петок, 22 ноември 2013 г.

Понуда за дводневен настан за Градење и развој на тим - ЕМБРА е дел од Вашиот тим


Станува збор за организиран настан кој може да се одвива во отворен или затворен простор во зависност од потребите и временските услови и вашите очекувања.

Цели на обуката:
Градење на тим, јакнење на интерперсоналните релации, подобрена комуникација помеѓу тимови, зголемување на меѓусебната доверба, подобрување на вештините за управување со време, аналитичко размислување, решавање на проблеми, управување со стрес, емоциии и конфликти, мотивација и задоволство на работно место, подобрување на менаџерски и организациски вештини.
Настанот ќе опфаќа 2 претпладневни и 2 попладневни сесии (четири сесии на ден или вкупно 8 сесии) кои се однесуваат на различни теми и се состојат од интерактивни игри и рефлекција од истите во правец на зголемување на свесноста за тимската работа, јакнење на тимскиот дух и меѓусебната комуникација. Од понудените сесии и вежби можат да се прават различни комбинации на тимски настани, во зависност од вашите потреби. Секоја сесија е предвидено да трае час и половина. После секоја сесија би имало пауза за освежување а после втората сесија, би била паузата за ручек.

Предлози за активности
Во прилог ви доставвуаме предлози за тимски игри кои ги опфаќаат темите кои се напишани во вашето барање. Во зависност од условите и потребите може да направиме најсоодветен избор според групата на луѓе, динамиката на групата, временските услови итн. Имајте во предвид дека ова е само дел од вежбите кои сметавме дека се најсоодветни, како и да е располагаме со серија на други вежби и активности кои исто така можат да бидат вклучени доколку е потребно.
1. Тимбилдинг сесија "Bahmadi Цвет"/Вежба за тимска работа, креативно мислење, аналитичко резонирање, правење стратегија, подобрување на интерперсонални односи, менаџмент на време
Учесници: 8-10 учесници во секоја група.
Времетраење: 60-90 минути, во зависност од тоа колку брзо тие го ќе го решат проблемот.
2. Лавиринт/Вежба за подобрување на координација на тимските играчи, почитување на правила, следење на инструкции, лидерство во тимот, менаџмент на промени.
Учесниците се делат во 4 тимови по 10 до 12 учесници.
Тимот што прв ќе го најде излезот од лавиринтот е победник.
Времетраење: 30-45  минути, во зависност од тоа колку брзо тие го ќе го решат проблемот
3. Зона за спуштање-вежба за менаџмент на промени, тимска работа, комуникација во тимот, стрес менаџмент, лидерство во тимот, менаџмент на време.

Времетраење: 30 минути во зависност од големината на групата и капацитетите на учесниците.

4. Еден збор-интерактивна вежба со балони за откривање на сопствените потенцијали за позитивно мислење, етичко однесување, менаџмент на стрес и конфликти.
Времетраење: 30 минути во зависност од големината на групата и капацитетите на учесниците
5. Кула од луѓе-интерактивна вежба за моќта на позитивното мислење, доверба во тимот, тимска работа.
Времетраење: 30 минути
6. Вежба за запознавање на учесниците, подобрување на интерперсоналните односи, комуникациски вештини.
Времетраење: 45 минути

7. Дефинирање на тимови: Зелени зеленчуци-интерактивна вежба за зголемување на свеста за ефективноста на тимската работа, размената на идеи во тимот и донесувањето на одлуки во тимот.

Времетраење: 45 минути
8. Развој на креативност во тимот, менаџмент на промени во тимот, етичко однесување, менаџмент на време, менаџмент на стрес, менаџирање со ресурси -тимска вежба со фрлање на живо јајце во далечина
Времетраење: 30 минути

9. Прашалник за проценка на нивото на развој на тимот (Формирање, бура, нормирање и ефективно работење)

Учесниците одговараат на прашалник за себе-евалуација за нивото на развој на нивниот тим. Потоа се дискутираат карактеристиките на секој фаза од тимот и се предлагаат решение како тимот побрзо да се развие.

Времетраење: 30 минути



10. Градење на кула од хартија-интерактивна вежба за развој на тим и менаџмент на промени во тимот, подобрување на комуникацијата во тимот, аналитичко мислење, управување со ресурси.

Времетраење: 30 минути

11. Улоги во тимот, дефинирање на разликите во тимот, превенирање на конфликти, подобрување на комуникациските вештини -Вежба: Кујнска полица
Преку дискусиите се откриваат тимските улоги и лидерите во групата.
Времетраење: 60 минути
12. Проценка на сопствената улога во тимот-себепроценка со користење на прашалник Белбин
Учесниците пополнуваат прашалник за себепроценка на тимските улоги. Потоа се дискутира за секоја поединечна улога, кои се предностите, слабостите и најсоодтвените задачи кои треба да ги работи поединецот во секоја од улогите.
              
Времетраење: 30 минути

13. Приказната за Пепелашка од различни улоги и перспективи, вежба за зголемување на свесноста за различните улоги и перцепции во тимот, значењето на различните луѓе во тимот, превернирање на конфликти, подобрување на комуникациски вештини.

Времетраење: 60 минути

14. Стилови на комуникација (Акција, Процес, Луѓе, Идеи-прашалник за самостојна проценка на стилот на комуникација по методологија на Неуролингвистичко програмирање-НЛП)

Учесниците го утврдуваат својот стил на комуникација преку прашалник за самопроценка. Потоа се рефлектира зошто доаѓа до пречки во комуникација во секојневното работење, зошто доаѓа до конфликти и како да ги разбере подобро другите со цел да бидеме поуспешни во комуницирањето.

Времетраење: 30 минути

15. Пронајди ја паричката-интерактивна вежба за тоа како наградата влијае на мотивацијата во тимот и задоволството од работата.

Времетраење: 20 минути

16. Јајце, морков и кафе-интерактивна презентација за видови на луѓе кои треба да бидат мотивирани во тимот

Времетраење: 40 минути

17. Погоди ја метата-интерактивна вежба за поставување на видливи цели, градење на стратегија, организациски и менаџерски вештини.

Времетраење: 30 минути

18. Танц со препреки-интерактивна вежба за разбирање на разликите во лидерските стилови
Времетраење: 45 минути

19. Зачин на животот (Вежба за лидерски вештини, поставување на цели, мотивација, визуелизација, визија, баланс)
Времетраење: 45 минути
20. Балон на емоции-интерактивна вежба за откривање на значењето на емоционалната интелигенција во работата со луѓе, стрес менаџмент
Времетраење: 60 минути

21. Етикети: Интерактивна вежба за справување со лутина и фрустрација, менаџмент на конфликти, стрес менаџмент.

Времетраење: 30 минути

22. Тимски игри без граници

Во оваа игра учесниците во еден тим – група треба да направат колку што може повеќе задачи од листата за да соберат повеќе поени. Некои од задачите може да ги направат и сами одредени членови на тимот, а за некои е потребна и помош од другите. Тимот – групата со најмногу поени е победник.
Модераторите ќе го следат изведувањето на задачите и при непочитување на правилата и неизвршување на задача според инструкциите ќе минусираат поени и ќе запишуваат поени за секоја добро извршена задача.

23. Загубени на месечината – дополнителна игра

Вашиот вселенски брод падна на месечината. Имате закажано да се видите со големиот вселенски брод од кој сте тргнале на 200 километри од местото каде паднавте. Опремата е уништена но имате 15 нешта што се останати и се наведени во листата подолу.

Вашето преживување зависи од тоа да стигнете до местото на состанокот со големиот вселенски брод и треба да изберете што ќе земете од тоа што е останато од бродот. Треба да ја одредите важноста на секој од продуктите што ги имате на раполагање за да може да одлучите што да земете со себе. Одредете ја важноста со тоа што ќе ставите 1 на најважното, 2 на помалку важното и така натаму до 15 на најмалку важното.



ФИНАНСИСКА ПОНУДА

Вкупниот износ за одржување на дводневиот тимски настан изнeсува  79.650 денари, со вклучен ДДВ. Оваа цена се однесува на максимум 30 учесници. Во цената се вклучени хонорарите  за два тренери/фацилитатори, еден асистент/логистика за време на настанот, сите потребни материјали за обуките и печатени материјали  за потребите на обуките. Не се вклучени дополнителните трошоци како сместување, храна и патни трошоци. Понатамошно може да преговараме за бројот на тренери, часови и сесии и во зависност од вашите потреби и во согласност со промените секако ќе настанат и промени во цената за одржување на обуките.

Се надеваме дека оваа понуда одговара на вашите очекувања и дека истата ќе биде земена во предвид за понатамошно разгледување.

Стоиме на располагање за сите дополнителни информации.
Со почит,
Благица Ризоска Тулов
Извршен директор на Ембра Корпорација

Телефони за контакт: +389 70 705 446 / +389 75 336 540


Нема коментари:

Објави коментар