петок, 9 септември 2011 г.

Анализа на кампањата на BMW во Јужна Африка


 BMW Јужна Африка прави голем број иновативни чекори во својата online кампања за комплементирање на своите останати offline активности. Кога пристигна времето да се промовира новата Серија 1 на BMW, компанијата знаеше дека возачите на овој модел и идните потенцијални таргетирани возачи се значително помлади и со различен животен стил од просечниот BMW возач. Затоа компанијата побара нови и иновативни начини да ги надополни традиционалните и веќе проверени методи за таргетирање на својот пазар. Најпрво беше објавена online кампања со цел зголемување на нивото на свесност за новата Серија 1 возила, генерирајќи разервации за тест возења и како крајна цел посети кои би воделе до продажба.


Целосната кампања беше интегрирана, од печатен матерјал до интернет и со стремеж за насочување на посетителите (возачи) кон веб сајтот, каде се поттикнати да се ангажираат во кампањата. Понатаму, кампањата е всушност покана за посетителите да го споделуваат своето мислење за Серијата 1 преку креирање видео или слики. Бидејќи наеднаш се промовираа два модела од BMW серија 1, модел со две и модел со четири врати, исплатливоста за рекламирање преку сите канали беше предизвик за фокусирање на само еден модел одделно. 

BMW таргетираше индивидуалци преку поставување различни рекламни формати, истовремено online и на мобилни телефони. Овие вклучуваа стандардни банери како и банери кои се прошируваат и испречуваат пред сликите на конкурентските производи.

До таргетираниот пазар компанијата успеа да допре преку асоцијации на животен стил, тест возења, презентации и реклами кои беа поставени во конкурентски околини како на веб сајтови за возачи и на корпоративни блогови. Истовремено беше користен и мобилниот маркетинг или брендот познат како „mobizines“ (бренд за мобилни содржини), а BMW формираше партнерство со Zoopy, Јужно Афрички сајт за споделување видео содржини со цел да се допре до постоечка група на потенцијални потрошувачи и да се поканат да се запознаат и комуницираат со брендот.

Кампањата на дигитални медиуми допре до преку 450 000 индивидуалци и доведе до пораст на резервациите за тест возења кои беа резервирани преку веб страната за 11% во текот на кампањата.



EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална Facebook страна
 
 
 

1 коментар:

  1. ​That's very helpful piece of information thanks for sharing this with us! Check out the follwing products review to make your life convenience and comfy :)
    1Hydro Review

    ОдговориИзбриши