
Успешното креирање на брендот е придружено од стратегијата која вклучува детално користење на брендот и контрола на настанот, како на стадионите така и преку медиумите. Сеопфатната имплементација на идентитетот на брендот цело време го засилува самиот идентитет на натпреварувањето и го утврдува истото во свеста на Европските фудбалски фанови, со што се засилува легитимноста на натпреварувањето кое треба да го даде најдобриот клуб во Европа. Ова ја зајакнува улогата на UEFA во организацијата на натпреварувањето. За да се комплетира виртуозниот круг, спонзорите и емитерите имаат крајни финансиски бенефиции од соработката со натпреварувањето.
МЕМАЏМЕНТ НА ИДЕНТИТЕТ НА НАСТАНОТ
Имплементацијата на централниот маркетинг концепт може најсилно да се идентификува во спортската арена. Во основа ова беше еден од најконтроверзните аспекти од развојот на Лигата на шампионите. Традиционално, Европските фудбалски клубови имаат висок степен на комерцијална и организациона автономија. За Лигата на шампионите стадионите стануваат сопственост на UEFA/ТЕАМ и притоа сите стадиони се уредени на ист начин и според "иста мода". Во почетокот ова предизвикало одреден степен на несогласување со натпреварувачките клубови, како што Campbell Ogilvie of Rangers FC објаснува: "Во раните денови имаше ситуации кога клубовите чувствуваа огорченост кон групите кои им кажуваа како да ги организираат натпреварите на нивните сопствени стадиони. Клубовите беа во постојан конфликт со UEFA и ТЕАМ". Меѓутоа, вредноста на трансформацијата беше препознаена од клубовите, како што и самиот Ogilvie забележал: " За среќа, пакетот беше навистина првокласен и концептот за партнерство со UEFA Лигата на шампионите мора да се смета за една од најуспешните фудбалски приказни".
Стадионите се уредени на ист начин и покрај тоа што имаат различна архитектура. Сите постоечки реклами на стадионите се отстранети или покриени и секој ред од стадионот е обвиткан со динамична верзија од "starball" симболот во едноставна црно-бела боја. Пред почетокот на секој натпревар, огромна топка од ѕвезди го покрива целиот централен круг. Во моментот кога тимовите се појавуваат на теренот, ѕвездената топка се крева и се тресе за да генерира едноставен но возбудлив ефект. Истовремено, химната на Лигата на шампионите Zadok The Priest се пушта преку звучниот систем на стадионот. Како што Vic Wakeling-менаџмент директорот на British Sky Broadcasting, наведува: "Тоа е бренд кој фудбалските фанови го препознаваат. Тие велат "Тоа е Лигата на шампионите; се емитува на Sky; супер е". Тоа се детали во кои тие навлегуваат. Во 8.45 во вторник и во среда, вие гледате во нашите осум екрани, сите тимови се во тунелите и сите излегуваат во исто време. Вие го гледате сето ова и си помислувате, ова е навистина прекрасно. Кој го прави ова возможно? Тоа е ТЕАМ заедно со UEFA. За некој како нас, кој сака да ги постави сите осум екрани, за да ги гледа сите играчите како излегуваат, за да ги гледа сите играчи како стојат во линија, за да го види моментот кога започнува играта...тие го прават нашиот живот полесен".
Спортските организатори го имаат логото "starball" на јакните, а играчите на ракавите од нивните дресови. Сите карти за натпреварите и пропусниците се брендирани и вклучуваат различни логотипови од спонзорите и снабдувачите. Постои и заеднички простор за гостопримство кој е брендиран како "Champions Club".
Професионализмот со кој е имплементиран маркетинг концептот на Лигата на шампионите е широко препознаен внатре во UEFA и од страна на натпреварувачките клубови: "Натпреварувањето-играчите го обожаваат, го сакаат амбиентот, ги сакаат дресовите, ја сакаат атмосферата. Различно е од било која лига, ова е една повисока класа. Се работи за најдоброто натпреварување на светот, барем во клубски поглед. Тие се пресреќни поради големината на натпреварите, исто како и публиката, ова натпреварување е организирано многу подобро од било која домашна лига. И за клубовите, кои сега се бизниси, тие добиваат многу пари......и ако мораат се да организираат сами и да одат да пронаоѓаат агенции, зошто тие тоа да го прават, кога ние ја испорачуваме таа работа? Тоа е нашата цел, ние мораме да го правиме тоа, бидејќи сме свесни дека на денот кога ние нема да го испорачаме она што се очекува од нас, некој друг може да го направи истото". (Phillippe Le Floc’h, Director, Marketing and Media Rights, UEFA, персонално интервју, 19 Ноември 2004).
"Имам работено одблизу со нив (UEFA), на натпреварите од Лигата на шампионите и бев домаќин на финалето на Old Trafford, и мислам дека е одлично организирано тело. Тие имаат добри професионалци, имаат микс на луѓе кои го разбираат фудбалот и се во него многу долго време, и според мое мислење UEFA претставува една ефикасна структура што е очигледно од одличната Лига на шампиони". (David Gill, Chief Executive, Manchester United, персонално интервју, 28 Јануари 2005.)
"UEFA, тие тоа го прават добро. Лигата на Шампиони е перфектно менаџирана: презентацијата, комерцијализацијата, изгледот на стадионите, едноставно посебно натпреварување кое е направено на многу, многу добар начин". (Rick Parry, Chief Executive, Liverpool FC, персонално интервју, 17 Февруари 2005)
"Мислам дека се примени од страна на клубовите како организација која испорачува високо квалитетна работа. Поправија одредени работи кои не им се допаѓаа кај клубовите уште на почетокот. Мислам дека си ја извршуваат работата многу добро. Некој секогаш ќе мора да ја работи оваа работа. А тие во овој момент ја работат на највисоко можно ниво". (Thomas Kurth, General Secretary, G14, персонално интервју, 18 Јануари 2004.)
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Димитриевска Весна
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар