среда, 31 август 2011 г.

Анализа на кампања на социјални медиуми на NESCAFE



Како пример за стратегија за социјалните медиуми ќе ја анализираме кампањата за Нескафе на шпанскиот пазар. Се започнува со најпрво истражување на тоа како реагираат луѓето на шпанскиот пазар, поконкретно во Барселона и нивните мислења за социјалните медиуми и навиките за поврзување и интеракција.

За они кои не живеат во Шпанија, не запознаени со економската ситуација, ќе направиме краток осврт. Шпанија е земја која е длабоко погодена од светската економска криза, а со ослабувањето на економијата и изворите на приходи потрошувачите почнуваат да се фокусираат повеќе на нивните трошења и да ја ревидираат својата листа на купување. Еволуирајќи во оваа средина, Нескафе сакаше да ги потсети потрошувачите дека нивниот производ, производот кој им дава енергија за секој нареден ден, има цена која го прави добар избор дури и во време на криза. 



Како го прават тоа?

Нескафе ги користеше социјалните медиуми да се поврзе со својот таргетиран сегмент. Тие ја лансираа Facebook страната, YouTube каналот и веб сајтот Con5centimos, сите фокусирани на идејата дека кафето што го пијат потрошувачите секој ден чини само 5 центи. На официјалната фан страна, Нескафе изнајде интересен и интерактивен начин за привлекување потрошувачи нудејќи им можност да играат online. Тие креираа игра во која корисниците фрлаат монета од 5 центи во Нескафе чаша со цел да ја погодат. Корисниците исто беа поканети да поставуваат видеа на YouTube каналот како ја играат оваа игра. Најдобрите видеа добиваа награда.

Што ни се допаѓаше?

Ни се допадна целата идеја за кампањата. Фокусот на целата кампања на Нескафе чија суштина бесе осврт кон потрошувачите и познатиот актуелен тренд кој беше вистински и се повеќе растеше. Веб страната и фан страната имаа модерен и итересен дизајн кој беше атрактивен за посетителите. Кампањата исто така претставуваше обид на Нескафе да ја подобри комуникацијата со својот таргетиран сегмент преку социјалните мрежи. Нескафе се надева на уште поголеми успеси и резултати во иднина до кои планира да дојде преку понатамошни експерименти во полето на социјалните медиуми.

Што би можело да се подобри?

Ниедна добра идеја нема да биде доволно ефикасна со потребното количество на работа. Социјалните медиуми се во центарот на константно подобрување и интеракција, а тоа она што на оваа кампања и е слаба страна. Лансирањето на Twitter кампања би помогнало за распространување на идејата побрзо и пошироко меѓу потрошувачите со што би се зголемило и нивото на интеракција. Интеграцијата на Twitter би била вистинска алатка за замена на поставувањето видеа со резултати од наградната игра, каде би можело резултатите да бидат поставени на Twitter, а подоцна потрошувачите да се напреваруваат и понатаму со своите следбеници. Со ова би се проширил и интересот за самата наградна игра, преку вираел маркетинг, а со тоа и сообраќајот на посетители на веб сајтот и фан страната.

Заклучок

Оваа кампања е совршена основа за развој на едно интерактивно општество на Нескафе и отскочна даска за зголемување на присуството на социјалните медиуми меѓу потрошувачите. Оваа кампања се користи како доказ дека компаниите се сеуште во експерименталната фаза на имплементација на социјалните медиуми, а сето тоа води кон показатели за тоа дека социјалните медиуми, доколку правилно имплементирани во вашата стратегија, можат да бидат најмоќното оружје во вашиот бизнис арсенал. 





EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална Facebook страна




Нема коментари:

Објави коментар