Зошто ЕМБРА?
За
Вашиот личен и корпоративен
раст и развој,
нудиме доживотно образование и
нон-стоп обука. Нашите
обуки, консултации и
лепезата на менторски и
советувачки услуги ќе
Ви овозможат да
се здобиете со
навика за проширување на Вашите
знаења која ќе биде Вашиот постојан извор на предност над конкурентите, како на
лично така и на професионално поле.
Изборот
е ВАШ!
Од
широката лепеза на тренинзи и работилници и други услуги во областа на
човековите ресурси – изберете го тоа што Ви е потребно. Во една годишна цена –
избор од над 30 обуки!
Податоци за компанијата:
Консалтинг Центар ЕМБРА Корпорејшн, ДОО Скопје
Овластено лице: Благица
Ризоска Тулов
Контакт лице: Весна (Стојмирова) Алексовска
Адреса: Дренак
4-1/11,
1000
Скопје, Македонија
Телефон: +389
(0) 75 336 540
+389 (0) 70 705
446
Интернет: www.embracorp.com
Методологија на работа
Обуките и услугите ќе биде подготвени и реализирани согласно важечките
интернационални стандарди за управување со квалитет на тренинг и консултански
услуги. Притоа ќе бидат спроведени следните активности:
1. Анализа на
потребите и состојбите со цел утврдување на целите преку работен состанок со нарачателот и скенирање
на работната околина.
2. Доколку е
потребно ќе биде спроведено анкетирање и интервју со вработените/менаџерите со
цел да се дефинираат конкретните потреби за одржување обуки или спроведување на
консултанска услуга.
3. Дизајнирање на
адекватни тренинг сесии и работни вежби
- изготвување на тренинг курикулум кој по потреба се усогласува со
нарачателот.
4. Реализација на
обуката според доставена Агенда (дефинитивната агенда и структура на обуката ќе
биде доставена по завршување на точка 2).
5. Сите учесници ќе
добијаат соодветни материјали за секоја обука.
6. На крај ќе биде
извршена евалуација за успешноста на обуката преку анализа на прашалници од
учесниците.
7. Доколку е
потребно ќе биде спроведена дополинтелна евалуација на имплементацијата на
новите компетенции на ниво на дневна
применливост во работата на учесниците.
8. По завршување на
обуката нарачателот ќе добие Извештај кој ќе содржи:
§ Анализа на
евалуациони прашалници
§
Анализа на текот
на сесиите и краток опис на индивидуалните евалуации на активноста и нивото на
стекнато знаење на учесниците
Понуда на обуки
Менаџмент на промени
Менаџментот
на промени е структуиран пристап на транзиција на индивидуалци, тимови и организации
од сегашната состојба кон некоја посакувана идна состојба. Тој претставува
организациски процес чија цел е да им помогне на вработените да ги прифатат
промените кои настануваат во нивното моментално бизнис опкружување. Искористете
ги нашите процеси за менаџмент на промени за да ја оптимизирате функционалноста
на Вашата компанија и доведете ја продуктивноста на Вашите вработени до ниво на
перфекција.
Ако не
успееш да создадеш промена, промената ќе те создаде тебе.
Стратешко планирање
Исцртај детална
мапа за насоката во која ќе се движи твојата организација во наредните неколку
години (и како ќе стигне таму) со користење на стратешка анализа, стратешко
поставување на насока и акционо планирање. Дестинација? Успех!
Целта без
план е само желба.
Проектен менаџмент
Обидот да
спроведете еден проект без соодветен менаџмент е исто како да играте фудбалски
натпревар без план за игра. Научете како ефикасно да се справите со четирите
основни елементи на проектот: ресурси (луѓе, опрема, материјал); време
(времетраење на задачите, зависности, критичен пат); пари (буџет, трошоци,
непредвидени, профит) и обемот (големината на проектот, цели, барања).
Не им
дозволувајте на проектите да Ви избегаат од раце.
Комуникациски вештини
Развиј ги
своите вербални и невербални комуникации, научи да препознаваш вербални и
невербални гестови и да ги користиш за успешно да ги “прочиташ“ твоите
соговорници, научи да ги употребуваш новостекнатите вештини за да ги подобриш
професионалните и приватните односи, итн.
Доведи ги
недоразбирањата до минимум.
Менаџмент на продукти
Прошири го
твоето разбирање на теоретските и практичните концепти и принципи на
менаџментот на продукти и подобри ја проценката и имплементацијата на сите
аспекти на менаџментот на продукти: планирање на продукти, развој на продукти,
лансирање на продукти, маркетинг на продукти, менаџмент на животен тек на еден
продукт, менаџмент на портфолио на продукт, итн. Производ кој твоите
потрошувачи ќе го сакаат и ценат? Средено.
Презентациски вештини
Презентацијата
на одредена идеја е првиот и најважниот чекор во нејзината понатамошна
реализација. Научете како да бидете добар презентер, како со голема самодоверба
да ја претставите својата идеја на присутните, како да го намалите стресот и
како да пренесете моќна порака за кратко време. Во бизнисот, времето е пари -
искористете го на најдобриот можен начин.
Стрес менаџмент
Научи
ефективно да ги менаџираш своите нивоа на стрес преку дузина забавни
техники/вежби и пронајди го балансот во твојот личен живот, во твојата кариера
и помеѓу твојот личен живот и твојата кариера. Звучи како сон, но овој барем
можеш да го контролираш.
Лидерство
Научи ги
сите основни и/или напредни механизми на: ефективна комуникација, ефективно
планирање, мотивација на вработени, проценка на вработени, советување, водење
со пример, претставување на група, делење на водство; разбери ги потребите и
карактеристиките на групата и групните ресурси, научи како да ја контролираш
групата, како истовремено да бидеш водач и следбеник, и многу други.
Кој вели
дека харизмата не може да се научи?
Истражувачки вештини
Обука која
ќе Ви помогне да ги совладате сите истражувачки трикови и да станете експерт во
аналитичко препознавање на шаблони, собирање и анализа на податоци, критичко
размислување, концептуално размислување, решавање на проблеми, пренос на
знаење, итн.
Ерата на
иновација е тука, и не чека никого.
Организациска Култура
Направете ја
Вашата компанија целосна со креирање на своја организациска култура која ќе ја
користите да ги фокусирате Вашите цели и стратегии кон поуспешен долгорочен
бизнис. Научете повеќе за корпоративните вредности и нивното значење, изградете
корпоративна етика, вредности и правила на однесување кои ќе бидат
карактеристични за Вас и кои ќе изградат јасна и препознатлива слика за Вашата
компанија.
Бидете
повеќе од сумата на Вашите поединечни делови.
Мотивација и задоволство на вработени
Дали твојот
“Најнезадоволен вработен на месецот“ те чини пари? Всушност, да – без разлика
дали ќе останe во твојата организација или ќе
заминe. Намали ги трошоците и зголеми
ја продуктивноста на работната средина со концентрирање на причините за
незадоволството на твоите вработени, преку воведување на фидбек програми;
јасна, концизна и постојана меѓукомуникација; атрактивни пакети за плати и
бенефиции, обука/развој на вработени, формирање на корпоративна култура, и
многу други. Задоволниот и мотивиран работник е тука за да остане и да
напредува, а тоа може само да ѝ користи на твојата компанија.
Следно на распоред:
врвни перформанси.
Ефективна тимска работа
Тимската
работа е основа за успех на секој бизнис. За да ги остварите своите замисли,
потребно е да изградите тим кој ќе функционира беспрекорно, кој ќе има
потенцијал да победува и да ги извршува своите задачи во предвидениот рок. Без
разлика дали сте на раководна позиција, вработен или индивидуалец кој сака
лично да напредува, оваа обука ќе Ве научи како да изградите и како да бидете
дел од високо успешен тим кој е хармоничен, усогласен и единствен.
Тимска
работа = Помалку “јас”, повеќе “ние”.
Емоционална интелигенција
Менаџментот
на емоции станува сѐ понеопходен во денешниот брз, динамичен свет. Научи да ги
контролираш своите чувства, научи да го извлечеш максимумот од оние кои не
можеш да ги контролираш и научи како ефективно да ги користиш и едните и
другите.
Стани
господар на оној краток интервал на одлука меѓу стимулансот и твојата реакција
на истиот.
Асертивност
Обуката за
асертивност нуди алатки и методи за користење на асертивноста во личниот и
професионалниот живот, низ теорија, практични вежби, психолошки тестови,
дискусии и аудио-визуелни методи.
Запознајте
се со разликите меѓу асертивност и агресивност. Препознајте ја и прифатете ја
својата асертивност и асертивноста на другите.
Маркетинг планирање
Одреди ги
твоите маркетинг цели и развиј стратегии кои ќе го поддржат исполнувањето на
тие цели, формирај го профилот на твојот потрошувач, дознај ги бенефициите од
твоите продукти/услуги, најди ја твојата позиција на пазарот, дефинирај ги
твоите маркетинг тактики и твојот маркетинг буџет.
Следно:
Мирна пловидба.
Менаџмент на човекови ресурси
Пријави се и
достигни го следното ниво со дополнително развивање на твоите организациски
вештини, вештини за менаџмент со време, вештини за посредување и мултитаскинг
вештини; зголеми ја твојата ефикасност и твојата бизнис етика; научи како да се
ориентираш кон тимот и стратегијата, итн.
Ролјата на
HR професионалците еволуира рапидно – време е да бидете во тек.
Разрешување на конфликти
Како да
направиш компромис и да одбереш помеѓу две работи кои подеднакво ги посакуваш?
Како да третираш конфликти од различен карактер? Со кои конфликтни ситуации да
се соочиш директно, а кои да ги избегнуваш/одложуваш? Дали има трета
алтернатива? Дали има четврта? Овие прашања, и многу други, ќе бидат одговорени
на нашите тренинг сесии.
Време е да
го ставите конфликтот на листата на загрозени видови.
Трансакциона анализа
Целта на
промена во трансакциона анализа е свесност, спонтаност и блискост.
Запознајте
се со психолошката техника преку вежби и тестови кои ќе ви помогнат да го
разберете концептот на трансакциона анализа и како да ги користите методите и
алатките од неа во работата и животот.
Игри и рекетирање
Кога
зборуваме за игри, размислуваме за спонтаност и забава, но во Трансакциона
анализа игрите имаат негативно значење. Играта започнува со различен стимуланс
и вклучува скриени пораки на кои не постои директен одговор.
Разберете ги
видливите и невидливите игри, разјаснете ги основните карактеристики на
свесните и несвесните игри, препознајте ги улогите на жртви, спасители и
обвинители. Научете како да се справите со рекетирање.
Креативно размислување
Методот кој
се применува во оваа обука го користат најголемите светски компании (Shell,
Ericsson, Dipon, Unilever, American Standard, British Air, Procter &
Gamble, AT&T, итн.) за подобрување на ефективноста на нивните вработени.
Биди првиот бастион на креативност од овој тип во регионот и научи како да
размислуваш латерално, како да донесеш подобри одлуки и решенија за твојата
компанија користејќи го креативното размислување, како да го искористиш
латералниот пристап за да се одвоиш од конкуренцијата, како да размислуваш
поефективно во група, како да произведеш креативност по потреба, како да
генерираш идеи, како да преминеш од позната идеја кон создавање нови идеи, како
да им пристапиш на проблемите поврзани со перцепцијата, како да решаваш
проблеми на индиректен и неконвенционален начин, како да ги испланираш своите
мисловни процеси да бидат детални и кохезивни, итн.
Маркетинг вештини
Научи сѐ што
има да се научи за планирање на маркетинг и продажба; составување на врвни
маркетинг планови; рекламирање по веб страни, весници, магазини, електронски
изданија, социјални мрежи исл; пишување и смислување на реклами и останати
промотивни материјали; користење на околината и твоите бизнис процеси како
маркетинг алатки, итн.
Направи го
маркетингот забавен, каков што и треба да биде.
Како да создадете препознатлив бренд
Издвојте се
од масата и бидете препознатливи и оригинални. Научете како да ја зголемите
препознатливоста на Вашата фирма и на Вашите производи и како да создадете лого
кое им зборува на Вашите потрошувачи, научете сé за бренд и брендирање и
овозможете ѝ на Вашата компанија зголемен профит, лојални клиенти и долгорочна препознатливост во општеството и
во светот.
Компанија
без лого е како човек без лице.
Претприемачки вештини
Пронајди ги
твоите силни и слаби страни и нурни се во светот на поставување цели, планирање
и организирање, носење одлуки, менаџирање буџети и финансии, менаџирање на
време итн. и максимизирај ги твоите можности.
Твојот
бизнис ќе биде спремен за следното ниво додека да трепнеш.
Финансии за менаџери
Со оваа
обука менаџерите ќе ги разберат финансиските процеси и нивното влијание врз
одлуките на менаџментот. Исто така ќе научат да ги поставуваат вистинските
прашања за успешно креирање, презентирање, мониторирање и менаџирање на буџет.
Обуката овозможува и познавање од преговарачки вештини во однос на финансиски ресурси, комуницирање на
финансиска информација и резултати до заинтересирани страни, надредени, колеги
и членови на тимот, и препознавање на релациите во примарниот финансиски
извештај со калкулирање и анализа на релевантни финансиски односи.
Продажни вештини
Пробиј ја
твојата нормална продажна бариера: завладеј со уметноста на ефективната
комуникација и решавањето на проблеми и научи сѐ за убедлива продажба,
компетитивна продажба, самомотивација, самодоверба, самопрезентација, директно
јавување без најава, продавање на менаџери и директори, успешно менаџирање на
динамиката продавач/купувач, итн.
Следен
чекор: Продавање снег на Ескими.
Управување со залихи
Со активно
учество преку примена на динамични интерактивни вежби и работи во група, работа
на случаи, разработка на процесни
постапки и предлози за воведување дополнителен кавлитет во менаџментот со
залихи, ќе се настојува учесниците на ефикасен начин да се стекнат со применливи вештини. Овие
достигнати вештини воедно ќе бидат трајна придобивка за учесниците за
подобрување на личните успеси и резултатите во работата.
Бизнис планирање
Обуката
овозможува идентификување на суштински состојки потребни за успешен бизнис
план, го поврзува бизнис планирањето со стратешкиот план на компанијата
фокусирајќи се на приоритети и резултати и овозможува проценка на ризиците во
планот и креирање на менаџмент стратегии за спречување и справување со ризици.
Преговарачки вештини
Професионалната
комуникација значи справување со луѓето на пријателски, разбирлив,
конструктивен и убедлив начин. Со унапредување на комуникациските вештини, се
добива компетитивна предност и поголем профит. Целта на оваа обука е да се
разберат аспектите на влијание при комуникација и преговарање, да се разбере
начинот на кој комуницираме, улогите во кои влегуваме при комуникација и како
да се справуваме со тешки луѓе на конструктивен начин со докажани процеси и
техники.
Менаџирање со тимови
Подобро
менаџирање на компанијата со примена на модерните техники и алатки за
управување. Исто така подобро разбирање на вработените и колегите и запознавање
на себе си до патот кон ефикасен менаџер. Ние целиме да ги пренесеме
фундаменталните знаење за вештини за тимска работа во позитивна и конструктивна
работна атмосфера.
Менаџирање со време
Оваа обука
ви нуди различни алатки и методи за менаџирање со време и ќе ви помогне да
станете поефективни и поефиаксни со фокусирање на активностите од кои имате
најголема корист и напредок.
Заштедете не
само време, туку и финансиски ресурси и направете ја вашата работа
попродуктивна.
Само-мотивација
Во текот на ова обука
ќе бидете во можност да ги зголемите вашите знаења во врска со универзалните
аспекти на човековата мотивација. Мотивацијата
е клучна при зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста во
професионалниот, но и во личниот живот.
Ќе бидете во можност
за се запознаете и да ги испробате практичните решенија и алатки за зголемување
на само – мотивација и мотивација на
колеги и вработени. Достигнете го својот потенцијал
во личниот и професионалниот живот.
Деловна етика
Деловната
етика вклучува едукација за тоа што е правилно, а што не и како да се направи
она што е правилно. Деловната етика е концепт и значи различни нешта за
различни луѓе, но генерално важно е да се знае што е правилно, а што неправилно
однесување на работа.
Успешно делегирање
Откријте кој
е вашот став кон делегирање на обврски и работни задачи. Запознајте се со
придобивките од делегирање и како да ги избегнете проблемите при делегирање.
Научете што
се делегира, а што не и на кој може и на кој не треба да делегирате. Оваа обука
ќе ви помогне да разберете зошто делегирањето е клучен дел од менаџирањето на
која било работа без разлика дали е во професионалниот или во личниот живот.
Решавање на проблеми
Оваа обука
нуди алатки и методи кои ќе ви помогнат во разрешување на проблеми во личниот и
професионалниот живот. Дефинирајте ги и разберете ги проблемите,
идентификувајте ги причните кои предизвикуваат проблеми, запознајте се со
типовите на проблеми и со начините на нивно разрешување.
Подобрете ги
своите вештини и надминете ги бариерите кои стојат на патот кон вашиот
напредок.
Развој на кариера
Развиј
мноштво корисни алатки преку вежби и тренинзи и напредувај во кариерата: биди
подобар во мултитаскинг, развиј подобар фокус, научи да се концентрираш на
конкретната задача, подобри ги своите интерперсонални вештини, научи подобро да
се справуваш со своите емоции, итн.
Развивај се,
и твојата кариера ќе се развива со тебе.
Сакате да сте на врвот?!
Вредноста на личноста не потекнува од
неговото материјално богатство. Личноста се гради постепено во текот на целиот
живот. Инвестирањето во себе е долгорочна инвестиција која Ве следи цел живот.
Успешен е оној кој ќе зачекори по вистинскиот пат.
Оваа понуда на обуки содржи современи
програми кои за прв пат се применуваат во Република Македонија и кои ќе Ве
издигнат неколку скалила погоре во Вашиот напредок.
Изберете го Вашиот пат до успехот, ние сме
тука да бидеме Вашиот патоказ!
ФИНАНСИСКА ПОНУДА
Финансиската понуда ќе Ви биде
доставена на Ваше барање според Вашите потреби и нарачка.
Логистика
· Обуки за до 10 учесници во просториите на
ЕМБРА Корпорација – Киро Крстевски 15/12, Кисела Вода
· Обуки над 10 учесници/ до 20 учесници – во
просториите на Вашата компанија или во изнајмени простории по Ваш избор и
обврска.
·
Материјали за обуки – обезбедени од ЕМБРА
Корпорација.
·
Обучувачи – обезбедени од ЕМБРА Корпорација
по Ваш избор од 30 експерти.
·
Не се вклучени дополнителните трошоци како сместување, храна и патни
трошоци.
Бонус услуги
· Со нарачка на годишна програма за 12
дводневни обуки, добивате бесплатно профилирање, преку тестирање на 3 вработени
во Вашата компанија.
· Со нарачка на годишна програма за 24
дводневни обуки, добивате бесплатно профилирање, преку тестирање на 6 вработени
во Вашата компанија.
· Со нарачка на годишна програма за 36
дводневни обуки, добивате бесплатно профилирање, преку тестирање на 10
вработени во Вашата компанија и бонус настан за Градење на Тим за 20 луѓе.
Понатамошно
може да преговараме за бројот на тренери, часови и сесии и во зависност од
вашите потреби и во согласност со промените секако ќе настанат и промени во
цената за одржување на обуките.
Се надеваме дека
оваа понуда одговара на вашите очекувања и дека истата ќе биде земена во
предвид за понатамошно разгледување.
Стоиме на
располагање за сите дополнителни информации.
Со почит,
Благица Ризоска
Тулов
Извршен директор на Ембра Корпорација
Нема коментари:
Објави коментар