Ако сакате да ја направите Вашата компанија забележлива, ова би Ви звучело интересно. Голем дел од веб сајтовите на малите бизниси се нефукнционални, а еве 5 причини зошто: 1. Вашите контакт информации не се видливи на вашта основна страна. Би изгубил многу време да почнам да ги набројувам сите оние веб сајтови, каде што не само неможе да се види телефонскиот број онаму каде што припаѓа туку и не се забележува соодветен “Контакт” таб. Можеби компаниите мислат дека се во тренд, космополитски, мистериозни, но се што успеваат да покажат е дека изгледаат аматерски.
Потрошувачите сакаат лесно да ги пронајдат бизнисите за кои се заинтересирани. Не сакаат да трошат многу време на истражување и пребарување, посебно а производи кои им се многу важни и потребни. Сакаат да знаат дали е подобро и побрзо да ве исконтактираат преку телефон или преку е-меил. Сакаат да ја знаат вашата локација, да знаат дали можат да ве посетат. Исто така многу е важно да бидете лесно забележливи во поглед на потенцијалните потрошувачи кои периодот на пребарување може да биде главен фактор на одбивност кон вашиот бизнис. Доколку оставите да бидете далеку од контакт на потрошувачите му препишувате смртна казна на вашиот бизнис.
Идеално би било, контакт информациите или пак контакт формуларот да бидат поствени на врвот на страната, видливи дури и без потреба за листање надолу. Потрудете се да ја поправите оваа грешка и многу ќе им помогнете на вашите потенцијални и сегашни потрошувачи,а со тоа и самите себе.
2. Не нудете е-маил формулар. Истражувањата покажуваат дека голем дел од корисниците го напуштаат своето пребарување кога ќе наидат на формулар за контакт кој треба да го пополнат на самиот веб сајт. Овие формулари изгледаат многу анонимно и чудно и даваат чувство дека никој нема да ги погледне. Компаниите го прават ова за полесно внесување на податоци во својот CRM (customer relationship management) систем, но со тоа креираат чувство на несигурност меѓу своите посетители. Која и да е причината на ваквиот формулар, сепак објавете го и вашиот е-маил за да можат потрошувачите слободно и со сигурност да ве исконтактираат и да изгледате по професионално во нивните очи.
3. Немате телефон? Постојат голем број случаи каде на веб сајтот стои само горенаведниот формулар за пополнување. Никаде не се поставени вашите адреса и телефон. Луѓето сакаат да кренат слушалка и лично да се распрашаат и да се осигураат за работите за кои се заинтересирани. Со ова грешка само креирате слика на несериозна, не професионална и несигурна компанија која работи од дома и вработените делат еден компјутер и која во 21 век немаат телефон.
4. Страната „За Нас“. Оваа страна е вашата лична карта. Овде треба да наведете кога и од кого е креирана, за какви производи и услуги станува збор, какво е реномето и пазарната локација на компанија и еден мал милион интересни работи за задржување на интересот на потрошувачите. Со ова го креирате и вашиот имиџ, на високо реномирана компанија или пак ги истакнувате вашите достигнувања. Во последно време се случува епидемија од фрази како „Нудиме најдобри прозиводи за нашите потрошувачи“. Сето ова е погрешно и се испуштаат информации за кои потрошувачите сакаат да дознаат и да се запознаат со кого ќе влезат во зделка, но никогаш нема да дојдат до тие информации.
Исто така, информациите од оваа страна би служеле како основ за понатамошно проширување на „Word of mouth“ и креирање позитивен имиџ во јавност.
5. Вашите страни за „Вести“ и „Медиуми“ немаат соодветен контакт. Доколку имате страни на кои имате информации за јавни настани на кои сте учествувале, медиумски презентации, видеа и слично, секогаш оставете контакт информации за лицето со кое може да се контактира на оваа тема. Замислете ја оваа ситуација, како што наведовме погоре без телефон и е-маил, само со тој формулар за пополнување, веднаш ги губите шансите за било какви следни контакти во врска со односите со јавноста. Медиумски куќи ,новинари, репортери кои работат на кратки и недостижни крајни рокови немаат време да губат со бавни процеси на пребарување и контактирање. Сето ова влијае на вашиот публицитет и односи со јавноста.
Ќе се најдете во случај кога репортер или потенцијален бизнис партнер ќе го погледне вашиот веб сајт и ќе се обиде да ја пронајде вашата приказна и можноста да ве исконтактира. Основната содржина и приказна и лесната можност за контакт се оние фактори кои „ќе ве продадат“ на посетителите на вашиот веб сајт.
Постојат голем број вакви примери на компании со грешки во поставувањето на својот веб сајт, а најчесто се во сегментот на малите бизниси. Нема потреба од потенцирање и покажување прсти кон нив...но тие самите ќе се пронајдат во оваа поука.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар