Почитувани колеги и соработници,
Советувалиште
за Хумана Соработка – Гешталт Тренинг Институт, со задоволство Ве кани на првата “Конференција за зајакнување на Гешталт Терапевти во ЦЕИ регионот”,
која ќе се одржи на 5ти и 6ти Април, во Скопје, Македонија.
Конференцијата има за цел, зголемување
на комуникација и вмрежување помеѓу Гешталт професионалци и организации во ЦЕИ
Регионот. Централниот Европски Регион се состои од следните земји кои се
поканети на конференцијата: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора,
Алабанија, Белорусија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Бугарија,
Романија, Словачка, Унгарија, Италија и Украина. Со организација на оваа
конференција, ќе придонесеме кон раст и развој на Гешталт терапијата како
професија во Македонија и регионот.
Оваа конференција е само почеток на
понатамошни активности за зајакнување на Гешталт терапијата како професија која
може да се користи и адаптира во многу други различни полиња како: економија,
бизнис развој, човекови ресурси, менаџмент и слично.
Темата на оваа конференција е Гешталт Практика во Организации - ГПО.
Детали за учество:
Доколку сте заинтересирани да
учествувате на конференцијата Ве молиме испратете потврда за присуство, не
подоцна од 5ти Март, 2014 на info@shs.com.mk .
Доколку сте заинтересирани да
презентирате труд на темата како говорник на конференцијата, Ве молиме
испратете абстракт (100 зборови), не подоцна од 15ти Февруари, 2014 на info@shs.com.mk . Финалната презентација на трудот
треба да ја испратите не подоцна од 15ти Март, 2014.
Котизацијата за учество на
конференцијата изнесува:
·
За Гешталт Терапевти надвор од Македонија – 100 Евра
·
За студенти на Гешталт Терапија, надвор од Македонија – 70 Евра
·
За земји од Југоисточна Европа – 50 Евра
·
За учесници од Македонија – 25 Евра
Финалната агенда ќе биде испратена до
сите учесници на 10ти Март, 2014та година.
Искрено,
Биљана Копрова,
Генерален Менаџер на Советувалеиште за Хумана Соработка
Гешталт
Тренинг Институт
Нема коментари:
Објави коментар