
Главното прашање е што ќе прават малите бизниси во врска со ова прашање. Што понатаму и како сега ќе се пристапува до нови потрошувачи. Студијата од преку 2400 потрошувачи и 80 експерти за адвертајзинг води кон 4 широко поставени прогнози за во иднина:
Внимание – Потрошувачите ја превземаат контролата на интеракција и филтрирање на рекламите.
Демократија во креативноста – Преку генерирање содржина од страна на корисниците, на сајтови како Facebook и YouTube, аматери и полу-професионалци си креираат свои реклами. Ова може да води до тешкотии на брендовите да ги контролираат своите репутации, но ја стимулира креативноста и може да гради зголемена лојалност на брендот од учесниците.
Притисок од резултатите – Со порастот на pay-per-click (плаќање за клик) се зголемува мерењето на адвертајзингот и се појавува фокусот кон мерење на резултатите. Традиционалните медиуми се под притисок да ја истакнат својата корист за рекламирање на такви формати, во споредба со новите методи на рекламирање. Денес целиот фокус е фрлен на резултатите кои се добиваат од секоја посебна кампања.
Рекламирање на големо – Развојот на адвертајзинг мрежите води кон тоа рекламите да се продаваат и купуваат на големо. Влезот на нови начини на рекламирање, преку интеракција и социјалните медиуми ќе води до намалување на побарувачката за традиционални методи на рекламирање. Ќе мора да се прават напори за промотивни пакети на реклами кои ќе бидат нудени на пазарот со цел нивно купување од страна на клиентите.
Резиме за малите бизниси – Време е да се биде креативен
Ќе мора да се изнајдуваат креативни решенија за рекламирање. Натпревари на потрошувачи како што прави Доритос. Потоа локални настани и спонзорства за подобрување на својот публицитет.
Но главното прашање е ова: Како ќе ги натерате луѓето да ја гледаат вашата реклата кога толку многу работи си конкурираат за нивното внимание? Направете да бидете забавно. Изнајдете начин да се истакнете од гужвата и да бидете забележани.
Која е вашата идна стратегија?
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар