четврток, 18 август 2011 г.

Седум совети како да продадете на големите бизниси

 
Што всушност Ви е потребно за да продавате на големите корпорации?

Голем дел од малите компании прават некои основни грешки во обидот да продаваат на големи компании во земјата и странство. Еве неколку совети како да успеете да слетате на големото корпоративно тло: 


1. Завршете си ја домашната работа. Подготвените претприемачи знаат какви производи и услуги потенцијалниот клиент користи и какви можат да му понудат. Тие ја имаат испитано конкуренцијата и се подготвени да објаснат зошто влегувањето во бизнис со нив е подобрата опција.

2. Бидете спремни со Вашиот “краткок осврт”. Краткото резиме е повеќе од корисно во големите, глобални корпорации посебно во периодот на нарачки. Советот е да бидете спремни да објасните со што се занимавате и зошто сте Вие подобриот избор во целост од 30 до 60 секунди. Искуството покажува дека повеќето компании го користат прашањето ”Што и е потребно на Вашата компанија?”, наместо користејќи ги фразите “Ова е дејноста што ние најдобро ја работиме.” и “Затоа сме ние подобрата алтернатива”.

3. Средете си ги добро финансиите. Бидете сигурни дека големите компании ќе направат контрола на Вашите финансиски и кредитни способности, при иницијалниот контакт и потоа на редовна основа. Тие го гледаат работењето со малите бизниси како работа со ризик па затоа ако нивната контрола покаже дека сте во црвената зона, голема е веројатноста дека ќе го изгубите клиентот.

4. Бидете спремни да ги исполните ветувањата. Ако го немате производниот капацитет за продажба на голем национален ланец тогаш тоа треба да го потенцирате. Искуството покажува дека големите компании сакаат да склучат подолгорочни односи, а не да прават само повремени купувања, па затоа бидете сигурни дека сте способни да го доставите капацитетот што им е потребен.

5. План за понатаму. Купувачите се секогаш зафатени. Бидете малку упорни – но не премногу – и купувачите ќе си формираат сериозна слика за Вас. Напуштете го состанокот со прашањето “Кој е најдобриот начин да останеме во соработка и понатаму?”.

6. Направете професионални визит карти. Една шега за визит картите ја кажува вистиниата: “Плаќате за двете страни на картичката, па искористете ги.”. Додадете специјална понуда на задната страна, не заборавајте да вметнете секаква професионална лиценца што ја поседувате и секако вашата адреса. Картичките само со Вашето име, името на компанијата и Вашиот меил не го претставуваат Вашиот бизнис доволно професионално.

7. Направете корпоративна е-маил адреса. Ништо не ги одбива големите клиенти како што тоа го прави формат на меил како следниот “kirodirektorot@yahoo.com“. Совет: Креирајте си професионална е-маил адреса што одговара на името на Вашата компанија.

Ќе продавате ли на големи компании оваа година?

 
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Следете не на нашата официјална Facebook страна



Нема коментари:

Објави коментар