понеделник, 10 јануари 2011 г.

Како треба да се однесувате за време на работно интервју


Почитувани читатели, овој пост e продолжение од „Водичот за успешно интервју за работа“ кој го опфаќа однесувањето за време на работното интервју, и што никогаш не треба да правите за време на интервјуто


Доколку имате трема, а веќе сте спремни, не паничете бидејќи одредена доза на трема  е корисна за да Ве одржи будни и концентрирани на задачите, но пазете да тремата не излезе од контрола. Пред интервјуто сетете се дека сте се припремале и дека сте добар кандидат за работното место, зошто ако не сте, не би влегле во „тесниот круг“.



Прво појавување

Кога ќе се појави личноста која ќе го води интервјуто со Вас смејте се и гледајте ја во очи. Станете и причекајте личноста прва да Ви подаде рака и возвратете со срдечно ракување. После поздравувањето и меѓусебното претставување доколку процените дека е потребно можете да започнете разговор така што ќе го повторите неговото/нејзиното име и искрено и пријателски кажете дека Ви било пријатно да разговарате со него/неа по телефон или дека Вие пријатно што најпосле сте го/ја запознале. Откако ќе влезете во просторијата во која ќе се одржи интервјуто причекајте да Ви понуди место на кое ќе седнете и не допирајте ги работите кои се наоѓаат на масата или во околината. Доколку забележите интересна слика или некој детал прокоментирајте, но нека коментарот биде искрен и двострано корисен. Имајте на ум дека во повеќето случаеви ќе биде се забележано: како сте облечени, Вашиот израз на лицето, говорот на телото, начинот на кој се изразувате итн...

Текот на интервјуто

Во текот на интервјуто обидете се да се усредочите на желбите и потребите на работодавецот, така што Вашите одговори на поставените прашања бидат можни решенија за неговите проблеми и задоволување на неговите потреби. Одговарајте искрено и срдечно, одржувајќи контакт со очите на соговорникот, но немојте да бидете пренападни. Обидете се да својот стил на комуникација го прилагодите со стилот на соговорникот. Никогаш не го прекинувајте испрашувачот додека Ви ги поставува прашањата или пак дава одговор на Вашите прашања. Одговарајте на секое поставено прашање, не избегнувајте одговор и нека одговорите и коментарите Ви бидат јасни и искрени. Бидете сигурни во се што ќе кажете и имајте спремено аргументи за изнесување на ставовите. Своите одговори поткрепете ги со конкретни примери од животот, опис на ситуацијата во која сте имале прилика да делувате на одреден начин во која сте можеле да ги искажете способностите и вештините. Исто така да знаете дека е во ред да земете време за размислување за давање на поединечни одговори. Избегнувајте говор на телото кој ја издава Вашата нервоза на пример.тропкање со нога, константно поправање на коста, кршење на прстите итн. Секое поставено прашање сфатете го како прилика за аргументирано  образложение зошто баш Вас да Ве запослат, а не некој друг. Имајте на им дека луѓето сакаат да соработуваат со оние кои ги разбираат нивните потреби и ги подржуваат и почитуваат нивните ставови.
  
Крајот на интервјуто


Како ќе се движите кон крајот на интервјуто од Вас ќе се очекува да поставите прашања на соговорникот. Не дозволувајте одговор дека немате прашања. Сега треба да поствите прашања кои сте ги смислиле при припремањето за интервју. Кажете се што не сте имале прилика да кажете за време на интервјуто, а сметате дека треба да биде кажано. Изјаснете се како сте ги разбрале работните задачи и како можете да придонесете за развој и успех на фирмата. На самиот крај заблагодарете се на понудената прилика и информирајте се за идниот тек на селекционото интервју.

За да оставите подобар впечаток на работодавецот треба:

  • внимателно да ги бирате зборовите, не бидете вулгарни, иронични
  • ако сметате дека е хуморот добредојден насмејте се, но со мера
  • активно слушајте и потрудете се да сфатите за што се разговара и поставувајте прашања
  • не одговарајте само со “да“ и “не“ и одговорите нека Ви бидат јасни
  • бидете искрени
  • седите исправено и мирно, немојте многу да гестикулирате
  • немојте да бидете незаинтересирани како да сте таму зошто морате да бидете, а не зошто ја сакате баш таа работа
  • избегнувајте разговор за плата во рана фаза
  • немојте да давате сувишни коментари за сегашниот или поранешниот работодавец.



ШТО НИКОГАШ НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРАШАТЕ НА ИНТЕРВЈУТО ЗА РАБОТA?


Не е пожелно да прашате сè што ќе Ви падне на ум. Денес е доста важно да знаете да поставувате прашања, така што работодавецот повеќе ќе го цени Вашето интересирање за работата во фирмата. Поставувањето на прашања покажува колку сте вешти во комуницирањето. Прашања кои морате да ги избегнувате:

 Морам ли да работам прекувремено?

Подобро е да прашате „Што може да се очекува на работното место и кои се моите одговорности?“ На овој начин ќе дознаете како изгледа типичен работен ден вклучувајќи ги Вашите дневни обврски.

Сметате ли дека одговарам на работата на фирмата?

Ова прашање обично го поставува работодавецот, но подобро прашајте „Зошто Ви се допаѓа да работам за оваа фирма?“ На овој начин ќе ги дознаете погодностите на фирмата.

На испрашувачот немојте никогаш да му се обраќате на ТИ, ни кога е тој помлад од Вас

Морате да ја проучите неговата функција. Тој за Вас не е приватен познаник или пријател со кој пиете кафе туку личност кој Ве бира за работа во фирмата во која работи.

Зошто поранешниот работник дал отказ?

Не се жалите од поранешниот шеф.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation



Нема коментари:

Објави коментар