вторник, 16 август 2011 г.

Нeпарична мотивација - како да ги мотивирам вработените без да им покачам плата


Иако постојат различни теории за мотивација и различни начини на мотивација, важно е да се напомене дека организацијата мора да ја препознае важноста на мотивацијата на своите вработени. Накратко, мотивацијата е главна причина за добро или лошо извршување на задачите и целокупната работа во компанијата. Се тргнува од претпоставката дека ако вработениот е мотивиран за работа и задоволен од своето работно окружување клиентите, купувачите и гостите исто така ке бидат задоволни, а организацијата успешно ќе работи. 
 
Во услови на глобалниот пазар, поточно во земјите со развиена економија, кога се поголем дел од приходот се оставарува во секторот на услуги, и кога дури и традиционално производните претпријатија своите купувачи ги врзуваат со квалитетна услуга која оди со производот, повеќе отколку самиот прозвод, врвна услуга можат да понудат само вработени кои се вистински мотивирани. Компаниите низ светот заклучиле дека е од голема важност наградувањето на сите вработени, на сите работни места, кое воедно ке ги поттикне за подобрување на резултатите.

Многу работи влијаат врз нашето однесување и нашата мотивација. Некои од нив се на пример моменталната ситуација, искуството во минатото, системот за наградување, менаџерскиот систем, добрите односи, културата во компанијата, перцепцијата и личните вредности. Секој од нас се мотивира на различен начин во различно време. На пример :
  • Позитивните мисли мотивираат. Потсетете се на некој кој постојано ви велел дека ќе успеете, тоа многу значи
  • Уживањето во работата мотивира. Доколку со задоволство работите можете да бидете поенергични, да не гледате на часовник, да се посветите максимално на работата
  • Успехот е голем мотиватор. Ако на пример го работите проектот со голема љубов и постигнете успех ке бидете доста мотивирани и да го завршите до крај со полна пареа
Во Македонија вработените се мотивираат кога имаат личен бенефит од работата. Секако дека треба да објасните што ќе има секој од тоа. На крајот на денот сите ние работиме за нешто. Личната придобивка е важна за секое живо суштество, а со тоа се мотивираат вработените уште повеќе. Доколку не е јасна целта, не се гледа крајниот резултат, не може ниту да се очекува вработените да бидат мотивирани. Секогаш јасната комуникација на ситуацијата, очекувањата, барањата од вработените се важни за да се мотивираат вработените да го постигнат максимумот. Јасна слика и остар фокус се мотиватори. Некои вработени сакаат исто така одлична организација и да имаат структура во работата, а не постојано да “ гаснат пожари “.

Во време на криза сигурно секој сопственик треба има некој свој концепт како да ја преброди. Така Филип Зептер одлучил да направи голема, неверојатна и луксузна забава во Монтекарло во Монако на која биле присутни најуспешните менаџери и вработени од Унгарија, Србија, Италија, Египет, Ирак, Казахстан, Русија, Македонија и уште 34 земји. Тоа била многу скапа инвестиција, меѓутоа исто така и исплатлива бидејќи да се мотивираат вработените да ја извршуваат својата работа на највисоко ниво е доста тешко. На овој настан присуствувал и Александар Плат како меѓународен експерт за мотивација. Филип Зептер своите вработени ги задржа со години во неговите компании низ светот со таквото постојано организирање на забави, давање награди и пофалници на најдобрите.

Неколку години по остварувањето на макроекономска и монетарна стабилност, се поголем е бројот на претпријатија кои прераснале од семејни фирми во средни претпријатија со голем број на вработени. Пред останатите одлуки во управувањето со фирмите пред сопствениците на компаниите се поставува и прашањето за мотивирање на вработените за супериорно извршување на задачите.

За успешно работење, секое претпријатие мора да пронајде оптимална комбинација на материјални и нематеријални средства. За да се обезбеди потребен квалитет на вработените , неопходно е да се понуди потребно ниво на плата, но тоа е само потребен услов - не и доволен. Додатна мотивација на вработените се постигнува со други нематеријални видови на наградување. На пример за сите вработени би можело да се изгради градинка во близина на работното место, така вработените би можеле да ги носат нивните деца, и за време на паузата би можеле да ги гледаат, да се организираат забави, пикници, да имаат соби и места за релаксација, медицински бенефиции, поклони, мал подарок за роденден, попусти во маркети, козметички салони и друго. Најдобрите вработени би можеле да добијат службен автомобил, можност за лично надградување и искористување на своите вештини и способности до највисокиот можен степен преку бесплатно студирање, посетување на обуки и семинари.

На пример работниците на Моторола во Малезија се толку високо мотивирани, што менаџерите е обидуваат да го пренесат тоа искуство и во некои оперативи на Моторола во САД. Моторола на новите вработени им обезбедува два дена инструкции во училници, каде што се запознаваат со контрола на квалитетот, како да се користат статистичките процедури и како да се работи заедно во тимови за да се добијат идеи за подобрување на квалитетот и намалување на трошоците. Вработените имаат просечно 48 часа годишно обука во училница за да ги унапредат своите вештини. Обуката ги усовршува не само вештините и способностите на работниците, туку ја подобрува и нивната доверба за степенот на очекување. Новите работници добиваат ментор којшто е обучен работник и кој им помага и ги охрабрува. Моторола плаќа инжинерите во фабриката да добијат магистратура, а најдобрите работници во производството се одбираат и се праќаат на две годишна обука за техничари. Работниците кои победуваат на натпревари за квалитет, добиваат трофеи и други видови на признанија. Работниците кои даваат барем 100 идеи годишно за заштеда на трошоците и имаат применето од нив најмалку 60%, стануваат членови на престижниот “100 Клуб“, иако членувањето во клубот не носи многу материјални награди, признавањето само по себе е висок успех за работниците.

Мотивацијата е највисока кога колку што е можно повеќе луѓе во работната организација чувствуваат дека се еднакво третеирани т.е нивните резултати и влогови се балансирани. Најдобрите придонесувачи и работници се мотивирани да продолжат да придонесуваат на високо ниво на влогови бидејќи тие добиваат резултати кои ги заслужуваат. Средните работници сваќаат дека доколку сакаат да ги зголемат своите резултати, тие треба да ги зголемат своите вложувања. Менаџерите на ефективните организации, како на пример Џорџ Фишер и Истман Кодак, го сваќаат значењето на еднаквоста за мотивација и работењето и постојано се обидуваат да проверат дали вработените се чувствуваат еднакво третирани.

Со обезбедување на обука луѓето ке добијат неопходно искуство за висок степен на извршување на работата. Менаџерите во Julius Blum Gmbh, компанија којашто произведува шарки за врати во Австрија, ги мотивира своите вработени преку четиригодишна програма на калфи преку комбинирана настава во училница и инструкции на работно место, којашто практично чини 5 милиони долари годишно. Блум има некои од најдобро обучените вработени во Австрија, а комбинацијата од нивната обука и високото очекување заедно со мотивацијата даваат инзвонредно успешни резултати во компанијата.

Луѓето се мотивирани да вложат многу напор само доколку веруваат дека нивниот напор ке се исплати со високото ниво на вршење на работата. На пример доколку вработениот знае дека за успешно и предвремено завршување на неговиот проект ке добие бесплатен одмор во Дубаи, ке биде мотивиран да го заврши проектот. Исто така и менаџер кој го наоѓа чувството за постигнувања и успеси од управувањето со голема фирма и се грижи да ги исполни целите до крајот на годината за да добие бесплатен одмор со семејството во Мајами, е мотивиран за квалитетно извршување на својата работа.

ПроКредит Банка пак на своите вработени како бенефиција им нуди можности за градење на кариера. Таа значително инвестира во своите вработени, нудејќи им разновидни можности за лично надградување и напредување со бројни интерни и екстерни семинари. Тие имаат формирано локален центар за обука кој им овозможува да спроведуваат бројни обуки и семинари на специјализирани теми од областа на банкарството и обуки структурирани да ги унапредат менаџерските и комуникациските вештини. Исто така имаат регионална Академија во Велс кој е наменета за вработените од ПроКредит Банките од Источна Европа, Академија во Франкфурт, Германија која е наменета за вработените од ПроКредит Банките од целиот свет, исто таа имаат и Јазичен центар кој е сместен во Велес, размена на искуства преку посета на банките од мрежата на ПроКредит.

Целта на мотивирањето на вработените е да се поттикнат вработените да се насочат и ангажираат во оставарување на целите на компанијата. На компаниите им се препорачува да изградат еден систем на наградување за сите вработени. Целта на секој систем на наградување е да биде предизвик за секој вработен, да се ангажира повеќе и квалитетно да ја извршува својата работа. 
 
 
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Следете не на нашата официјална Facebook страна


Нема коментари:

Објави коментар