
Значењето на истражувањето на спортскиот маркетинг е условено од развојот на спортската индустрија, настанокот и обликувањето на нови пазари на спонзори, донатори и клиенти. Како спортски протагонисти се јавуваат: сегашните и идните спортисти, навивачите, симпатизерите, корисниците на спортските услуги, потрошувачите на спортска опрема, спортската јавност, медиумите, стручната и научната индустрија и други спортски организации. Пазарот на спонзори и донатори го сочинуваат профитните организации во форма на работни организации, производители на спортска опремa, а непазарен сегмент претставуваат буџетските структури и други непрофитни организации кои со своите одлуки ги обликуваат резултатите и опстанокот на спортот воопшто. Сите овие групи се вклучени во развојот на спортот и имаат различни цели и интереси кои мора да се обединат во одредени планови со цел да се овозможи развој на спортската индустрија. Меѓутоа, во развојот на спортот и спортската индустрија, маркетинг менаџерите од надворешното, но и од внатрешното окружување на спортската индустрија, поради сé поизразената потреба за профит и пари, често ги преминуваат границите кои се одредени од мисијата на спортот и неговиот дух, непочитувајќи ги спортските закони, правила и постулати, движејќи го спортот во екстремен професионализам и таму каде што тој не смее и не може да биде.
За разлика од овие тенденции, каде што спортот се презентира само како индустриска гранка, заснована на пари и профит, на другата страна постои и "спортски професионализам", кој настојува спортот да го задржи во крилата на аматерството, со постоење на минимум економски индикатори, со што секако се минимизира и деловната функција на спортот, а со тоа и спортскиот маркетинг, како клучен инструмент за остварување на оваа комерцијална деловна филозофија. Секако, ниедна крајност не е добра за спортот.

Во спортската пракса клубовите мора да имаат стратегија за развој, производство на спортски настани, истражување, кадровски ресурси кои ќе бидат адекватни на поставените цели. Затоа, маркетинг стратегијата е наука, знаење, но и вештина која се планира, па затоа се создаваат и стратешки планови. Важен дел од стратегијата е тактиката која подразбира дефиниран редослед на работа со цел да се совлада противникот на пазарот, па според тоа стратегијата се разгледува како основен пат за реализација на целите, а тактиката како чекори на тој пат.
Спортските произведувачи создаваат и реализираат спортски производи преку организирани спортски активности, произведувајќи спортски резултат кој ќе одговара на процесот на вложување на човечките физички, материјални и интелектуални способности. Со маркетинг процесот нематеријалната спортска големина добива материјална валоризација. Движењето на спортскиот резултат од овие нематеријални вредности кон валоризираната парична вредност на пазарот минува низ маркетинг процес, каде со неговата ефикасна употреба добива епитет и квалитет на спортски производ, кој може да биде сегментиран во различни облици. Поради тоа основата на спортскиот маркетинг ја сочинува спортскиот резултат и емоциите и страста кои произлегуваат од победата или поразот, а кои се наоѓаат во основата на секој спортски производ и на чија основа се создаваат спортските производи, кои потоа се пласираат на пазарот.
Меѓутоа, примената на спортскиот маркетинг носи многу опасности, но и одредени предности. При реализацијата на спортскиот маркетинг опасностите можеме да ги согледаме во тврдењето дека маркетинг менаџерите продаваат производ кој е неопиплив, неконзистентен и можна е негова субјективна интерпретација, а притоа истиот го продаваат на високо конкурентен пазар, додека пак предноста може да се согледа во односите со јавноста, бидејќи медиумите се желни да добијат публицитет, а постои и можност за остварување на приходи преку здружување со бизнисот и индустријата бидејќи самиот спорт претставува истовремено медиум со аудиториум кој опфаќа четвртина од човештвото.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања, кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Димитриевска Весна
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар