среда, 2 февруари 2011 г.

Како да започнете со сопствен бизнис


Да се почне со сопствен бизнис е значајна и тешка одлука. Човек треба добро да се подготви, мисловно, финансиски, да обезбеди подршка од семејството, од пријателите, од најблиската околина. Ризикот секогаш е присутен. Претпријатието можеби ќе успее, можеби нема. Успехот зависи од многу елементи: од способностите, претприемачкиот дух, иницијативноста и работливоста на основачот на претпријатието, од неговата финансиска моќ, од економскиот амбиент во дејноста во којашто тоа функционира, односно во државата во целина. Шансите за успех можат да се зголемат, или подобро кажано, ризикот може значително да се намали доколку се обезбеди добра подготовка.


Се смета дека процесот на започнување на бизнис го карактеризира несигурност, и иако теоретскиот развој е ограничен, сепак можат да се добијат сознанија со примена на теоријата, заради објаснување на некои резултати коишто се набљудувани во практиката. Освен тоа теоретските основи, исто така можат да помогнат во насочувањето на интервенциите и политиката на ова поле.

Капиталот кој што е потребен за отпочнување на сопствен бизнис - ризико капиталот, како и што кажува самото име претставува високо ризичен капитал. Многу често ризико капиталот се поврзува со финансирањето на нови технологии, на претпријатија што се активни на полето на новите високи технологии. Меѓутоа, тоа се само посебен вид на бизниси со висок ризик. Високата ризичност на капиталот подразбира дека принципот на акционерски капитал е многу попогоден за него, одколку  што е чистиот кредитен однос, бидејќи постои едно правило според коешто колку е поризичен бизнисот, толку поповолен треба да биде односот на сопствениот, акционерскиот капитал во пропорција со кредитот.
Постојат неколку различни видови на ризико капитал. Диференцијација меѓу овие видови, најчесто се врши,врз основа на тоа во кој стадиум на развојот на проектот се јавува овој капитал.   
                                                                                               
Во најраниот стадиум, е можно вклучување на ризико капиталот, и тој капитал е познат како семенски капитал или  seed-corn kapital. Тој се ангажира тогаш кога некој поединец има многу интересна идеја. Тука капиталот влегува за да помогне идејата да се дооформи, да се развие прототипот доколку тоа е неопходно, и да се направи првиот проект. Оваа фаза вклучува релативно мал износ на капитал, меѓутоа тој е со најголем ризик.

Вториот стадиум е start-up capital или почетокот на бизнисот кога идејата е веќе развиена до таа фаза да може да се подготви за комерцијализирање. Бидејќи овде производот или услугата, со неговите функционални и други карактеристики, е веќе познат потребно е многу повеќе капитал, меѓутоа ризикот е значително намален. 

Третиот стадиум е експанзијата. Затоа што производот веќе имал определен комерцијален успех, менаџментот овде врши само определена дополнителна експанзија на бизнисот. Ризикот е многу намален.


Почитувани читатели, во наредните излагања ќе читате за пооделните фази во отпочнувањето на сопствен бизнис.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар