вторник, 31 мај 2011 г.

Значење и улога на интернет порталите


Ликот на фирмата на интернет е wеб страната. Таа ја игра улогата на излог или каталог и на редовните или потенцијалните потрошувачи им го покажува целиот асортиман на производи. Може да ги искористи принципите на каталог и да покаже само текст и слика на фирмата и производите. Или може посетителите на Web сајтот сами да бараат потребна информација, и на крај може да се создаде сложен сајт во кој клиентот ќе порачува производи, ќе ги плаќа и ќе ги симнува, доколку се работи за софтвер. Значи постојат три типа на Web-сајтови: Каталог на фирма, маркетингшки сајт и интерактивен сајт. 


Често се поставува прашањето за тоа како треба да изгледа една веб страна. Еве дест правила за тоа : 

1. Едноставна, лесна за снаоѓање; 

2. Да има добра навигација т.е. лесно да се отвара; 

3. Да биде застапено начелото на глобалност бидејќи интернетот е достапен насекаде; 

4. Да биде јасно прецизиран начинот на плаќање; 

5. Ако фирмата има кредибилитет тој да биде етаблиран; 

6. Да има добри информации за самиот производ; 

7. Добри информации за сервисот, враќањето ако купувачот е незадоволен и сл. ; 

8. Добри информации за предуслугите што се нудат; 

9. Цените да бидат реални, затоа што купувачите таму мошне брзо вршат споредба; 

10. Да биде опфатена техниката на испорачување; 

Што се однесува до името на сајтот се смета дека за кратко време “убавите имиња” на интернет ќе завршат. Во мрежата се претпочитаат кратки имиња со 3-4 букви за да се паметат побрзо и да се наоѓаат полесно. Гаранција за успех во мрежата е да имаш лесно запаметливо име, особено за големите фирми. Сајтот www.usa.com е регистриран за 120$ пред 5 години, а потоа сопственикот го продал за 5 милиони долари.



EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани како на домашни така и на странски платформи, кои никогаш не биле подостапни.  Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар