
Ќе посочиме 5 причини зошто не треба да ја игнорирате Вашата веб страна:
1. Брендирање. Бидејќи тоа е Ваш сајт, Вие го поставувате саканиот дизајн со што креирате искуство и задоволство за посетителите во однос на поставениот бренд модел и стратегија што сакате да ја имплементирате.
2. ИТ и Инжињерска јуриздикција. Кога самите ја контролирате Вашата страна имате близок мониторинг на неговиот код, хостингот, содржината, бројот на страните, дизајнот и други детали. Со социјалните медиуми можете да поставите основно брендирање меѓутоа сте ограничени со визуелен дизајн, код, навигација, брзина на сервер и кориснички дисплеј.
3. Содржина. Кога станува збор за содржината, поширок обем на информации можат да бидат поставени на Вашата сопствена страна отколку на туѓа платформа и ниедна мрежа неможе да се натпреварува со искуството за потрошувачи што ја промовира една веб страна. И бидејќи „инвентарот“ односно бројот на веб страни е неограничен, можете слободно да поставите колку сакате и какви сакате информации, во вистинско време и на вистински начин со дизајн што сами ќе го изберете за најдобар резултат од превземената акција.
4. Search Engine Optimization (SEO). Доколку се фокусирате кон постигнување првенство во рангирањето на резултатите од веб пребарувањата, веб страната е примарен чекор. Кога е правилно кодиран и организиран, Вашата веб страна доставува оптимизирани и значајни резултати при пребарувањата што води до значителен сообраќај до конкретните страни на Вашата страна каде што сакате да ги насочите Вашите потрошувачи.
5. Аналитика. Додека голем дел од социјалните мрежи даваат пристап до одредени информации за демографски податоци поврзани со тоа кој ја посетил Вашата страна, аналитиките на веб страните одат многу подлабоко. Тие можат да Ви прикажат такви инфромации што во реално време ќе имате информации што можат да Ви помогнат веднаш и лесно да ја менаџирате Вашата маркетинг стратегија според потребите и според добиените податоци.
Немојте да мислите дека сугерираме веднаш да ги напуштите социјалните медиуми. Тоа би било грешка. Тоа што сугерираме е најпрво да ја оптимизирате Вашата веб страна, која потоа помогната со социјалните медиуми и други методи на модерен маркетинг води кон зголемување на сообраќајот кон Вашите профили и веб страни и генерирање доволно посети кои можат да се претворат во зголемување на бројот на продажбата.
Што ние всушност сугерираме е креирање квалитетна веб страна и квалитетна стратегија за социјални медиуми и потоа планирање за нивна ИНТЕГРАЦИЈА.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди маркетинг, Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар