
Совети за справување со луѓе кои се повремено негативни
- Ислушајте ги поплаките на Вашиот вработен или колега додека не сте уверени дека се чувствуваат ислушани. Понекогаш луѓето ги повторуваат постојано своите негативни чувства затоа што сметаат дека ги немате навистина ислушано. Поставувајте прашања. Појаснете ги нивните изјави. Слушајте активно.
- Одлучете дали Вашиот вработен или колега има легитимни причини за нивната негативност. Ако одлучите потврдно, прашајте дали би ја сакале Вашата помош за решавање на проблемите. Доколку Ве прашаат за помош, дадете совети или идеи за како Вашиот колега да се справи со причините за нивната негативност.
Совет кој што ќе ја насочи личноста во позитивен правец е секогаш добредојден. Но, Вашата улога не е да им бидете терапевт или советник, нити да им давате обемни совети за кариера и долгорочни препораки. Насочете го колегата кон стручна литература, семинари, или кон Одделението за Човечки Ресурси. Знајте ги Вашите граници при советувањето.
- Понекогаш, колегата само сака да искаже незадоволство на некој што е волен да го ислуша. Најчесто, не сакаат Ваш совет или ваша помош за разрешување на ситуацијата. Слушајте, меѓутоа поставете граници за да колегата не ја злоупотреби Вашата добронамерност. Долгорочно слушање на поплаки ја исцрпува Вашата енергија и позитивност. Не дозволувајте тоа да се случи. Едноставно не обрнувајте внимание. Кажете на колегата дека преферирате да разговарате за попозитивни теми.
- Доколку го ислушате колегата и одлучите дека причините за нивната негативност се нелегитимни, бидете храбри и кажете им што мислите. Кажете дека се грижите за нив и за нивната среќа на работното место, но не се сложувате со нивната проценка.
Повлечете се дипломатски од понатамошни разговори. Колегата ќе се обиде да ја искористи Вашата добронамерност, но доколку верувате дека нивната негативност е неоснована, не го губете Вашето време слушајќи или помагајќи му на колегата да ги искаже своите негативни ставови. Само ќе ги охрабрите, што ќе доведе до растење на негативните чувства и негативното однесување. Ќе се поставите себеси како магнет за негативност. Во вакво сценарио, само е прашање на време кога константната изложеност на негативност ќе почне да влијае на Вас и на Вашата работа.

Причините за нивната долгорочна негативност не се Ваша грижа. Секоја негативна личност има своја приказна. Не ги загрозувајте Вашите позитивни ставови со слушање на нивните приказни, или со детална анализа на нивната историја и можните причини за нивната негативност. На тој начин само ја одобрувате негативноста и ѝ дозволувате да расте. Негативноста е избор. На луѓето кои шират негативност им треба нова работа, нова компанија, нова кариера, нов поглед кон светот, или советување. Не им требате Вие.
Справете се со негативните колеги на следниве начини:
- Избегнувајте да поминувате време со негативен колега.
- Доколку сте приморани, преку Вашата улога во компанијата, да работите со негативна личност, поставете граници. Не дозволувајте да бидете вовлечени во негативни дискусии. Кажете му на колегата дека преферирате да мислите позитивно за Вашата работа. Избегнувајте да бидете публика за сета таа негативност.
- Предложете ѝ на негативната личност да побара помош од Одделението за Човечки Ресурси или од нивниот претпоставен.
- Ако сѐ друго потфрли, зборувајте со Вашиот претпоставен или колегите од Човечки Ресурси за потешкотиите со кои се среќавате справувајќи се со негативната личност. Вашиот претпоставен можеби ќе има некои идеи, можеби ќе биде волен самиот да се справи со негативноста или ќе му го предочи проблемот на претпоставениот на негативниот колега. Константна негативна клима која влијае на перформансите на колегите и нивното однесување може да биде основа за дисциплински мерки.
- Доколку негативноста помеѓу вработените во Вашата компанија е постојана, доколку проблемите кои доведуваат до негативни ставови се игнорираат и негативноста влијае на Вашата способност професионално да си ја извршувате својата работа, можеби треба да размислите за промена на работната околина. Вашето моментално опкружување не одговара на Вашата претстава за тоа како треба да функционира една работна околина. Доколку никој не работи на подобрување на работната клима која ѝ дозволува на негативноста да постои, не очекувајте условите да се сменат за брзо време.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Гавроска Николина/Петровски Благоја
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар