
1. Тимското искуство. Станува збор за тимот на основачи и нивното претходно искуство во тој сектор, нивното бизнис искуство и нивната професионална определба. Секогаш кога ќе отворите бизнис план, веднаш отворете на страната за информации на основачите и проверете го балансот на тимот, бидејќи е од огромна важност нивната поделеност за обврските и одговорностите во новонастанатиот бизнис.
2. Пазарен и ризик на можности. Секогаш ризикот на голем и растечки пазар е помал кога проблемите што може да се појават се добро дефинирани и предвидени. Населението во Кина е голем и растечки пазар, меѓутоа болните од рак е многу поконкретно дефиниран пазар. Многу полесно е дејствувањето на добро дефиниран пазар, каде ги имате предвидено сите, или пак повеќето, можни проблеми и пречки кои можат да настанат, а со тоа и навремено поставување на решенија и активности за нивно надминување.
3. Конкурентски ризик. Размилете сериозно за бројот и замавот кој го имаат Вашите конкуренти. Не постоењето на ниеден конкурент може да значи „црвена тревога“ односно не постоење на пазар. Но исто така и постоењето на неколку големи конкуренти може да посочува на „пренатрупан“ пазар. Дури и при голем слободен простор, потребни Ви се интелектуални сопствености како патенти и лиценци за да се заштитите од влез на нови конкуренти или да си осигурате компетитивна предност пред веќе постојните на пазарот.
4. Финансиски ризик. Многу малку бизниси можат да бидат започнати без пари. Од основачот се очекува лично и целосно да се вклучи во овој процес и сите проблеми да ги осети на своја кожа. Бизнис планот треба да биде концизен за тоа колку парични средства ќе бидат потребни за нормално работење на бизнисот и колкава ќе биде заработката, за да имате добра основа за побарувања од инвеститори во првите години од работењето.
5. Ризик на стратегија за влез на пазарот. Изборот на несоодветни цени, маркетинг, дистрибуциски канали е голем извор на потенцијален ризик. Мора добро да се внимава на поставувањето на целосната маркетинг стратегија за да нема подоцна дополнителни, непредвидени проблеми кои ќе ги поматат сметките за сигурен влез на пазарот.
6. Политички и економски ризик. Понекогаш основачите на бизниси се на погрешното место во погрешното време. Рецесијата, на пример, е лош период за продавање луксузни добра. Послабо развиените земји можеби имаат силна потреба за Вашиот производ, но тие се доста нестабилен и опасен пазар за влегување. Четири конкретни спецификации се важни при евалуација на една економија, а тоа се: даночната стапка, тарифите, експропријација на средства и репатријација на профитот.
7. Технолошки ризик. Новите технологии, посебно оние кои се карактеризираат како „поместувачи на парадигми“ може да имаат долги и скапи периоди на прифаќање или пак можат да наидат на неочекувани проблеми во производството и перформансите. Во друг случај, медицинските технологии подлежат на скапи правни барања за тестирање, процеси на одобрување и потврди за осигурување.
8. Бизниси со високи стапки на отпуштања. Одредени бизнис сектори имаат историски високи стапки на неуспех и рутинирано се избегнувани од инвеститори и голем број на основачи. Овде се вклучени прехрамбените услуги, малопродажба, консалтинг, работа од дома и телемаркетинг. На интернетот, од друга страна, вакви сектори се новите и мали социјални мрежи и сајтовите за љубовни контакти.
9. Оперативен ризик. Некои бизниси, поради својата комплексност имаат потреба од поддршка од административните инфраструктури. Поради комплексноста на бизнис процесите, некогаш е потребно делегирање или „outsourcing“ на дел од активностите на компанијата за разводнување на оперативниот ризик од работењето.
10. Ризик на окружувањето. Нуклеарен реактор изграден на тло подложно на земјотреси претставува многу критичен ризик фактор. Оценете ја локацијата на Вашиот бизнис за осетливоста на природни непогоди, близината до ресурсите и близината до потрошувачите.
Најголемиот ризик од сите, е креирање компанија, било која компанија, од погрешните причини. Доколку внимателно планирате и го започнете Вашиот бизнис со внимание и посветеност, доколку ги елиминирате повеќето споменати ризици, тогаш сигурно ќе имате успех во поставувањето и водењето на на еден успешен бизнис.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар