
КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ПРЕД ЕДНО ИНТЕРВЈУ?
Откако сте обавестени дека сте повикани на интервју, работодавецот Ви договара точно време и место и потребно е да извршите неколку припреми. Што треба да направите пред преелиминарното интервју.
- Распрашајте се за фирмата која го распишува конкурсот
Најпрво посетете го web сајтот на фирмата доколку го има, прелистајте ги весниците од последните денови за да видите дали има некои новости поврзани за фирмата во која конкурирате. Ако фирмата има акции проучете го движењето на цената на берзата и дознајте ги основните податоци за фирмата. Посебно внимание посветете на мисијата.
- Распрашајте се за конкретната работа што се нуди
Дознајте кои знаења, вештини и способности се потребни за извршување на одредени задачи. Размислете кои способности ги задоволувате и во колкава мера. Бидете искрени и колку што е можно објективни и самопроценливи.
- Размислете што сакате повеќе да дознаете за работата што Ви се нуди
Осмислете конкретни прашања кои ќе ги поставите за време на интервјуто. Поставувањето додатни прашања остава впечаток на заинтересираност и мотивираност за одредена позиција.
- Добро проучете ја својата биографија
Добро проучете ја својата биографија за да не се доведете во неугодна ситуација и изјавување на неточни информации или не сеќавање на детали кои сте ги спомнувале во биографијата.
- Составете „2-минутна презентација“
Често во работата ќе се најдете во ситуација да се бара од Вас да во минута или две кажете нешто за себе. Немојте тоа да го оставате на секундарната инспирација. Осмислете и извежбајте ја 2-минутната презентација. Смислете кратка и јасна презентација и во нејзе вклучете:
- податоци за образованието (каде сте се образовале, за што, титула)
- опис на последното работно место (фирмата, со што сте работеле, кое е Вашето работно место, што моментално работите)
- опис на некое работно место на кое сте стекнале искуство кое на Вас ќе Ви помогне во новата работа
- странски јазици кои ги познавате
- зошто барате нова работа и што очекувате од нејзе.
- Повторете ги најчесто поставуваните прашања и одговорете на нив
Постојат одреден број на прашања кои се поставуваат во сите селекциони интервјуа. Припремете одговори на тие прашања. Сигурно и сталожено одговарајте зошто така делувате посамоуверено и комплетно така што оставате позитивен впечаток.
- Припремете го бројот на телефон на личноста која може да Ви даде препорака
Корисно е однапред да размислите за личноста која би можела да Ви даде препорака и да го забележите бројот на телефон за да го дадете на испрашувачот доколку Ви го побара. Изборот на препораката може да биде од поранешниот работодавец, соработник, професор... но, водете сметка да контактирањето со таа личност не биде негативно.
- Размислете што ќе облечете
Не постои пишано правило за што ќе облечете, изборот на Вашата облека значајно делува на првиот впечаток кои го оставате кај испрашувачот. Бидете уредни и чисти, облечете се пристојно и професионално во склад на позицијата за која се борите.
- Припремете свој „презентациски материјал“
Во огласите за работа често се бараат одредени документи. Соберете ги однапред. Припремете ги на едно место сите оние документи кои би Ви затребале за Вашата позиција за работа.
- биографија – CV (македонски,англиски….)
- државјанство
- диплома за завршено државно средно школо
- диплома за завршен факултет
- диплома за завршени курсеви (странски јазик, информациски курсеви, дактилографија...)
- препораки
- награди и признанија
- Добро одморете се и наспијте се
За да Вашето претставување биде уште подобро важно е да бидете одморени и свежи. Пред интервјуто организирате го времето за адекватно да се припремите и со тоа да ги смалите изворите на непотребен стрес.
- На интервјуто дојдете во точно договорено време
Ни прерано, ни прекасно! Имајте на ум дека работодавецот има свои обврски и прераното или прекасното доаѓање на интервју го нарушува неговиот распоред и оставате впечаток на немарност. Затоа дојдете во точно време.
- Немојте да пушите или пиете алкохол пред интервјуто
Димот од цигарите ќе се вовлече во облеката и косата што сигурно нема да остави позитивен впечаток на некого. Дури и ако се напиете само една чаша алкохол, во разговорот ќе се осети мирисот.
Во наредните излагања ќе читате за тоа „Како да се однесувате за време на интервјуто“, и „Што никогаш не смеете да прашате на интервјуто за работа„.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар