среда, 21 септември 2011 г.

Стратегии за „вадење максимум“ од бавно лето


Голем дел од бизнисите успоруваат во летниот период, а со цените на нафтата и другите ресурси што постојано растат, летата можат да бидат повеќе од обичен предизвик. Доколку Вашиот бизнис е поуспешен кога температурите се пониски, не дозволувајте тоа да назадува за време на летото. Искористете го побавното темпо на индустријата и извадете максимум од летото, за да се поставите на поволна позиција кога работите ќе се вратат во полна пареа. Посочуваме подолу неколку совети кои можат да остават и подолгорочен удел на Вашиот бизнис и би Ви помогнален во растот на бизнисот кога околината успорува околу Вас:


1. Пролетно чистење – Преполна канцеларија, складиште или било која друга работна средина може да биде вистински исцрпувач на енергија и да ја убива креативноста и позитивните емоции. Издвојте време за да направите тотална чистка. Отстранете се што не Ви е потребно. Прочешлајте ги старите фајлови и архиви, реорганизирајте го распоредот на канцеларијата итн. Секој напор за да ја подобрите работната атмосфера ќе Ви помогне да работите подобро и поефикасно.

2. Издвојте време за планирање – Иако е пожелно Вашиот бизнис да е постојано зафатен, во тој случај ќе морате да го жртвувате слободното време за да направите планови за иднината. Во побавни периоди, издвојте дел од секој ден или неколку денови – да не правите ништо друго туку само да ги разгледате бизнис процесите и да направите „brainstorming“ за идни можности за раст. Ова планирање ќе се исплати кога ќе се врати динамиката во работењето и профитот ќе почне да се влева во компанијата. 

3. Пишувајте блогови – Блогирате, нели? Доколку блогирате сигурно знаете дека тоа е одличен начин за зголемување на бројот на посети и насочување сообраќај на корпоративниот сајт. Искористете го бавниот период и слободното време за да избиете напред со интересни  и корисни информации во текот на летото,а со тоа ќе посочите дека функционирате и во бавните периоди на индустријата. Бидете информативни со актуелни теми и текстови, со кои ќе со го зголемите кредибилитетот, изложеноста во јавноста и професионалноста.

4. Останете во допир со контактите – За време на бурните периоди многу е лесно да се изгуби контакт со пријатели, клиенти, колеги, ментори и други важни личности. Дозволете им да Ве видат, да видат дека сеуште постоите и функционирате во секој момент кога ќе имате слободно време да издвоите за нив. Секој постигнат контакт може позитивно да ве наполни со енергија и да Ви даде идеи за претходните точки 2 и 3. 

5. Освежете ја веб страната– Кога последен пат сте пролистале низ Вашата веб страна, сте ги тестирале линковите, сте ја освежиле содржината и сте пробале нови начини да го направите пофункционален? Кога имате слободно време можете да се посветите на страната и да се осигурате да е во текот со времето и дека доволно атрактивно го презентира Вашиот бренд. 

6. Ревидирајте го својот маркетинг – За време на овие бавни периоди, разгледајте ги Вашите маркетинг матерјали и направете еден „ремонт“ и освежете ги маркетинг програмите. Ревидирајте ги своите изминати активности, проверете дали добро сте ги спорведувале плановите на маркетингот, потенцирајте ги грешките и поставете нови цели и планови за наредната сезона. Колку посвежа и порелевентна маркетинг стратегија имате кога динамиката на работењето ќе се врати, толку поуспешен маркетинг ќе прикажете пред клиентите. 

Бавното лето не мора секогаш да значи и бавен бизнис. Искористете ги максимално помирните периоди за да се стабилизирате и свежо да ја започнете новата сезона поефикасно и спремни да ги „зграпчите“ поставените можности.  


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Следете не на нашата официјална Facebook страна




Нема коментари:

Објави коментар