среда, 1 јуни 2011 г.

Прашањето на дигиталната поделеност


Потенцијалот на интернет за остварување на слобода на комуникации е истовремено придружуван од загриженоста во однос на разликата меѓу оние што имаат и оние што немаат интернет, која најчесто ги отсликува постојните обрасци на нееднаквост и општествена изолација. Ова само го посочува јазот меѓу ветувањето за информатичка доба и реалноста на општествена и други видови нееднаквост, а терминот “дигиталната поделеност” вообичаеното се однесува на нееднаквоста во пристапот до интернет . 


При споредувањето со состојбите во други земји, се гледа дека во распространетоста на интернет светот во голема мера заостанува зад САД, со исклучок на Скандинавија, Канада и Австралија, а доколку се мери како пристап, дигиталната поделеност е многу поголема во Европа отколку во Северна Америка. Важно е да се спомне и дека дигиталната поделеност во Македонија, е исто така резултат на фактот дека Македонија е земја во развој, односно втора најсиромашна земја во Европа, по Албанија. Добро е познато дека нивото на пробив на интернет во земјите во развој е многу пониско во однос на развиениот свет. 

Дигиталната поделеност и натаму е едно од најважните прашања во врска со интернет, а таа ќе стане уште повидлива со неговото сe поголемо распространување. Додека урбаните центри и социјалните групи со повисоко образование и повисоки приходи ќе бидат вклучени во глобалната мрежа преку Интернет, другите ќе останат исклучени. Овие упорни разлики во пристапот до интернет во земјите во развој главно произлегуваат од големите разлики во инфраструктурата на телекомуникациите, недостигот на провајдери на интернет услуги и недостиг на провајдери на интернет содржини. 

Во Македонија, бавниот процес на дерегулација и приватизација и потребата за целосно обновување на телекомуникацискиот систем е дополнителен фактор кој влијае врз растежот на пристапот до интернет. Секојдневно никнуваат нови сајтови на електронската трговија, целокупниот дневен и дел од неделниот печат е на интернет, телевизиските и радио станиците имаат свои интернет сајтови, а првиот обид дигитално да се архивира македонскиот дневен и неделен печат функционира уште од 2000 го покрена Фондацијата Сорос, а го спроведува Институтот Евро-Балкан во Скопје. 

Прашањето на англискиот како доминантен јазик на Интернет претставува уште една пречка, и “иако е идеализиран како инструмент за комуникација на целиот свет, досега интернет главно им служи на оние што зборуваат англиски”. Па така, јазикот како и содржината што можат да се најдат на Интернет можат да претставуваат уште една пречка за луѓето кои не поседуваат доволно ниво на образование, знаења или квалификации, затоа што “само да се има повеќе сурфери на вебот не е еднакво на еднакво поседување на информациски капитал”. Се разбира, Интернет сe уште може да се користи за алтернативните примени, какви што се електронска пошта, членување во разговорни групи и заедници што функционираат на локалните јазици.



EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани како на домашни така и на странски платформи, кои никогаш не биле подостапни.  Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар