IKEA е најголемата приватна компанија во светот за продажба на мебел. Продава направи-сам мебел, детали за ентериер, мебел за кујни, купатила и многу други производи. Формирана е во 1943 година од страна на Ингвар Кампард во Шведска. Моментално е во сопственост на Холандска фондација. Во 2009 година, беше прогласена за најиновативна кампања на социјални медиуми, преку платформата Facebook. Кампањата е развиена за нова продавница на IKEA што требаше да биде отворена во Малме. Кампањата доби моментален вирален ефект генерирајќи погодна атмосфера за отварање на новата продавница без високо буџетски кампањи. Цел на кампањата:
Генерирање гласина за отварањето на новата продавница во Малме и промовирајќи ја на глобално ниво.
Платформа на социјалните медиуми:
Facebook
Стратегија на кампањата:
Маркетинг тимот реши да ја искористи најпопуларната активност на Facebook тој период, тагнувањето слики. Тие започнаа со креирање профил за менаџерот на продавницата во Малме, Гордон Густавсон. Во период од две недели тие поставуваат слики од продавницата на неговиот фото албум. Првиот корисник што ќе се „тагне“ себеси на слика од производот, го добива тој производ.
Веднаш, новоста за кампањата и можноста да се добие бесплатен мебел се прошири низ пријателите на социјалната мрежа. Сугестиите за пријател за профилот на Гордон растеа енромно брзо, а исто така се зголемуваше и побарувачката за нови слики на неговиот профил.
Поради големата посетеност на сликите на профилот, новоста за нив постојано беше на врвот од резултатите на првата страна на Facebook-от,а со тоа веста за ново отворената продавница достигна огромен досег на корисници. Покрај тоа, корисниците со задоволство се додаваа себеси во каталогот за производи на IKEA.
Од друга страна, веста за оваа кампања се прошири и на другите социјални мрежи како Twitter, па веднаш беше проширена на блогови, вести и телевизија. Кампашата беше со одлични резултати.
Силни страни на кампањата:
- Ја искористи веќе познатата можност на Facebook
- Не вработи трети лица како професионалци во оваа кампања
- Решија да направат личен профил на менаџерот, а не корпоративен
- Поради природата на кампањата и ограниченоста со време се вродува чувство на ургентност кај потрошувачите
- Даваше можност луѓето да добијат нешто од таа кампања
- Веста се прошируваше низ пријателите и се креираше вирален ефект
Што може да се научи од кампањата:
- Креативноста се исплати во кампањите на социјалните медиуми
- Комуникација со потрошувачите е клучен фактор за успех
- Имањето јасна цел е основно за успехот на кампањата
- Социјалните медиуми бараат подобро познавање на човечкото однесување
- Кампањата треба да има активни елементи како тагнување, споделување итн.
- Поставувањето краен рок резултира со поголем фокус на кампањата
- Партиципацијата на корисниците треба да биде лесна
- Кампањите треба да се што поедноставни и да избегнуваат комплексност
Резиме:
Социјалните медиуми имаат огромен потенцијал за маркетинг и промоција на производи и услуги. Но секако, бараат креативност и разбирање на динамиката на социјалната платформа. Рекламирањето се пренасочи од пренесување вести кон партиципација. Ова не се случува само во online медиумите туку и во традиоционалните методи. Како што комуникациската дупка меѓу услугата и потрошувачите се стеснува, побарувачката за интерактивни медиумски платформи се зголемува.
Кампањата на IKEA преку Facebook е само една кампања која покажува како бизнисите можат да профитираат од социјалните медиуми.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди маркетинг, Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар