понеделник, 30 мај 2011 г.

Улогата на пропагандните ленти (банери) во пропагандата преку интернет


Пропагандната лента или позната како банер има голема улога во промоцијата преку интернет. Многу е важен изгледот, дизајнот и положбата на пропагандната лента, бидејќи таа треба да им го сврти вниманието на посетителите за да кликнат на неа. Најчесто посетителите ги игнорираат пропагандните ленти барајќи го она за што се вклучиле на интернет. 

Во практиката, компаниите креираат различни банери, кои овозможуваат различни ефекти и тоа:

1. Краткорочен ефект, кој се добива кога еден банер треба да се постави за многу кратко време. Однапред е определен бројот на кликнувања кои се потребни посетителите да се привлечат на сајтот. Тоа се прави како повик за награда, подарок или попуст во одреден временски период. 

2. Долгорочен ефект, кој подразбира промоција на подолг период. На таков банер се истакнува интернет адресата и дејноста со која се занимава компанијата. 

Еден банер треба да ги содржи следниве елементи: 
  • Информации за корисноста (награда, подарок) која се добива кога се кликнува на него; 
  • Кратко и јасно објаснување што нуди, што содржи и кои се предностите пред конкуренцијата; 
  • Анимација која често се појавува со цел да го привлече вниманието на посетителите на веб страната; 
  • Доколку нема анимација треба да стои покажувач “клик” кој трепери и привлекува внимание; 
  • Голeмината на банерот треба да биде вообичаена 468 x 60 пиксели (единица за мерење на видлив дел од екранот); 

Пропагандните ленти на интернет честопати се споредуваат со пропагандните паноа кој последниве години се мошне присутни и на улиците во нашава земја. Како и паноата, кои ги предупредуваат минувачите за идни настани или посочуваат одредени локации, така и пропагандните ленти може да посочуваат одредени интернет страници. Но, надворешните паноа се статични, додека пропагандните ленти на интернет се интерактивни и корисниците можат со кликнување преку нив да стигнат до други страници и да добијат повеќе информации. Некои ленти дури овозможуваат одредени активности (како на пример играње игри) без притоа да се напушти пропагандната порака. Од аспект на посетеност, предностите кај он лајн пропагандата е во тоа што огласувачот може да измери колку пати одредена лента била кликната. За разлика од тоа кај паното тоа не е можно освен во случај кога повратните информации се добиваат преку јавување на некој специјален телефонски број. 


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани како на домашни така и на странски платформи, кои никогаш не биле подостапни.  Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар