Ако периодот Ве инспирира да направите „генералка“ во Вашиот дом, разгледајте ја можност да ги прочешлате и вашите инвестиции во социјалните медуми. Потребно е повремено освежување на Вашите ангажмани на социјалните медиуми или една целосна „генералка“. На овој начин со годишно освежување ќе се одржувате релевантни во актуелните ситуации. Вашите основни “Home” страни на Twitter, Facebook, Wikipedia и Foursquare бараат одржување како и Вашиот реален дом. Запомнете, Вашиот бренд ќе живее online засекогаш, па неможете да си дозволите да исчезнат во непознатото.
Ослободете се од старото
Стиловите се менуваат, а на ниедно друго место тоа не е повоочливо како кај социјалните медиуми. Facebook ги објави своите нови страни за организации што би сакале повеќе од обичен профил. Исто така, рекламирањето на Twitter и Facebook постојано се менува. Немојте да дозволите да заостанувате. Проверувајте ги секогаш новите можности и испробајте дали би одговарале на Вашата политика.
Креирајте online дисплеј
Првите впечатоци почнуваат побрзо одколку што мислите. Секого што го сретнувате лично најпрво ја проверува вашата адреса, па важно е да имате креативен излог на мапата. Google Places ви дозволува да ја верификувате листата и да ја менаџирате. Можете да ја поврзете со Вашата веб страна, да покажете галерија од слики или да додадете видео.
Давајте слободно
Исто како што давате донации кога ја чистите куќата, дадете малку и на вашите online врски.Разговарајте со неколку фанови или пратете е-маил на некој блогер што го следите. Пријателска картичка може да креира позитивна карма за во иднина.
Проветрете ги старите информации
Информациите наобрани на дното од Вашата страна за јавноста имаат потреба да бидат „проветрени“. Запрашајте се дали сето ова е сеуште важно. Земете ја во предвид можноста да го направите тоа на социјалните медиуми. Освежете ја вашата страна на Википедија, подобрете ја биографијата на Twitter или додадете нови информациони секции на Facebook страната.
Овие активности може да ви звучат банални, но за активност на годишно ниво, вредат за инвестицијата во време.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар