вторник, 31 мај 2011 г.

Улогата на електронската пошта во секојденевието


Електронска пошта, или како што се нарекува e-mail е инструмент со кој лесно се воспоставува комуникација меѓу корисниците и на тој начин се разменуваат информации. Таа е заснована на концептот на адреси, кои што ги обезбедуваат сите потребни елементи испратената порака да стаса на било кое место во светот. 

Еден од најактивните делови на интернет се newsgroups кои претставуваат форуми за дискусија на различни теми. Listservs претставуваат специјализирана програма за управување со дискусионите групи. Секоја порака што ќе ја испрати член на дискусионата листа автоматски се проследува до другите членови на групата.

Интернетот може да го искористите за да ја разберете метеоролошката прогноза за кој било дел од светот, или да прелистате списание, да ги проучите идните клиенти, да ја пропагирате својата фирма или производ. Некои од гореспоменатите информации можете да ги добиете бесплатно, а за други ќе треба да платите. Интернетот претставува огромен извор за истражувачката дејност кој чека да биде искористен.

Мрежата наречена интернет опфаќа илјадници пооделни компјутери и секој од нив содржи голем број фајлови и Web страници. ...Како да ја најдете информацијата што во треба? -За таа цел постојат Web сајтови во кои можете да пребарувате доколку сте вклучени во мрежата. Доколку создадете сопствен сајт, тој автоматски се впишува за неколку недели во базата на податоци во сајтот за пребарување или може вие тоа да го направите доколку пополните формулар во машината за пребарување. Такви машини за пребарување се: Yahoo, Alta Vista, Infoseek, McKinley, GOD, Yell и други. 

Анонимноста и отвореноста на интернет поставуваат неколку важни прашања: 
  • Како можеме да бидеме сигурни дека разговараме токму со онаа личност за која мислиме дека разговараме, или дека склучуваме договор со онаа личност за која мислиме дека разговараме? 
  • Како можеме да бидеме сигурни дека трансмисијата нема да биде променета во последен момент, поточно една адреса на продавачот нема да биде променета со друга која нам не ни одговара? 
  • Како можеме да бидеме сигурни дека аутсајдер нема да биде во можност да го прочита текстот на договорот (на пример конкуренцијата)? 
  • Како можеме да бидеме сигурни дека документот испратен од личноста А до личноста В, а потоа од В до С е истиот документ кој го испратила личноста А? 
За вакви цели се користат два вида на таканаречени “технолошки клучеви”: 
  • Приватен клуч, кој се однесува на кредитните картички односно разните пин кодови и лозинки. 
  • Јавен клуч, кој пак се употребува за докажување на следните елементи: 
  • Утврдување на идентитетот на другата страна-автентичност 
  • Детерминирање на авторитетот-авторитетност 
  • Сигурност дека содржината на документот кој е потпишан нема да биде во меѓувреме изменета-интегритет 
  • Да се верификува дека документот доаѓа од вистинската страна 
  • Да се даде легално обврзувачка карактеристика на договорот 
  • Да се осигура дека потоа не може да биде раскинат договорот 
Овој јавен клуч не претставува ништо друго туку електронски потпис со кој се обезбедуваат сите претходни елемент ии се добива на сигурност, автентичност, интегритет и сл. 

Рамковната директива на Европската унија за електронскиот потпис стапи во сила дури на 19 Јануари 2000 година и оваа директива мораше да биде применета во националните законодавства на земјите членки на ЕУ најдоцна до 19 Јули 2001 година.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани како на домашни така и на странски платформи, кои никогаш не биле подостапни.  Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар