понеделник, 30 мај 2011 г.

Електронската трговија како современа деловна активност


Експлозијата на користење на интернетот создаде нов свет на електронска трговија, термин кој се однесува на процесот на купување и продавње кој е подржан од електронски средства. Во овој процес, електронските пазари стануваат “пазари” на кои продавачите нудат производи и услуги по електронски пат, додека сајберкупувачите бараат информации, индетификувајќи ги своите желби и потреби, а потоа вршат нарачка користејќи кредитна картичка или друга форма на електронско плаќање. 

Електронската трговија подразбира вршење на деловните активности преку веб, овозможувајќи давање подобри услуги на потрошувачите , кусо времетраење на циклусот, добивање подобри резултати од ограничени извори и пласман на производите. Електронската трговија нуди нови можности, потреби и правила на однесување на потрошувачите. 

Технологијата на е-трговијата е дизајнирана со цел да ја замени традиционалната работа со пишани документи со мошне побрза, поефикасна и посигурна комуникација преку компјутерски систем-компјутер и модем. Крајот на 20 век е во знакот на таканаречената трета револуција – Информациска револуција, чии придобивки, пред се, се резултат на експлозивниот раст и развој на интернет мрежата и интернет базираните услуги, меѓу кои посебно место и припаѓа на електронската трговија. 

Притоа, честопати се поставува прашањето, зошто треба да се продава преку интернет? 

Одговорот е едноставен, бидејќи: 
  • Новата ера неминовно со себе носи нови начини на трговија 
  • Ниски трошоци на влез 
  • Ниски трансмисиони трошоци 
  • Пристап до глобалниот пазар 
  • Кредитноспособни потрошувачи 
  • Огромни можности за креативност 
  • Можност за он-лајн дистрибуција 
  • Тоа го бараат и самите потрошувачи 
  • Можност за добра заработувачка 

Првичните обиди да се развие on-line шопингот и електронските трговски центри се смета дека е попречувано од страна на загриженоста на потрошувачите околу безбедноста, измамата и исчезнатите или оштетените производи. Но, се очекува довербата на потрошувачите да се зголеми како што се вршат подобрувања во безбедносните системи на плаќања, стандардите и услугите со цел он-лајн трансакциите да се направат главен столб на трговијата на 21 век. 

Како главни предизвици со кои се соочуваат он-лајн маркетарите се јавуваат:
  • Ограничена изложеност и купување од страна на потрошувачот; Иако брзо се шири, он-лајн маркетингот се уште допира само ограничен пазарен простор. Освен тоа, голем број интернет корисници, повеќе прелистуваат отколку што купуваат. Еден извор проценува дека иако 65% од сегашните интернет корисници го користеле интернетот за проверка на производи и споредба на цени пред да донесат одлука за купување, само 14% од интернет-корисниците фактички купуваат нешто он-лајн. Уште помал број ги користат нивните кредитни картички.
  • Искривени психографски и демографски карактеристики на корисникот. Он-лајн корисниците се побогати и технички поорентирани од општата популација. 
  • Хаос и безредие. Интернет нуди миллиони веб страници и неверојатен обем на информации. Според тоа, пребарувањето по интернет може да биде фрустрирачко, збунувачко и им одзема многу време на потрошувачите. Во ова окружување на хаос и безредие голем број на интернет реклами поминуваат незабележано или воопшто не се отвараат. 
  • Безбедност. Потрошувачите се загрижени дека безкруполозните купувачи ќе ги следат нивните он-лајн трансакции или ќе ги пресретнуваат броевите на нивните кредитни картички и ќе вршат неовластено купување. 
  • Етички проблеми. Приватноста е примарна грижа. Маркетарите лесно можат да ги следат посетителите на веб страниците, а големиот број потрошувачи кои учествуваат во активностите на веб страниците обезбедуваат обемни лични информации. Тоа може да ги направи потрошувачите подложни на злоупотреба на информациите доколку компаниите вршат неовластено користење на информациите при маркетингот на нивните производи или размена на електронските листи со други компании. 
И покрај овие предизвици, и малите и големите компании брзо го интегрираат он-лајн маркетингот во нивниот маркетинг микс. Како што продолжува да расте , он-лајн маркетингот ќе се покаже како моќен инструмент за изградба на односи со клиентите, подобрување на продажбата, пренесување на информации за компанијата и производите и поефикасно и поефективно испорачување на производи и услуги.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани како на домашни така и на странски платформи, кои никогаш не биле подостапни.  Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар