По повод започнувањето на проектот „Академија
Супернова – За здрава иднина“, Гешталт здружението на Македонија (ГЗМ) –
КОНТАКТ одржа прес-конференција на 13
септември (четврток), 2012 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, за
да ја информира јавноста за целите и реализацијата на проектот.
Проектот „Академија Супернова – За здрава
иднина“ ќе овозможи дополнителна едукација на педагозите, психолозите и
професорите во средното образование во Скопје, и ќе помогне во личниот и
емоционалниот развој на учениците, особено во справувањето со конфликтни
ситуации во тинејџерските години. Преку повеќе предавања осмислени како
интерактивни работилници кои ќе ги одржува високо квалитетен кадар од
психотерапевти и психолози со долгогодишно искуство, проектот ќе опфати
различни теми поврзани со емоционалниот и личниот раст и развој.
Проектот го спроведува Гешталт здружението на
Македонија (ГЗМ) – КОНТАКТ од Скопје со финансиска поддршка од Град Скопје –
Одделение за социјална, детска и здравствена заштита.
На прес-конференцијата присуствуваа
претставници од Град Скопје и ГЗМ Контакт – Скопје.
Д-р Благица Ризоска Тулов од Ембра
Корпорација која воедно е и лиценциран психолог и психотерапевт во, како еден
од иницијаторите на проектот и воедно предавач на дел од работилниците што ќе
се одржуваат изјави дека ова е само почеток на една поголема идеја за имплементација на психолошките и психотеравските техники и методи во
секојдневното соочување со насилството, конфликтите и проблемите на младите
луѓе. Притоа, педагозите, психолозите и професорите кои се клучни модели за
правилен раст и развој на здраво поколение ќе бидат во можност да се дообучат
како да воспостават соодветен контакт со учениците и родителите при што
навремено ќе превенираат и соодветно ќе се справуваат со сите предизвици кои ги
носи денешната динамично и променливо општествено окружување.
Воедно, целта на
проектот е да се прошири во јавноста позитивно мислење во однос на неформалното
образование и советувањето при личниот раст и развој и да биде основа за
иновативна и креативна младина која ќе ја практикуваат идејата на доживотно
учење. Ова е проект кој ги доближува нашите вредности до оние на Европската
Унија и како таков понатаму ќе продолжи да се развива на поле на Македонија, а
веројатно и интернационално преку соработка со други организации.
Ана Попризова, психолог во средното училиште
Орце Николов, и претседател на ГЗМ Контакт Скопје, изјави дека вакви проекти
треба почесто да се случуваат со цел поголем квалитет при едукација и
советување особено кога се работи млади умови кои треба да ја градат иднината
на Македонија. Секој чекор е важен во образованието и дефинитивно кога би имало
спој на неформалното со формалното образование би се постигнале подобри
резултати на социо- економско и општествено поле.
Весна Стојмирова, координатор на проектот
изјави дека е ова само почеток на многу други проекти и активности на локално,
национално и интернационално ниво. Со поддршка на Град Скопје и Ембра
Корпорација овој проект ќе биде успешно изведен и се надеваме дека едукацијата во поглед на личниот раст и развој на секој
индивидуално ќе стане еден животен приоритет за обезбедување на подобар
квалитет на живот.
Проектот опфаќа обука преку предавања и
практични вежби од различни психотераписки правци преку кои треба да се зајакнат вештините на педагозите,
психолозите и професорите од средните училишта од Град Скопје за обезбедување
на соодветен пристап и третман при решавање на проблемите со кои се соочуваат
средношколците и нивните родители. За таа цел на крајот од проектот ќе се
креира и прирачник кој понатамошно ќе може да се употребува при советување на
младите и нивна понатамошна едукација.
Се надеваме дека неформалното образование ќе
стане клучен и неразделен дел од формалното образование бидејќи на таков начин
ќе се обезбеди основа за социо-економски и општествен развој според глобално
прифатени стандарди.
Со почит,
Весна Стојмирова,
Координатор на проектот
Академија Супернова – За здрава иднина
Контакт:
Тел: 078 228 438 / 070 705 446
Е-маил: vesna.stojmirova@embracorp.com
ГРАД СКОПЈЕ
Нема коментари:
Објави коментар