среда, 7 ноември 2012 г.

Целосно управување со квалитет


Целосно управување со квалитет ( TQM total quality management) е филозофија која вели дека целосната заложба за квалитет во сите полиња во организацијата промовира култура на фирмата која дава позитивна перцепција кај  вашите клиенти.

Таа се базира на пет принципи:

  •        Квалитетна работа на организацијата
  •        Акцент ставен на клиентите
  •        Стратегија која се исполнува
  •        Постојано докажување
  •        Почит и тимска работа




За да го зачувате квалитетното работење на организацијата , TQM мора да се имплементира на сите нивоа.Од извршниот директор до работникот. TQM опфаќа дефениција за квалитет на сите функционални полиња во организацијата од производство, маркетинг, финансии и комуникацискиот систем.

Процесот почнува од слушање на клиентите,  нивните желби,  потреби па се до   испорачувањето на сите производи  и понуди кои ги задоволуваат нивните потреби.

Оваа филозофија на клиенти jа охрабрува идејата секој вработен во организацијата да остане фокусран на својата работа за поголем бенефит  на потрошувачите  и самата фирма.

TQM се фокусира на тимската работа, зголемување на сатисфакцијата на клиентите и намалување на трошоците.

Организацијата која го применува TQM ги охрабрува менаџерите и вработените да соработуваат на сите полиња , како и со доставувачите и клиентите.

Тимот на вработени е обучен да донесе одлуки кои ќе и помогнат на организацијата да постигне поголем квалитет и стандард. Организацијата пренесува одговорности од надлежните оделенија па се до вработените.TQM филозофијата значи менување на бирократската контрола во децентрализирачка контрола.



Ефективна TQM програма носи голем бенефит. Финансиски бенефит кој значи помалку трошоци и зголемена добивка. Голем бенефит од продажба и инвестиции. Пронаоѓање на подобар пласман на производите.

Друга придобивка е пласманот на организацијата на глобалниот пазар, добар имиџ на фирмата и поголем број на клиенти.

Многу мал број на фирми ја користат TQM програмата  затоа што нејзиното имплементирање подразбира многу време, напор, пари и трпение. Како и да е оние фирми кои имаат внесено ваква програма во фирмите се поконкурентни на пазарот.

ЕМБРА Корпорација Ви стои на располагање како поддршка, партнер и соработник во имплементација на TQM.



Нема коментари:

Објави коментар