среда, 2 февруари 2011 г.

Брендот на Лигата на шампионите- „Престиж“ и „Наследство“


Спортскиот производ и централната маркетинг стратегија се најзначајните фактори во успешниот развојот на Лигата на шампионите. Ефектот на централната маркетинг стратегија е зголемен и максимализиран преку ефективното брендирање на натпреварувањето.

Трансформацијата на Европскиот Куп во Лигата на шампионите предизвикало загриженост помеѓу поддржувачите и медиумите за обезвреднувањето на натпреварувањето и триумфот на комерцијалните интереси над спортските. Во тој контекст, UEFA е свесна за потребата за поврзување на Лигата на шампионите со традицијата и наследството од Европски Куп. Ова е евидентно во креацијата на обичаите за самото натпреварување. На пример, клубовите кои ќе победат на Шампионатот три пати по ред, или пет пати вкупно, се привилегирани да си го задржат трофејот. Слично на ова, ваквите клубови исто така ќе можат да носат специјален беџ на ракавите од клубските дресови кој ќе го идентификува ова постигнување.


Ваквите обичаи ќе помогнат да се утврди континуитетот и легитимноста на натпреварувањето и да се зголеми значењето на историјата на натпреварувањето и спортскиот дух. Во поглед на маркетингот, Лигата на шампионите била резултат на современите, врвни маркетинг техники усогласени со историјата на Европскиот Куп од половина век. Самата UEFA го препознала значењето на испреплетувањето на овие два аспекти. Литературата за Лигата на шампионите се фокусира главно на наследството на натпреварувањето и има експлицитно препознавање на потребата за поврзување на наследство со модернизирањето на натпреварувањето. Брендот е оној кој дозволува ова да биде постигнато визуелно. Натпреварувањето е поврзано со големите играчи и изминатите натпревари во Европскиот Куп. Операцијата за брендирање претставува промислена и експлицитна намера со цел да се поврзат двојните барања за модернизацијата и континуитетот за кој UEFA реферира дека е платформа на брендот. Ова ја вклучува визијата (да се креира единствен Европскиот клубски шампионат); мисијата (да им се даде на фановите најдоброто натпреварување на светот) и вредностите на брендот (гордот, посебност, допир, страст). Според UEFA: "Брендот е оној кој помага да се допринесат вредностите на настанот и дава стратешки правец за сите активности кои се поврзани со настанот".


ИДЕНТИТЕТОТ НА БРЕНДОТ


Самата UEFA има наведено: "UEFA Лигата на шампионите, како и сите други глобални брендови е комплексна по карактер. Иако е примена на различен начин и од различни публики ширум Европа, престижот е во срцето на UEFA Лигата на шампионите брендот."

Преку овој бренд UEFA настојува да го пренесе и претстави имиџот на престиж на подржувачите и пошироката Европска фудбалска индустрија. Овој бренд се состои од три клучни елементи: химната на UEFA Лигата на шампионите, визуелните симболи (боите на брендот и логото) и трофејот. Сево ова ги сочинува "долгорочните темели на брендот".


ХИМНАТА НА UEFA ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ


Во 20:45 часот по централно европско време во Вторник и Среда навечер, истото парче класична музика може да се слушне низ стадионите и телевизиските екрани ширум Европа. Изборот на Handel's Zadok The Priest како тема за UEFA Лигата на шампионите специфично го обележала натпреварувањето. Музичкото парче рефлектира еден класичен пристап, повторно поврзувајќи го натпреварувањето со историските и престижните конотации. Со изборот на Zadok The Priest, не само што UEFA и ТЕАМ добија конотација на ексклузивитет, туку и успеаа да направат Лигата на шампионите да се разликува од останатите клубски натпреварувања. Како што веќе кажа Главниот Директор на ТЕАМ Richard Worth, "спортските натпревари често беа поврзувани со популарната музика што ја обележува младоста. Во Англија, музиката која е поврзана со Премиер Лигата ги вклучуваше Елтон Џон и U2. Интересно, Телевизијата BBC исто така вклучи класични парчиња кога го пренесуваше ФИФА Светскиот Куп, но овој пат ја рефлектираше елитната игра на националниот тим, наспроти клубскиот фудбал".

Химната била адаптирана од Англискиот композитор Tony Britten и станала синоним за натпреварувањето. Текстот е креиран и преведен на најразлични јазици и завршува со зборовите 'The Champions!'. UEFA била задоволна од влијанието кое химната го постигнала, во поглед на нејзиното поврзување со самото натпреварување. Едно истражувањето покажало дека химната повеќе се идентификува со натпреварувањето, отколку со самото логото или со самото име на натпреварувањето. Влијанието било искоментирано и од Campbell Ogilvie Директорот на Rangers: "најлошо е да сте надвор од натреварувањето и да ја слушнете химната на Лигата на Шампиони на ТВ!".


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА
  

Димитриевска Весна
EMBRA Corporation



Нема коментари:

Објави коментар