стратегија.

1. Луѓето користат веб пребарувачи. Ако користите интернет, тогаш сигурно користите и веб пребарувачи. Повеќе од 77% од потрошувачите на мобилни телефони користат веб пребарувачи за да дојдат до посакуваната содржина, додека Google има преку 3 билиони пребарувања секој ден. Оптимизирањето на Вашиот веб сајт Ви ја зголемува шансата да се дистанцирате од конкуренцијата во очите на веб пребарувачите и потрошувачите.

2. Резултати на првата страна. Само 10% од веб корисниците листаат преку третата страна на резултатите од своите веб пребарувања. Оптимизирањето ќе ви помогне да го доведете Вашио веб сајт во првата страна на резултатите од пребарувањата.

3. Оптимизацијата функционира? Кога интернет корисниците пребаруваат преку веб пребарувач, пребарувачот се обидува во позадина да ги поврзе најрелевантните информации во врска даденото побарување и да ги истакне резултатите да бидат видливи за корисникот. Како најважни фактори во процесирањето на резултатите се споменуваат релевантноста и важноста. Релевантноста се објаснува како збир од клучни зборови со кои се поврзува Вашата веб страна со зборови напишани во пребарувањето на веб пребарувачот. Важноста ја прикажува популарноста на самата веб страна која се брои според бројот на посети. Сето ова можете да го постигнете со оптимизацијата на Вашиот веб сајт преку воведување на релевантни клучни зборови и наведување на сообраќај на Вашата содржина.

4. Оптимизацијата е мерлива. Користејќи алатки како Google Analytics можете да го следите успехот на Вашата кампања и да ги споредувате резултатите и сообраќајот пред и по оптимизацијата на веб сајтот. Ваквите извешати можат да ви помогнат да ги следите изворите на посети на Вашиот веб сајт, мерење на „конверзија“ – колку од овие посети се претвораат во продажби, а со тоа и приходот од инвестицијата во кампања за оптимизација на веб пребарувачи. Споредено со традициналните методи како директен меил и банер реклами, SEO значително го зголемува степенот на враќање на инвестицијата. 
 
 

EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална
Facebook страна


 

Нема коментари:

Објави коментар