
Географски, Демографски и Економски податоци. Географските податоци вклучуваат дистрибуција на популацијата. Тие кажуваат колку луѓе живеат во одредена област.
Како што веќе знаете, демографијата се идентификува толку лесно и ја мери популацијата според возраста, полот и брачниот статус. Знаејќи ја демографијата на Вашата трговска област ќе продолжите да ги идентификувате трендовите кои се случуваат во денешницата и во иднината и кои ќе имаат директно влијание на Вашиот бизнис. На пример, доколку планирате да отворите продавница за детски алишта и доколку Вашата трговска област е Вашето семејство, ова би требало да го наведете.
Проценувањето на економските услови се меѓу најголемите фактори кои влијаат на бизнисот. Економските фактори вклучуваат проекција на економскиот раст, трендови во доделувањето на цени, интензитет на интереси и владини регулативи. На пример, даночното зголемување воведено од локалните власти може да влијае врз куповната моќ.
Многу е битно да се вклучи и приходот кој не е на располагање на потенцијалните потрошувачи во вашата трговска област, а кој вие би можеле да го имате. Ова значи личниот приход од платите, добивките, интересите и профитот минус локалните даноци. Потенцијалниот приход се однесува на куповниот приход.
Специјалното мерење наречено индекс на куповна моќ е развиено со цел да им помогне на новите сопственици на бизнис со цел да ја детерминираат куповната сила за одредена област. Индексот комбинира потенцијален приход, големина на популацијата во целокупниот потенцијал на областа. Овие фактори се изразени како процент на вкупната продажба. Куповната сила може да биде од помош во одлучувањето каде да го лоцирате Вашиот бизнис.
Националната и регионалните економски услови ќе имаат ефект и на локално ниво. На пример, новата трговска регулатива можеби ќе значи дека локалната фабрика ќе се прошири и ќе вработи повеќе луѓе (со тоа повеќе потенцијални клиенти ќе имаат поголемо побарување за производот) во таа област.
Дали вашиот бизнис ќе биде зафатен од сезонските флуктуации? Дали технолошките унапредувања се случуваат сега или во иднина што ќе можат да влијаат на барањата или потребата за вашиот производ или услуга. Можеби нема да ги знаете одговорите на овие прашања, но вие ќе треба да знаете како да ги најдете информациите кои ви се потребни.
Добриот извор на информации за локалните економски услови е Вашата банка. Службените лица многу често имаат бизнис предвидувања за големи географски области за повеќето типови на бизниси лоцирани во нивната област. Како дополнување, многу држави имаат Министерства за Комерција кои помагаат на новите претприемачи во добивањето на битни информации за екномските трендови во државата и во индустријата. Други добри извори на информација се поврзаните бизнис публикации кои се достапни во училиштата, јавните библиотеки, колеџите и универзитетите.
Конкуренција. Како нов бизнис оператор, ќе мора да ја анализирате Вашата конкуренција. Набројте ги сите конкуренти во Вашата трговска област, заедно со нивниот тип на производи, цени, генералниот квалитет на добрата и услугите и нивните способности и слабости.
Некои добри извори на информација за Вашите конкуренти се Жолтиот печат, годишните извешати, трговските асоцијации, Вашата локална Комора за комерција и бизнис публикациите како што се: Dun and Bradstreet reports.
Делот за анализа на вашиот бизнис план содржи три дела:
- Анализа на трговската област
- Анализа на пазарниот сегмент
- Анализа на потенцијалната локација
* Во наредните постови додатно ќе бидат објаснети и другите два дела од анализата на бизнис план.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар