Во последните неколку години страните како Facebook, Twitter и LinkedIn се почесто се користени и од повозрасната популација. Но бројот на повозрасни лица кои сега тврдат дека ги користат социјалните мрежи е удвоен во однос на 2008 година. За сопствениците на бизниси кои веќе ги користат социјалните медиуми за промоција на своите брендови и комуникација со своите потрошувачи, овие податоци и не се толку големо изненадување. За оние кои биле резервирани во врска со користењето на социјалните медиуми или ги користат мрежите многу повремено, оваа вест може да ве натера да седнете и да ја размислите одново својата стратегија. Во краен случај, доколку Вашиот комуникациски план е постар од 2 години, можеби треба да го извадите, да ја избришете прашината од него и да ги ревидирате застарените информации.
Еве неколку демографски податоци кои можете да ги разгледате:
Се повеќе повозрасни корисници користат социјални мрежи. Зачудувачки 65% од возрасните online корисници редовно се поврзуваат преку Facebook, Twitter, LinkedIn и другите социјални сајтови. Оваа цифра е зголемување од минатогодишните 61% и огромен пораст од 28% од ваквите корисници во период од пред 3 години.
Се повеќе „возрасни“ ги користат сајтовите секојдневно. 43% од повозрасните online корисници велат дека се поврзуваат на социјалните мрежи секојдневно, во споредба со 38% од минатата година и 13% во 2008, според истражувањата на PEW анкетата. Само е-маил-от (61%) и веб пребарувачите (59%) се користат почесто секојдневно во однос на Facebook, Twitter и LinkedIn.
Повозрасните корисници користат социјални медиуми во поголем број. Според горенаведената PEW анкета, 51% од корисниците на возраст меѓу 50 и 64 години користат социјални мрежи, а 33% се оние на возраст од 65 години и постари. Додека младите сеуште ја владеат суштината на активностите преку социјалните медиуми, оној број на корисници постари од 65 години бележи раст од 150% во однос на Април 2009 година. Користењето кај оние во интервалот од 50 до 64 години, во истиов временски период е удвоен.
Жените користат социјални медиуми повеќе од мажите. Истражувањата исто така посочува дека користењето на социјалните медиуми останува највисоко кај жените и корисници помлади од 30 години. Жените помеѓу 18 и 29 години се на врвот на листата на корисници со најголема фреквентност на употреба на социјалните мрежи. Понатаму, жените ги користат социјалните мрежи повеќе од мажите и тоа секоја 7ма од 10 жени на интернет е на социјалните мрежи во однос на секој 6ти од 10 мажи кои се на интернет. Исто така 48% од овие жени е секојдневен корисник за разлика од 38% мажи кои секојдневно се на социјалните мрежи.
Полот и возраста се најголеми детерминанти за користењето на социјалните медиуми. Кога станува збор за останатите демографски детерминанти, се забележуваат мали разлики во користењето на социјаните медиуми, како например базирани на раса, етничка основа, приход на домаќинства, ниво на образование или пак место на живеење (градско, приградско,селско).
Повозрасните корисници ги креираат најбрзо растечките сегменти на корисници. Поради брзиот пораст на корисници на возраст од над 50 години, би било пожелно да направите ревизија на Вашиот маркетинг план и таргетираните сегменти и да ги земет во предвид овие податоци. Бидејќи ако сеуште ја фокусирате Вашата стратегија на социјални медиуми на „компјутерските деца“ Вашата стратегија е во тек со времето како со ротирачкиот фиксен телефон.
Какви демографски промени сте направиле Вие на Вашата корпоративна комуникациска стратегија?
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар