понеделник, 21 март 2011 г.

Политика на започнување со нов бизнис


Во неодамнешната Бела Книга во врска со конкуренцијата, се вели дека, "Развој на претприемничката култура во Велика Британија е во фокусот на Белата Книга … И кога претприемачите, во било кое доба, се подготвени да отпочнат, владата ќе биде подготвена да им понуди помош и совет… постојат многу работи кои владата може да ги стори за да ги охрабри иновативните почетници во почетните години". Ова означува значајна пресвртница во политиката на владата за поддршка на развојот на започнувањето со бизнис, којашто во 90-тите години постепено ја напушташе поддшката за отпочнувањето со бизнис. 

Беа воспоставени Бизнис Линк (врски) од 1992 наваму со цел да се посочи развојот на бизнисот кај постоечките фирми коишто вработуваат повеќе од 20 лица, со потенцијал за понатамошен развој. За разлика од тоа, во октомври 1998, минситерот за трговија и индустрија објави, дека " во рок од три години тој сака партнерствата на Бизнис Линк да даваат соодветни услуги со висок kвалитет на 10.000 иновативни фирми коишто отпочнуваат со бизнис и коишто имаат потенцијал на растење " 

Прашањето дали владите треба да ги подржуваат новите претприемачки активности, беше предмет на некои академски расправи. И покрај прифаќањето дека значителен број на нови работни места се создаваат преку основање на нови фирми (иако можеби не на такво грандиозно ниво како што изјави Birch) поддршката на новоформираните бизниси во литературата беше предмет на академска критика. Тоа е делумно и поради тоа што се дојде до сознание дека само неколкуте од новите фирми растат и ги создаваат сите работни места. Слично на тоа се увиде дека големиот дел од новите фирми не преживуваат. Според Stanworth i Gray, 36% од сите регистрирани фирми коишто плаќаат ДДВ се гаснат во период од наредните три години по нивното регистрирање. Освен тоа, политиката на започнување на фирми-ќерки е тешко за оправдување, делумно и поради проблемите коишто се поврзани со турбулентноста и природата на битните пропорции на нови фирми. 

Според Storey i Strange "повеќе од една четвртина на сосема ново основани фирми во Кливленд во 1980-тите години беа фризерски салони или од областа на трговија со автомобили... Тоа не изгледаше дека ќе биде силна база за долгорочен развој во економијата на земјата". Со цел на обиди за надминување на тие проблеми коишто беа откриени при основањето на нови фирми, постоеше и зголемено нагласување на иницијативи на политиката, насочени кон основаните фирми, заедно со насочената поддршка на потенцијални компании со невиден раст. 

Постоше цврст доказ дека, поради познатите високи нивоа на турбуленции во стапките на раѓање и смртност кај формирање на нови фирми, давањето на подршка при формирање на нови фирми може да биде контрапродуктивно. На пример, Cressy i Storey покажаа дека процентот на неуспешни нови бизниси е многу висок. Помалку од 30 % од нивните мостри преживеаа подолго од 6 години од нивното основање во периодот од 1988-1994 година. Тие бројки, како и пропратнниот висок степен на турбуленции, се слични со јавно објавените стапки на пропаѓање на новоотворените фирми. Тие високи стапки на неуспех на новите фирми даваат поткрепа на оние коишто го поддржуваат мислењето на Storey, а тоа е, дека агенциите за подршка треба да се концентрираат врз поддршката на фирмите коишто се шират, а коишто можат да се одредат по првите 2-3 години во врска со следењето на нивното работење. Многу е силен аргументот да не се поддржуваат новоосновани фирми, бидејќи е невозможно да се дискриминира во првичниот период од 2-3 години на нивното работење, кога бројката на пропаѓање на новоосновани фирми и така е голема. Инвестирањето на општествените финансии во поддршка на формирање на нови фирми стана значително непопуларно откога тој аргумент се здоби со својата основа. Инвестирањето на јавни финансии за поддршка на формирање на нови фирми стана значително непопуларно откога тој аргумент се здоби со својата основа. 

Сепак, развој и давање на поддршка на новоформираните бизниси можеби се чини дека е спротивно на субстанцата на современото академско размислување. Во честопати цитираната аналогија, Storey го споредуваше давањето на поддршка на нови бизниси со "лотарија, во којашто шансите за добивка не се добри". Основата за такво размислување се базира врз тоа, дека покривањето на програмите за отпочнување со бизниси како Enterprise Allowance Sheme (EAS) сеуште не резултирала во значително нагласување на квалитетот на почетоците на фирмите и можеби ги охрабрила и започнувањето со бизнис на фирмите од низок квалитет. Познато е дека големото мнозинство на новоотворените фирми создаваат многу малку работни места (Storey 1994). Сепак постоеа мислења дека трошоците во врска со можността на таква поддршка при започнувањето е висока, бидејќи внималтелното одредување на јавните фондови (во форма на поддршка за претпријатијата) кај помал број на фирми со високи перформанси на развој коишто се почетници, резултираат во многу поефикасен начин на поддршка на развој на новоотворени фирми. 

Можеби е вредно да се прошири аналогијата на лотаријата по ист пат како во Storey-евата колумна. Тој аналогијата ја развива понатаму, споредувајќи ја поддршката на нов бизнис во јавниот сектор со јавнувањето на коњи на почетокот на трката, кадешто шансите (на преживувае односно раст) се непознати. Земајќи ја буквално аналогијата, би било подобро, да се јавнат коњите по одредениот број на поминати пречки. А тоа значи давање на поддршка на бизнисот после периодот на започнување, кога големиот број на неуспеси, се материјализираат заедно со тој период. 

Брзо-растечките фирми исто така се материјализирани и таков успешен нов бизнис може лесно да биде одрден за доделување на поддршка. Storey предлага дека тоа треба да биде после првиот 3-годишен период на работење. Се до неодамнешната Бела Книга, политиката се ориентираше кон давање на поддршка после почетокот, како што е опишано во Business Links. И покрај политиката, еден преглед на поддршката на почетокот на бизнисот заклучи дека постои јасен случај за поддршка на почетните бизниси. Тој случај е појак во регионите каде што стапката на започнувањето со бизнис се смета за пониска за да се одржи во живот во локалното економско опкружување, т.е. во регионите како што се Норт, Велс и Шкотска. 


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар