четврток, 22 септември 2011 г.

Анализа на кампања на социјални медиуми на Адидас


Адидас е еден од водечките спортски брендови во светот, со широко и уникатно портфолио на производи на облека и обувки за професионални атлети, се до автентичен и премиум моден асортиман.  Глобалниот бренд, ситуиран во Германија моментално се фокусира на 5 глобални приоритети: Фудбал, Трчање, Тренинг, Кошарка и Оригиналните дизајни. Адидас Фудбал е бренд кој ги слави и опслужува професионалните тимови и индивидуални играчи истовремено. 


Цел на кампањата на социјалните медиуми:

Со почетокот на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Адидас влезе во турнирот се две поголеми цели: Да биде најзборуваниот бренд за спортска опрема на Светското првенство и да ги пренесува случувањата дигитално до фудбалските фанови низ целиот свет. Брендот исто така сакаше да ја зголеми свесноста за лансирањето на новите Ф50 АдиЗеро (F50 AdiZero) фудбалски копачки пред почетокот на натпреварите. Исто така Адидас беа решени да остават историско значење на натпреварувањето по неговото завршување и да ги натераат Адидас фанвоите да дадат свој допринес во фондацијата 46664, што е глобална фоднација Нелсон Мендела за свеност и заштита од ХИВ/СИДА кампања.

Бидејќи ова е прв ваков турнир во Африка, беше посебно важно за Адидас да го прикаже искуството до своите фанови за светско првенство на афричко тло. Адидас овозможи на фановите да се вклучат и да ги конзумираат одлилните содржини што се прават и случуваат во кампусот на првенството. Адидас реши дека Facebook е најдобрата платфрома која ќе одговара и која ќе ни помогне да ги достигне наивните цели.

Во периодот од 31 ден од светското првенство, ја фокусираше својата комуникација на својата Адидас Фудбал Facebook страна– бесплатен јавен профил што овозможуваше компанијата да ги споделува своите производи и поинтересните информации од првенството со своите посетители на континуирано ниво. Спортскиот гигант исто така овозможи страната да биде место каде фановите на Адидас Фудбал ќе можат да донираат директно на 46664 фондацијата.

Пристап

Адидас ја започна својата кампања за светското првенство многу рано, уште во Мај 2009 година со лансирањето на новите Ф50 фудбалски копачки и развој на кампањата „Што му е потребно на секој тим“. Од почеток до крај, Адидас кампањата беа фокусирани на интересни и интерактивни содржини и игри за своите фанови. Веб апликацијата „50 days of Fast“ беше изградена околу идеја за графичка новела со цел да ги прикаже бенефициите на корисниците на адидас производите преку интересн и интерактивен модел. Бреднот изгради неколку „блокови за досег“ кои се всушност Facebook опција за рекламирање, гарантирајќи дека брендот ќе достигне 100% од таргетираната публика. Еден од блоковите се фокусираше на лансирањето на новите копачки, преку премиум реклами и видеа и блокови за коментари за да ги охрабри постеителите подобро да се поврзат со Адидас фан страната и да ја разлистаат поставената содржина. 

Брендот продолжи да ја гради својата кампања „Што му е потребно на секој тим“ преку развој на апликација за идетификација со професионалните играчи „Player Type ID“ каде можете да изберете еден од професионалните фудбалери со кои мислите дека имате заеднички нешта или со кој Вие се поистоветувате. Кога Светското првенство започна во месец Јуни постави нов блок за да го промовира својот нов чекор познат како „The Quest“. Видео кое се промовираше на Facebook покажуваше фудбалери кои ќе настапуваат на светското првенство. Друга апликација што ја разви Адидас беше наречена „Matchups“. Ова овозможуваше фановите да постават двајца играчи еден наспроти друг, дозволувајќи им на корисниците да предвидуваат за натпреварите, да споделуваат проценки со пријателите. Ангажирањето на постителите во ваквите апликации им овозможува да заработуваат поени. На крајот на натпреварот корисниците со најмногу поени добиваа Адидас награди. Адидас ги искористи опциите на Facebook за анонимно и агрегирано таргетирање на клучни демографски фактори на машката популација од 18 до 24 години кои го поставиле фудбалот помеѓу клучните зборови во делот за „Интереси“ на своите Facebook профили.

Адидас исто така го користеше Facebook за да споделува содржини од зад сцената на првенството во Африка со цел вситински да го долови искуството на своите фанови ширум светот. Исто така и лобираше за 46664 фондацијата. Адидас преку нивните играчи, производи, тимови и партнери одржува стабилна комуникација со нивните фанови и ги одржуваат известени во реално време.

Резултати

  • Во текот на кампањата, повеќе од милион луѓе се поврзаа на Адидас фан страната. До половината на октомври 2010, повеќе од 2,5 милиони луѓе се имаа поврзано со фан страната.
  • По „блоковите за досег“ просечниот број на дневни поврзувања се зголемил на 16,975 (за период од 31 ден) наспроти 4,002 во периодот пред блоковите.
  • Бројот на интеракции на Адидас Фудбал страната достигна повеќе од 863,000 во период од 31 ден.
  • Бројот на дневни посети во просек достигнаа преку 500,000.
  • Видео прегледите од видеата за „The Quest“ и за F50 AdiZero достигнаат тотал над 1 милион.
  • Анкета за следењето на брендови спроведена на Facebook што ја покажува свесноста на Ф50 копачките порасна за 21% во Шпанија, 20% во Велика Британија и 15% во Германија и тоа во период од 2 месеци по почетокот на кампањата. Свесноста за брендот порасна за 13% во италија и за 8% во Франција.

Иднината

Адидас фудбал планира да продолжи да инвестира во Facebook како платформа и ќе продолжи да ја зголемува базата на фанови преку активни членови кои го сакаат овој бренд и сакаат да се вклучат во комуникацијата. Брендот е конкретно заинтересиран за можностите за социјална комерција и како ова би се развивало на Facebook посебно помеѓу спортската јавност.


Дали му е потребна стратегија за настап за социјални медиуми на Вашиот бизнис?


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди маркетинг, Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Следете не на нашата официјална Facebook страна
 
 
 

Нема коментари:

Објави коментар