среда, 23 март 2011 г.

Говор на тело: Распоред за седење на маса


Стратешко позиционирање во односите со други луѓе е ефективен начин за да се постигне нивната соработка. Аспекти од нивните ставови кон вас може да се откријат од позицијата што тие ја заземаат во врска со вас. Mark Knapp во својата книга „Невербална комуникација во човечките односи“, забележал дека иако постои општа формула за интерпретација на позициите на седење, околината може да има влијание на одбраната позиција. Истражувањата водени со белите Американци од средна класа покажале дека позициите на седење во јавен бар на хотел можат да се разликуваат од позициите на седење во елитен ресторан. Големо влијание на однесувањето додека седиме има насоката кон која столчињата се завртени, како и растојанието помеѓу масите. На пример, интимни девојки сакаат да седат еден до друг каде е тоа можно, но во преполн ресторан каде масите се близу до друга ова не е изводливо и двојките се принудени да седат еден спроти друг, а тоа е всушност одбранбена позиција. 

Заради тоа што постои широк опсег на смирувачки околности, примерите примарно се однесуваат на аранжманот на седење во канцелариска средина, притоа користејќи стандардна правоаголна маса. Лицето Б може да заземе четири основни седечки позиции во однос на лицето А.


Б1: позиција под агол
Б2: позиција соработка
Б3: конкурентска-одбрамбена позиција
Б4: позиција независност


Во наредните постови ќе следуваат подетални информации за секоја позиција на седење поединечно.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, советување за административните процеси во човековите ресурси, обука за администрација во човековите ресурси, ИТ решенија за администрација во човековите ресурси  и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
  


Нема коментари:

Објави коментар