
Комуникацијата, во основа, е феномен со чија помош луѓето континуирано воспоставуваат општествени односи со сите елементи од својата животна средина, со себе и со другите, односно со општеството. Овој процес почива врз пораки и информации со различни содржини што се посредувани со симболи, сигнали и шифри и што се емитуваат низ општеството со помош на определени канали и средства за комуницирање. Притоа, цел на комуникацискиот процес и однос е да придонесе во заедничкото поврзување и дејствување на луѓето во сите сфери од општествениот живот и труд. Додека социјалната интеракција означува воспоставување меѓусебни односи на луѓето во врска со потребата од нивно координирано и организирано дејствување во природата и општеството, комуникацијата означува интеракција меѓу луѓето преку симболи, сигнали и шифри. Комуникацијата претставува општествен однос меѓу единки при што врската меѓу нив се воспоставува со знаци.
Човекот, како основен субјект на општествените односи и процеси, има моќ и природна способност (која во текот на неговата еволуција се култивира, социјализира и едуцира) да го креира и да го води процесот на комуникацијата. Тоа тој го чини со своите сетила со чија помош е во можност да ги прима информациите, да ги преработува и според нив да го канализира своето дејствување.
„Интерперсоналната комуникација е процес што се одвива симултано и се испреплетува во различни канали. Притоа, од страна на рецепиентот им се придава посебно значење на пораките примени преку одредени канали, во зависност од дадениот ситуациски контекст. Така, при оценувањето на емоционалната состојба на некое лице, повеќе значење му се придава на изразот на лицето, околку на вербалните искази. Ако интерперсоналната комуникација биде разбрана како симултана комуникација која се одвива по различни канали, тогаш секоја форма на масовна комуникација би била ограничена комуникација. Според сетилата со кои примачот ги прима информациите, можат да се разликуваат следниве невербални канали на комуникацијата:
- аудитивниот или вокалниот канал (говорниот јазик, што значи вербалната и паралингвистичката комуникација);
- визуелниот канал (изразот на лицето, размената на погледи, гестикулацијата и движењата на телото, навиките, интерперсоналната дистанца, поточно искористувањето на просторот);
- тактилниот канал (на пр. телесните допири, галењето);
- олфакторниот канал (мирисањето на телесниот мирис);
- термалниот канал (чувствувањето на телесната топлина);
- густаторниот канал (осетот за вкус).“
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар