петок, 9 септември 2011 г.

Едноставни принципи за користење LinkedIn за зголемување на продажбата


Поврзувањето и комуникацијата е важна за секоја индивидуа и компанија.  Совршен пример за моќта на поврзувањето може да се најде на веб сајтот LinkedIn. Преку 80 милиони професионалци моментално го користат овој сајт за професионално поврзување и комуникација. Без оглед на Вашето поле на квалификација, сигурно имате прашања што би можеле да Ви ги одговора професионалци од некоја конкретна област. Или пак, Вие веќе сте доволно успешни и познати па би сакале да ги споделите Вашите мислења и совети со луѓе на кои тие им се најпотребни. Во секој случај, LinkedIn е одлична алатка што би била корисна од бизнис професионалци ширум светот. 


Меѓутоа, се работи за многу повеќе од креирање профил на веб сајтот, за добивање на максимални ефекти. Штом веќе имате свој профил, следен чекор е да го оптимизирате така што би можел да се користи како алатка што би помогнала за зголемување на Вашата продажба. Подолу се посочени неколку совети со ки ќе се осигурате дека Вашиот профил е оптимизиран за да ги даде најдобрите резултати.

1. Никогаш неможете да бидете премногу конкретни.

Нешто што најмалку би сакале е да Вашите клиенти бидат збунети со тоа кој сте Вие, каков вид на услуги нудите и каков вид на клиенти барате. Колку повеќе конкретни спецификации наведете, помала конфузија би била присутна. LinkedIn Ви дава доволно место за работа, па затоа искористете го. Откако ќе ги објасните своите услуги во детаљи, потенцијалните клиенти што ќе го разгледаат профилот ќе знаат точно што имате да понудите и на каков начин.

2. Креативноста е Ваш пријател.

Доколку пребарувате низ веб сајтот неколку минути ќе приметите дека голем дел од профилите се доста досадни. Со користење на Вашата креативност, ќе се издвоите од останатиот мал милион досадни профили. Додека Вашите опции на веб сајтот се доста лимитирани, едноставна функција како видео на Вашиот профил има можност да направи огромна разлика. Наместо само опис на Вашите услуги текстуално, видеото може да ги објасни услугите на клиентите и да го задржи нивното внимание. Како резултат, би било поверојатно да ги изберат Вашите услуги наместо на компанија со досаден профил.

3. Бидете „Човекот со одговори“

Посветете дел од своето време секој ден за одговарање на групни и индивидуални прашања. Оваа постапка не само што ќе помогне да изгледате многу попрофесионално и корисно, но и Вашето знаење и искуство може да ги импресионира потенцијалните клиенти.
 
4. Креирајте настани

Доколку сакате да запознаете повеќе луѓе и да генерирате повеќе посети, креирањето настани преку LinkedIn е одличен начин да го постигнете ова. Преку партнерства со други бизниси во Вашето конкретно поле на експертиза, здружувајќи се заедно за креирање настани во општеството, би можеле многу лесно да се поврзете со многу повеќе важни луѓе од Вашата област.

5. Не ја заборавајте моќта на реципроцитет.

Колку повеќе поддршка ќе дадете, толку повеќе ќе можете и да добиете. Ова не само што би можело да води кон запознавање нови бизнис контакти, но исто така и може да води кон позитивни осврти и коментари. Преку поврзување и асистирање на други луѓе колку што е можно почесто, Вие си помагате себеси и на својот бизнис.

Еден од прекрасите аспекти на користење LinkedIn е фактот дека без оглед што Вашиот бизнис има да понуди, со користење на веб сајтот за поврзување, имате можност да го зголемите Вашиот бизнис со многу мал напор. 



Дали имате успех во поврзувањето преку LinkedIn?



EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална Facebook страна

 



Нема коментари:

Објави коментар